Од Нивеа имам користено производи само за нега на тело и лице. За тоа дека имаат декоративна козметика, првпат слушам. Единствено сум сретнала само лабела и сјаеви. Иначе ги имам користено геловите за туширање, лосионите за тело, дезодорансите и кремите за лице. Па прилично задоволна сум, а особено ми се допаѓа овој рол-он.
Па немам користено којзнае колку производи на Нивеа, добра е кремата за лице, ама не ми одговара на мојата кожа... Од лабелото воопшто не сум задоволна, дали јас имам одбрано погрешно - не знам, ама не би пробала пак засега
Предходно кажав за Нивеа сенки -палета,што имам. Ја користам веќе цел месец,или нз колку стана веќе Токлку сум изненадена,и задоволна од сенките и нивната трајност посбено!! Значи одлични се,и толку нежни бои има..траат плус..10ка,10ка голема давам деф. Случајно ги најдов на пазарче,ама убаво зачувани,средени,мислиш од некоја фенси продавничка купени,и за ненормални 200 ден.ја земав! Ха! xD Друго користено,само сјаеви,лабела,и тоа исто 10ка
Зелено Ама јас ги земав тогаш последна памтам..и ми рече тој мужот дека последни му биле,ама тоа беше пред 3 месеци така да,би требало да донесат пак хаха Имаше и други сенки,што беа исто слични на овие Инаку сенките беа 350,али мене ми ги даде за 200 зошто му беа последни
јас имам ролон од нивеа... и воопшто не сум задоволна... а и лабелата кои ги користев не се добри... повеќе ништо не купувам од нивеа...
Сум користела млеко за тело и дезодоранси, шминки не. Но стрина ми користи маскара и вели дека е задоволна. Ги дефинира и издолжува трепките, а при тоа не постигнува вештачки изглед.
Јас користев исто подлога за пудра од Нивеа,ја купив од парфимерија во Грција, па задоволна сум, исто и сенки купив,ама ретко ги користам,бидејки не сум многу по сенките, ама и тие се ок, мада не се ништо посебно,кај нас има многу подобри сенки на разно разни фирми.Инаку презадоволна сум од дневниот крем на Нивеа за мрсна кожа, бидејки имав многу проблеми со кожата и црнките
од нивеа само ѓел за туширање, млеко за тело... Лично мене ми го воспалува лицето ѓелот за миење а камо ли пудра или подлога да купам. Позз
Навечер пред спиење и наутро веднаш по миење заби Нема нешто поубаво од кремчево. Башка и добра замена е за лосион за тело, крем за раце, за стапала, а за балзам за усни да не правиме муабет! Топло, топло препорачувам
Не ги косристам нешто многу производите на Нивеа, едниствено само геловите за тушиње, млеката и лабалата.Овие ги имам моментално:
Јас сум многу задоволна од производите на нивеа...Лабелото Hydro care брзо ја регенерира испуканата уста,моливчето By bye spot експресно преку вечер ми ги суши мозолчињата.Дезодорансите и геловите за туширање се супер.А најзадоволна сум од кремите за сончање Protect and Bronze,нема веќе горење со блек ап и слични ствари...прекрасен тен за неколку дена,го обожавам тоа млеко Има ли некој видено кај нас крема за сончање со фактор,за лице?Прашав на неколку места ама слабо беа снабдени
Секој производ што сум го купила од нивеа после се каев,не знам дали е до мојата кожа и не ми одговара почнувајќи од шампоните до млеко за тело,колку сте задоволи од овој крем?бидејки сакам шминката подолго да ми трае и ми го препорача овој
јас не сум од ск, но кај нас во поголемите маркети го има нивеа за лице со фактор 50 пример зедов јас минатото лето 680 ден. мислам дека беше... побарај го штом го има кај нас не може да го нема во ск
Знам минатата година го имаше,сега во рамстор и зегин го немаше...ќе шетам уште ,рамстор сепак е огромен маркет,не знам зошто така,уште во веро и тинекс да видам.tnx