Ако досега ни еден прозивод не ти користел,тогаш овој ич не го ни земај.Јас го имам и го користам како подлога за нанесување пудра,не дека пудрата повеќе ми трае...брзо се впива,некако прво дава влажен изглед на кожата,како емулзуја ако ме разбираш... Мене ми е супер,место да ставам крема за лице,па да чекам да се впие..ова е побрзо.ме нервира само што треба да брцкам во него а е многу густо,па го вадам со тампонче за уши.
Шампоните од нивеа ги немам пробано, не си го менувам моето бекутанче . А иначе ја користам помадата за лице Nivea Soft и сум многу задоволна од неа, не ми излегуваат мозолчиња и добро ми одговара на кожава бидејќи ми е многу нежна.Исто така многу сум задоволна од целата Nivea Angel Star се им е прекрасно, а и сега новите анти-преспирати како што се Nivea invisible for black & white се фантастични. А и лабелата се супер. Се што имам пробано од нивеа сум премногу задоволна, а и верен потрошувач сум им.
Фала Marmalade Го купив пред две години кога сеуште верував дека нивеа е за мојата кожа,ја купив целата колекција и на крај за џабе,немаше никаков ефект и на крај само ми ја испука кожата и ми се појави црвени дамки,секое лице е различно можеби тебе ке ти допадне мене на мојава мрсна кожа не,а пишува дека е за мрсна кожа
Најверојатно сум една од ретките што не може да го поднесе мирисот на кремата и млекото за тело,така да од нив одамна сум се откажала.Единствено ги користам антиперспирантот Nivea pearl и лабелата,тие ми се незаменливи
Девојки знаете ли за што служат овие два производи, можеби некој ги има користено, јас ги добив на подарок, две години ми стојат може, сега ми текна дека ги имам, ама на германски им е упатството, или француски поим немам Ако знаете за што се пишете ми.
^ Ако ти стоеле така неупотребени две години, можеби им е поминат рокот на траење, провери го и тоа убаво пред да се решиш да ставиш на лице.
Не пишува ни до кога им е рок на употреба, ни кога се произведени. А не знам ни за што служат... Аnyone???
Вториот е дневен крем за лице за мрсна до комбинирана кожа, треба да го контролира сјајот и да го изедначува лицето, од таа колекција има уште и ноќен крем и гел за чистење на лице,јас ја користев пред две године мене лицето партал ми го направи,ја имав целата колекција но за џабе,ако не си ги користела до сега подобро немој и сега..
мене ми се прават црнки на лицето од нивниве креми. Го користам дезодорансот обичен, ок ми е. Шампоните исто не ми се лоши, но не ни кој знае што, мислам дека за нашиов пазар всушност ништо не е оригинал, се е по некои лиценци правено.
Доцна, ама за друг пат. Рокот се наоѓа не таму кај што е капачето, туку од другата страната. На тоа рапавкото тенко. Треба таму да е втиснат.
Би сакалa да ве прашам каде можам да ја најдам новата серија на Nivea Visage Pure Effect (http://www.nivea.mk/products/Face-Care/pure-effect) или некоја постара верзија на Nivea Visage и колку пари се сите артикли,ако некој куппувал од нив (мислам на гел за миење лице,тоник и кремови) ви благодарам...
Би сакала да прашам каде можам да најдам Nivea Visage Natural Beauty? Цел Велес го превртев и никаде нема SSS Од каде и да сте ве молам кажете ми продавница
Види во Тинекс Космо и ДМ П.С Производите на НИВЕА КУ 10 што се...и оние анти ејџ...може да се користат како превентива,за уморна кожа да речам?
Девојки го има некоја пробано ова новото што е млеко за тело in-shower или како и да се вика? Ми изгледа како добро решение за оние како мене што ги мрзи после туширање да се нашлапаат со лосион. Уште да ја омекнува кожата како што треба и ќе ми биде производ на годината.
Најдоброто мрсно кремче, посебно за во зима.Го користам за омекнување на рацете, лактите, колената, петиците..посувите делови со еден збор..ОДЛИЧЕН Е!