^ Може си има ова ефект како млеко за тело, ама не би можела после туширање да си се облечам одма само така. И да го употребам ова, пак ми се чини дека ќе си се нашлакам со лосион
Иста сум и јас, Хипице. Ма колку сака нека е хидратантно какво што го опишуваат, мене ништо никогаш не би можело да ми го замени чувството на мекана и тазе намачкана, миризлива кожа после туширање. Па мајку му, 2 минути работа е мачкањето на лосионот, мене ми е дури и неприметливо, понекогаш помислувам дури и дека сум заборавила да ставам лосион, а уствари не сум ни приметила кога и како сум завршила. Колку за информација, и Фа имаат такви ин-шауер лосиони, баш гледав една реклама на Фокс. Би требало да ги има и тука кај нас, но јас никогаш не би купила или ако некогаш се наканам да купам - и покрај двојната намена пак би го користела како лосион за туширање. Навика.
Некако овие млекава за тела не ми одговараат,најбољи ми се од yves rocher или Фа.Се мислам баш дали да земам и од тоа новото што го рекламираат...Има некој пробано??? Другиве,се заникаде....
Мноооогу добра козметика дефинитивно,користам речиси се од нив освен шампоните.Можам да ви ги пофалам лабелата и кремите за лице.моментално ја користам и не би ја менувала за ништо
Ја сум задоволна од нивеа продуктите.Не се нешто екстра ама не ми се ни лоши.Само новата ББкрема не ми се допаѓа каква е бидејќи кај што пишува на посветлата LIGHT испаѓа дека е темна,е сеа можам да замислам каква е темната
^ Има, еве овој на пример. Не знам колку би ти помогнал со акните, но за регулирање на мрсните делови од лицето е супер.
Каде го има и колку пари е отприлика??? Овој гелов за лице на Гарниер што го користам ми е при крај и супер е, ама сакам да го пробам и овој да видам кој ќе ми делува поубаво на лицето.
Дали некоја феминка го има користено foaming cleanser-от, (шишенцето од лево) и ако може збор два за производов? Ефект има или да не си ги трошам парите само попусто ?
Од Нивеа скоро од се сум задоволна. Без конкуренција ми е кремот на Висаж за сува и чуствителна,дневна со заштитен фактор. Млекото за тело и геловите за нишо на свет не ги менувам. Маска за коса за фарбана користев,преубава беше но некако ја нема последнава година
Дали некоја од вас имала можност да го проба најновиот крем од нивеа со масло од семка од кајсија? Има дневна и ноќна и мислам за околу очи. Сакам да ги купам, ама пред тоа би сакала да чујам мислење од некој што ги пробал. Ви благодарам
Изгледа само јас во последно време сум активна на темава Сеедно, конечно повторно си го купив гелот на Nivea Aqua Sensation и навистина ми е одличен. Од мене секоја препорака!
Ете јас имам сува и чувствителна и пак ми е топ. Сум го користела и розевиот гел за сува на Нивеа и сличниот на него исто розов со гранули на Балеа, ама овој ми е секогаш намбер уан. p.s. Во Зегин е на акција, како и изгледа цела visage колекција на Нивеа, од 200 на 170 и некој денар. Топ.