1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

"No Lives Matter"

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Briar Rose, 2 јануари 2018.

?

Со која изрека се сложувате?

  1. "No Lives Matter"

    21,1%
  2. "All Lives Matter"

    78,9%
  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    "No Lives Matter" е всушност сосема спротивност на познатата изрека "All Lives Matter".

    Знам дека ова, барем за повеќето луѓе на планетава, не е многу популарно мислење ама јас отсекогаш сум размислувала по филозофијата на изреката "No Lives Matter" .

    Верувам дека мојата перцепција, која е доста широка, влијае на мојот начин на размислување за тоа како фукционира овој свет и луѓето во него.

    Имено, би можела да кажам дека во споредба со огромноста на универзумот, ниту еден од животите на планетата Земја навистина не е важен, бидејќи тие немаат никаков ефект врз космосот.

    Нашата цела планета е само спецификација на прашина во големата шема на нештата и дури кога светот одеднаш би престанал да постои, вселената едноставно ќе продолжи да се движи без нас.



    Дали вие се водите по изреката "No Lives Matter" или по изреката "All Lives Matter" ?
     
    На Idedemja, CaraMia, Читател и 3 други им се допаѓа ова.
  2. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Интересна тема @Briar Rose
    Јас сепак се водам по "All lives matter"...Универзумот е огромен,многу повеќе отколку што нашиот мозок е способен да замисли,тоа е факт.Можеби се чини беззначаен животот на едно ситно суштество во тој огромен простор,но целината ја чинат деловите.Сите сме делови на универзумот,макар и привремено.Точно е дека и без нас вселената ќе се движи,но во овој момент ние сме дел од хармонија на универзумот(што не значи дека секогаш така ќе биде).Секоја една промена на честичките влијае врз целокупната слика,нешто слично како слагалица.Сите имаме некоја функција во огромната слика.А и законот за енергијата гласи:Енергијта ниту се создава-ниту се уништува-само преминува од еден во друг облик.Така што,ние како енергија сме дел од вселената-независно дали како луѓе или како нешто друго.Според тоа "All lives matter"...:D
     
    На zuto, Читател, SV1911 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.420
    Пол:
    Женски
    Баш пред некое време наидов на еден цитат, совршен е за оваа тема.

    We ourselves feel that what we are doing is just a drop in the ocean. But the ocean would be less because of that missing drop. - Mother Teresa

    Да, колку и да сме ситни на овој свет, како капка вода во океанот, we matter. Цигла по цигла, ѕид се гради. :) Така да, според мене, All lives matter. Сите ние како поединци си имаме вредност, а уште повеќе кога сплотени ќе направиме нешто.
     
    На Petra777, zuto, Читател и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Доколку некој се води според изреката "No Lives Matter", како што сум јас, би рекла дека тоа комплетно го менува односот на поединецот кон останатите луѓе, вклучувајќи ја и самата перцепција на нештата.

    На пример, едноставно престануваш да се грижиш за тоа што мислат и што зборуваат луѓето, во генерална смисла на зборот.
    Ништо не може да те навреди или да ти ги повреди чувствата, односно стануваш апатична за многу нешта и многу аспекти од животот.

    Гледам и по сама себе дека наликувам на невидлив дух, не сум емоционално приврзана за никого, скоро никој нема никакво влијание на начинот на кој размислувам, па дури можам слободно да кажам дека не ме интересира туѓото постоење на оваа планета, или кога тоа ќе престане да постои...
     
    На poenta, Читател, kikkki и 2 други им се допаѓа ова.
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Замисли, целиот тој космос да е полн со едно огромно ништо; празни планети, бришан простор, камења, прашина...процеси кои се случуваат без било кој да ги запримети, анализира, па и зборува за нив крај краева. И, замисли да го снема единствениот животот кој постои во целиот тој оооогромен космос - сите луѓе - какви год биле, животни, инсекти, растенија...колку само цел тој космос би бил празен и небитен и мртов.
    Сите се битни. Оти те инспирираат, мотивираат, влијаат врз тебе..те движат едноставно. Скоро секој човек што си го сретнала во твојот живот, ти оставил некој печат,некој дел од себе. Тажно е да се биде индиферентен. Да не се приметуваат малите честички и да не се вреднува нивната битност за да го одржат целиот тој организам - домот, општеството, планетата...
     
    На sunflowerlover, candy.cane, senza.parole и 17 други им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.420
    Пол:
    Женски
    Да се надополнам... пишав дека сите како поединци имаме важност и вредност, акцентот го ставив на луѓето, но секако дека и животните па дури и растенијата си имаат своја вредност. Нели, и тие се живи. Знаеме дека без зеленило и нашето здравје е загрозено. Сѐ што постои на светот, постои поради одредена причина.
     
    На Srcka $, faye, Briar Rose и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Кога го видов насловот ме потсети на Аll lives matter пропагандата против Black lives matter. Па така ова No lives matter ме потсети на некоја идеологија што мрази не само црнци, туку и секакво друго живо суштество. :D

    Од контекстот гледам дека за друго се работи. Се согласувам дека нашите животи се генерално безвредни, но сепак не може да се одбере страна овде, бидејќи вредноста на животот е многу релативна.
    Да бидеме реални, не сите животи се еднакво вредни или еднакво безвредни.
    Животот на готвачката во едно племе веројатно е многу повреден за членовите на тоа племе од животот на Тесла, кој за нас има непроценлива вредност.
    Но, во огромноста на универзумот, животот на готвачката и оној на Тесла се еднакво вредни, т.е. еднакво безвредни.

    Сè додека не успееме да направиме промени во универзумски размери, на пример како извиткување простор, животите ни остануваат безвредни, планетата ни е безвредна, целата галаксија исто така...

    Од друга страна, ми се допаѓа и хуманистичкото движење, но само во одредена мера. Всушност, ако денес некој ми каже дека е хардкор хуманист би бегала подалеку. Можеби хуманизмот бил добредојден во страшната епоха на црквата и значително помогнал во рушењето на нејзините догми, но ставањето на човекот на пиедестал над сè друго е малку наивно и уште толку повеќе самобендисано.

    Не од духовен аспект како да има сила поголема од нас, туку фактот што нашиот систем, сите наши животи, се една микрокосмичка капка во спомнатиот океан на мајка Тереза, па колку и да велиме дека е вредна, останува фактот дека таа една капка е апсолутно безвредна и незабележителна во океанот.

    Ако се вратиме на нашиов систем, само на нашата планета, сите заеднички ќе одлучиме дека човечкиот живот е највреден. Ние, човеците, одлучуваме дека животот на човекот е највреден. :D Многу објективно машала. Сигурна сум дека за нилските коњи животот на нилскиот коњ е највреден. Душички тие, не се ни свесни дека постои темна енергија и капитализам.

    Посакувам да бев нилски коњ.
     
    На Lolo5, Justicija, Читател и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @Lella знам дека на прв поглед наликува на таа пропаганда, но тоа не е целта на оваа тема :D

    Инаку, свесна сум дека хуманистот има сосема спротивен карактер од мојот, кој манифестира мизантропија.

    Бидејќи во најширока смисла на зборот, хуманизмот како ренесансно културно и филозофско научно движење ја опфаќа пројавата на љубовта кон човекот и истовремено има за цел воздигнување на личноста според античките примери.

    Имам такво мислење за сите луѓе, генерално а на планетата Земја има уште 7,6 билиони луѓе кои повеќето за жал ги сфаќаат работите на многу ограничен начин, водејќи се само според нивна лична перцепција и поради тоа не успеваат или не сакаат да ја видат големата слика а тоа е дека во однос на се останато, тие се само една трошка.
     
    На Читател, Lianna Anna, Anacid и 2 други им се допаѓа ова.
  9. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    All lives matter не е пропаганда, единствена пропаганда е Black lives matter. Во врска со темата, сите животи се битни но некои се побитни од другите.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    И кога ќе сфатиме дека нашиот живот е безвреден, што? Се потресуваш од војни, геноцид, насилство? Ако да, зошто?
     
    На Lolo5, *Amethyst* и Briar Rose им се допаѓа ова.
  11. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Мислам дека се зависи до психологијата на човекот за тоа како ќе реагира кога ќе дојде до ова сознание.

    Не знам за другите луѓе, а и не ме интересира ама ако зборувам од моја перспектива, би рекла дека не, воопшто не се потресувам од овие нешта кои ги наброја - тие се всушност една од причините поради која сум мизантроп - сите тие дејства се правеле во името на личниот корист, барем како што до сега покажала целокупната историја на човештвото :)
     
    На Читател му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.205
    Допаѓања:
    93.552
    И јас се повеќе станувам таква како што си се опишала ти, ама тоа по мене не е никако NO LIVES MATTER. Тоа е твој, индиндивидуален настап и поглед кон животот, додека глобално, на ниво на Земјата како планета и процесите кои се одвиваат на неа, и те како All lives matter. Па и на оние кои скоро ништо не прават со/во својот живот. За самосвесните луѓе тие се најголем доказ и поттик за тоа каков не треба да си.
     
    На Читател, sonuvana, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.639
    Допаѓања:
    52.559
    Пол:
    Женски
    All lives matter :)
    Универзумот е многу поголем отколку што можеме да си замислиме. Но сепак, сите сме дел од него. Сите постоиме во него. Мислам дека се што постои е важно без разлика колку придонесува. Да не беше важно немаше да се постои. Деловите ја сочинуваат целината, целината е деловите заедно. Сите со своето постоење придонеле некаква промена. Некои поголема, некои помала, некои позначајна, некои побезначајна.
    Ние сме тука со причина, а тоа е дека нашето постоење ќе предизвика некоја промена, и без тоа не би било исто.
    Можеби згаснувањето на една ѕвезда се чини дека нема никакво значење општо, но има значење за ѕвездите во близина. Тие ѕвезди знаеле колку сјаела исчезнатата ѕвезда (ова метафорички го кажувам).
    Исчезнувањето на едно нешто е битно за оние кои го знаеле тоа. За оние кои ја почувствувале промената од тоа постоење. И тие еден ден ќе исчезнат и тоа ќе биде промена за тие нив што ги знаеле и така натаму и така натаму. Промената на делчињата во универзумот како целина е битна бидејќи целината е делчињата. If that makes sense. :smirk:
    Сакам да кажам исто така, сите суштества се битни бидејќи прават нешто, некоја промена со одредена значајност. Постоењето само по себе е битно. Така да, сите животи се важни.:)
     
    На Читател, sonuvana, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @Emy867 убаво си напишала ;)

    Сепак, би сакала да додадам дека во поглед на оваа тема, ги перципирам луѓето како премногу емоционални, приврзани за нивните ставови и мислења кои во реалноста можеби им значат на нив, ама во поглед на се останато, не вредат апсолутно ништо бидејќи немаат никакво значајно влијание.

    Мислам, надежта за одредено докажување дека некој е во право, односно цел може да се види од реалистичкото гледиште дека луѓето постојано се да ги изнесуваат мислењата и притоа да губат толку многу драгоцена енергија за некој кој воопшто не е важен за нив, за мене претставува само самоодбранбен механизам од психолошки аспект со кој се сака потсвесно во умот да се креира одредена илузија дека
    нивниот живот и нивната дејност има значење, ама нема.
     
    На Читател, Lianna Anna, SeaMermaid и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.205
    Допаѓања:
    93.552
    @Briar Rose и таквите 'тврдоглави' дискусии, понекогаш можат да донесат нешто позитивно. Како да се научиш да примаш критика можеби, па и каков дискутант не треба да бидеш. Понекогаш и само стрес носат, ама на крајот од денот ти сама избираш со кој ќе дискутираш приватно. Професионално, соработниците не ги бираме сами, нажалост.

    Ама што би било еве на пример ако откритијата на научниците не се побивале и надоврзувале едни со други и едни на други? Никогаш немало да стигнеме на ова ниво на технолошки и научен развој на кое што сме сега.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @Emy867 да, тоа е точно што го кажуваш во врска со научниците но мојата смисла беше за обичните луѓе; Освен тоа, се што тие прават е секако за од лична корист и сатисфакција, а не за да го донесат нивото на човековото разбирање на сосема друго, повисоко ниво.

    Токму поради фактот што луѓето не ја гледаат големата слика и што се премногу емотивно врзани за своето размислување, прави тоа да нема некаква особена важност - тие гледаат само низ призмата на тоа да се докажуваат и да бидат во право со цел да имат психички мир но што друго придонесува тоа? Ништо.
     
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Тоа се тие новогодишни мисли :D

    Реално, почнавме да живееме во свет каде поради наметнатото чувство на хуманост, еднаквост и единство, инфериорните се повеќе се истакнуваат пред супериорните, им ги заземаат местата, им стануваат надредени, ги потиснуваат и т.н. Свртете се околу себе и ќе увидите како помалку способни им се претпоставени на поспособните со поголем потенцијал, кои мораат да ги слушаат, сакале или не.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @sjdgo мислам дека токму тоа наметнато чувство на хуманост, еднаквост и единство го заслепуваат човештвото да размислуваат на ограничен начин и да не можат да ја видат големата слика пред нив.

    Но ако некој е доволно паметен, би сфатил дека всушност целиот тој концепт за еднаквост и единство докажува дека сите сме подеднакво неважни во однос на целиот универзум.

    Бидејќи универзумот е толку голем, истиот функционира на начин што најболното нешто кое човекот треба да го научи е дека ништо не е важно и дека ние сме несуштински;
     
  19. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.205
    Допаѓања:
    93.552
    Не се разбираме, но небитно :). Јас сум убедена дека некој колку и да се докажува, длабоко во себе знае колку е во право, а колку не. Најчесто. Тоа што се прави заради привид пред народ е едно, тоа што се носи внатре е друго. Никогаш луѓето не го кажуваат тоа што го мислат или ретко. Но тоа не значи дека не се свесни за многу работи .

    Некој способен во својата професија, со врвни достигнувања, колку и да го прави тоа за лична сатисфакција и себепромоција, истото и те како остава траен белег на човештвото. Небитно дали тој имал или немал таква намера.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Концептот за еднаквост и единство на практично ниво е неприменлив и никогаш нема да биде достигнат. Тој е само политичка флоскула, која нема никаква битност во контекст на целиот универзум, оти не е создаден за да има битност за космосот:D исто ко што тој универзум за кој зборуваш, е тотално небитен за човекот кој денес нема да има пари да купи леб, исто како што немал пари да купи леб последните 20, 30...дена. Ама, токму тој човек, најдобро знае дека ништо не е важно и дека неговото постоење или непостоење (смрт) нема да промени апсолутно ништо. Никој нема ни да примети дека го нема.
    Ама, прашај ги оние, другите, за кои концептот еднаквост е смешка, бидејќи тие се супериорните :D како они гледаат на својата битност за космосот:D
     
    На sonuvana, Bridget, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.