1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

"No Lives Matter"

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Briar Rose, 2 јануари 2018.

?

Со која изрека се сложувате?

  1. "No Lives Matter"

    21,1%
  2. "All Lives Matter"

    78,9%
  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @Emy867 всушност психологијата игра многу голема улога во човековата перцепција, и тоа секако зависи од одредени аспекти и фактори.

    Додека некои луѓе имаат само-свест за тоа што го прават и го зборуваат, кај останатите луѓе таа само-свест и не е толку функционална.

    Колку да не бидам многу off topic, само би кажала дека во одредени случаи се согласувам со концептот на Charles Horton Cooley (1902) наречен The looking-glass self иако пред некое време беше објавен мојот научен труд во списание со кое ја критикувам неговата трета компонента од психолошки аспект преку повеќе фактори.
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Хмм, да го прочитав ова пред неколку години, мислам дека би била запрепастена 8-| :lol: Да не ме разбереш погрешно @Briar Rose, велам во смисла дека читањето, па и прочепкувањето низ мозочни виуги вака на форуми ни ги проширува видиците и за вакви ,,непопуларни“ филозофии. Ама сепак ќе го прифатам само како поинакво мислење и гледиште од моето :)

    Во природата, рационално гледано – сите живи битија со своето суштествување како единки, имаат многу мал дел од целата таа слика на универзумот – но, сепак сите тие имаат своја улога во природните процеси.
    Плус тоа, човекот е и рационално и емоционално суштество, па како такво сметам дека треба да се стреми баш кон еднаквост во смисла на вредноста на сечиј живот.
    За no lives matter филозофијата, сфаќам дека тоа не ѝ е поентата, но лесно може да се злоупотреби и искористи за оправдување на војни и насилство, како што е случајот и со теоријата на Малтус (за која исто имаше отворено тема Роуз мислам :D).

    Јас сепак сум за all lives matter (секако во вистински контекст, како вреднување на сечиј живот без дискриминација – не како спротивставено на black lives matter, што патем и мене ми падна на памет кога ја видов темата :tmi:).
     
    На Читател, Lianna Anna, SeaMermaid и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    BRAVO за коментаров, навистина се сложувам со се што си напишала.

    Всушност, за твоето последно прашање би рекла дека тоа е само еден вид на психолошко издигнување на самосебеси поради фактот дека секој човек бидејќи му е даден живот, за себе вели дека е посебен како поединец а неговата моќ, улогата во општеството, парите се само гориво кое дополнително го крева неговото его во воздухот.
    Ова дури ме потсетува на нарцисоидноста чии карактеристики упатуваат на тоа еден човек да мисли дека многу повеќе вреди од другите, односно се издвојува од толпата.
    Но ова е само една искривена, болна перцепција која само го води тој човек во уште поголема заблуда за неговото себе и неговата посебност,а во реалноста се само неоптребно човечко ткиво кое се движи со ограничен рок на траење, исто како и останатите.
    Токму тие луѓе се најзакоравени бидејќи тие психолошки, немаат шанса да ја видат големата слика - па дури и да ја видат, сознанието дека се никој и ништо во споредба со големината на универзумот би ги уништило.
     
    На Lianna Anna, kikkki, blonde_supergirl и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @Someonespecial мило ми е што го сподели твоето мислење овде и сметам дека фактот сите луѓе да немаат исто согласување за одредена тема е сосема здраво и нормално - во спротивно сите би биле роботи со испрани мозоци и без сопствено ,, јас ,, :)
     
    На Читател, DAngel и Someonespecial им се допаѓа ова.
  5. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Ова е точно бидејќи луѓето кои се подготвени да создадат војна користејќи ја изреката no lives matter всушност на многу пластичен начин ја сфаќаат и секако не можат да ја доловат вистинската смисла. Причината за ова е бидејќи тие повторно се враќаат кон концептот дека се што прават е од лична корист, а притоа самите не знаат дека тие немаат никакво значење на универзумот и дека се подеднакво неважни и несуштинки како и останатите 7,6 билиони луѓе на оваа планета.
     
    Последна измена: 2 јануари 2018
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  6. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058

    Здраво Брајар,

    искрено јас тоа што го пиша не го поддржувам воопшто (дека си мизантроп) но сепак те почитувам и ќе те почитувам понатаму како личност зошто знаеш човечки и достоинствено да дискутираш на било која тема и тоа многу ми се допаѓа кај тебе. Ова отворено го кажувам.

    Но, доколку вие мизантропите ги мразите луѓето и не ги сакате зошто тие се лоши зошто имаат свои лоши страни тогаш дали ти тоа значи дека ти себеси се сметаш за безгрешна и за човек кој е совршен?

    Ти благодарам на одговорот.

    Имај убав ден :)
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Ама има и еден друг аспект на сево... пред некое време, една другарка ме праша, како може човек кој има се' (материјални работи, а со тоа и ред други можности), да биде толку незадоволен од животот и депресивен. Мене само ми текна на статија што ја имав читано пред неколку години за високата стапка на самоубиства и депресија меѓу богати луѓе, меѓу кои, најголема е межу адвокатите (за конкретна држава стануваше збор). Објаснувањето беше дека, за разлика од еден сиромашен човек, кој кога чувствува незадоволство од себе и своите постигнувања има одбранбен механизам од типот: „ех, да имав пари ќе направев тоа и тоа и тоа...и животот ќе ми беше подобар“, човекот кој има се' не може да си го изишка незадоволството од себе, животот, својата небитност и небитноста на сите луѓе и се' што правиме со таква некоја мисла, механизам. Има се', и пак е незадоволен. Има некоја сериозна грешка во нашиот мозок (хемиски дисбаланс) :)
     
    На Lianna Anna и Briar Rose им се допаѓа ова.
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Може ли на Македонски тоа изреките да бидат пишани???
    Јас не ги разбирам, ете....
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Respect бидејќи додека повеќето ме пишуваат бриар, ти ме пиша како брајар, односно како правилно се изговара зборот (highfive)

    Ти благодарам за твојата почит кон мене и за убавите зборови, но претпоставувам дека тоа, заедно со уште неколку квалитети е се што останало од моето поранешно себе ...

    И јас тебе те почитувам како поединец и секако не ми пречи ако немаме исти мислења, сепак, како што споменав во претходните коментари - сметам дека е подобро луѓето да имаат контрадикторни ставови за одредени нешта.
    Всушност, тоа е можеби единственото нешто кое не дели од тоа целото човештво да станат група клонови или огромно стадо овци со испрани мозоци полни со волна и притоа да немаат сопствено ,, јас ,, и сопствен карактер.

    Јас искрено разбирам дека ова не е популарно мислење меѓу повеќето луѓе генерално и оние кои ме познаваат, а се ретки, би рекле за мене дека сум многу ладнокрвна, себична, апатична ама сакам со оваа тема да кажам дека никој не може или пак не сака да ја види големата слика која јас ја гледам.

    Имено, секој ден гледам како луѓето потпаѓаат на разни влијанија кои се воопшто не се битни, делуваат слепо пред вистината, психолошки мислат дека се посебни и многу подобри од останатите и не поднесуваат критики бидејќи фактички се грижат за туѓото мислење итн.
    Но од другата страна, истовремено, сите сакаат да бидат исти поради апсурдните правила кои самото општество ги налага со цел да бидеш ,, прифатен,,.

    Мислам дека претходно коментирав во една тема со слично прашање и го искажам моето брутално искрено мислење дека ни најмалку не ми е грижа за начинот на живеењето на луѓето, како и бесмсилените правила кое самото општество ги налага за да бидат поедниците ,, прифатени ,, од околината.

    Јас лично за себе, никогаш не би рекла дека ,, се прифаќам себеси во денешното општесво ,, бидејќи не ни барам да бидам ,, прифатена ,, како и дека општеството и луѓето - клонови во него нема апсолутно никаква важност, ниту пак значење за мене, моите желби, потреби и за мојот живот.

    Јас не сум роб на денешното општество и никогаш нема да бидам бидејќи го живеам животот како што јас сакам и најмалку не е важно што мислат останатите луѓе за мене, сепак, и јас воопшто не се интересирам за нивниот живот.

    Свесна сум дека треба, и затоа и живеам само за себе и никој друг - можеби затоа и се разликувам од толпата која е патетично монотона и еднобојна.

    А за ти одговорам на твоето прашање, би рекла дека многу луѓе не ја разбираат длабоката психолошка суштина на мизантропите, односно веднаш создаваат одредено пластично мислење дека или мизатропите се мразат и самите себеси или дека се всушност нарцисоидни личности кои себеси се перцепираат како совршени.

    Не, напротив, преку мизантропијата манифестирам недоверба, избегнување, непочит за целата човекова раса.

    Но претпоставувам дека во комбинација со изреката ,, No Lives Matter ,, знам дека не се потпирам и не очекувам ништо од никого, ниту ме интересира за туѓите животи, проблеми, мислења кон мене и генерално кон се останато, како и за постоењето на луѓето на оваа планета, моментот на нивната смрт или за колку месеци ќе се распаднат под земја додека само костурот не остане од нив...
     
    Последна измена: 2 јануари 2018
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    @Briar Rose

    Претпоставувам и ти добро знаеш дека е се релативно во извесна мера, за лесно да излегуваш со заклучоци. Така и no/all lives matter е секое точно тврдење. Јасно, луѓето се небитни во однос на универзумот, ама во својот животен век, си играат улога едни на други. Не можеме само да стоиме и да не правиме ништо, штом веќе сме се родиле.

    Инспирација за претходниот пост ми беше мисла на Хераклит, дека еден човек полн со доблести, најдобриот човек, вреди повеќе од други десет илјади животи.
    Некој вакви идеи ги нарекува нехумани, но, праксата во денешно време, покажува како огромен процент на луѓе покажуваат анимозитет и се спремни сложно да го уништат оној кој тие го гледаат како супериорен. И што ако таков човек се залажува со милост и хуманост, воспитуван е во тој дух? Повеќе ќе биде газен.
    Јас не земам страна на никакво тврдење, не велам дека треба да се биде ваков или поинаков, на крај, каков ќе одбереш да бидеш е небитно за универзумот :D, само ги сумирам работите.
     
    Последна измена: 2 јануари 2018
    На theowndemon, Lianna Anna, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Искрено, мене ми се уште потешки да ги преведам овие изреки на мак јазик, ама претпоставувам дека најпрецизното што би можела да го преведам и да ја доловам донекаде нивната суштина, е:

    "No lives matter" - ниеден живот не е важен/ нема значење;

    "All lives matter"- секој живот е важен/има значење;
     
    На +++ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Точно, тоа е всушност и причината поради која не се замарам со другите, нивните проблеми и размислувања туку се фокусирам главно на себе, своите желби и потреби.

    Меѓутоа, од психолошки аспект, луѓето се премногу емотивни, се грижат и се интересираат за работи кои за нив не се релеванти, имаат релативно високо мислење за себе, се преценуваат, не поднесуваат некој да е подобар од нив итн. Тоа е нивна перцепција која во реалноста нема никакво значење.
     
    На toogood и sjdgo им се допаѓа ова.
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Освен твоето мислење за себе кое е релевантно. Многу текст за еден збор -нарцис :D
     
    На sonuvana, Nausicaa, faye и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Како што кажав, туѓите мислења за мене немаат големо влијание ама по моја логика сметам дека всушност нарцисоидните личности се тие кои претерано се грижат за туѓото мислење за нив.

    Бидејќи туѓите пофалби за нив се храна со кое го хранат своето его, воздигнатост и искривена перцепција, додека критиката за нив е вистинска катастрофа поради тоа што им се крши илузијата дека се совршени и подобри од останатите.

    Не сум сигурна каква е твојата компарација, ама мислам дека нарцисоидните личности се посебна категорија на лица кои не можат да ја разберат изреката no lives matter, ниту пак изреката all lives matter.

    Од друга страна, јас не сум по стрес дали некој за мене ќе каже нешто добро или лошо бидејќи тоа како личност не ме дефинира.

    Едноставно имам свои потреби и желби кои сакам да ги остварам и главно се фокусирам на нив, но никогаш не сум мислела дека сум над останатите луѓе туку едноставно не се многу релевантни за мене бидејќи знам дека сите луѓе на оваа планета се исти.
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Зошто да не можат да ја разберат -no lives mater, ќе се изземат само себе и ете ти.
    Па и прав нарцис не се потресува многу за мислењата на другите затоа што е убеден во својата величина и нормално туѓите мислења се апсолутно небитни. Она за што ти збориш може е за вана би нарцис.
     
    На Nausicaa, theowndemon, glosipgirl и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Па можеби поради тоа што тие во изреката no lives matter ги вклучуваат сите луѓе на планетава освен себеси :D

    Можеби и тоа е така за прав нарцис, ама мислам дека причината поради која се величат себеси толку многу е бидејќи длабоко во себе, односно во својата само-свест тие не можат да ги излажат другите и знаат дека се многу несигирни, не поседуваат вистински таленти, способности и сл;

    Сепак, не би сакала премногу да навлегувам во нивната искривена перцепција и психологија ... тоа што тие го мислат воопшто не е мој проблем.
     
    На Bridget му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Многумина имаат високо мислење за себе, кое со ништо не е поткрепено. За здрава проценка е потребна самокритичност и објективен ум.

    Инаку, ниту јас не се замарам многу со светов. Мислам дека луѓе кои веруваат во лажната поделба меѓу доброто и злото се ограничени... А и што е толку важно кој бил „добар“, кој „лош“, (според нечија си перцепција со која мора да додева, иако честопати од ништо не е поткрепена освен од непромислена субјективност), кога на крај, сите ќе завршиме исто.
     
    На Lianna Anna, Lella и Briar Rose им се допаѓа ова.
  18. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.470
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Насловот кој го дала членката и дадената тематика за дискусија, со насокатата во која ја води таа "дискусија", не се совпаѓаат. Прво треба да се разграничи дали тука ќе се пишуваат животни филозофии и изнесуваат личните чуства како двигател на формирање на целата таа перцепција, или ќе произнесеме наш став базиран на знаења. Па според тоа да знаеме за што коментираме и во кој контекст да бидат мислењата, ако веќе одлучиме да се искажеме, без притоа да се цитираме и докажуваме според сопствени убедувања и заблуди.

    Факт е дека ние луѓето сме индиферентни. Како ги гледаме работите и како се поврзуваме со другите е индивидуално. Исто како и приоритизирањето.
    Ама дека немаме никаква улога во менувањето на светот и универзумот...

    Конкретно на темава, some lives matter.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Точно, потполно се сложувам со тебе!

    Многумина се проценуваат себеси на многу површен начин, не сакајќи да ги прифатат негативните карактеристики за себе.

    Кога станува збор за доброто и злото, би рекла дека никој не може целосно да го сфати значењето на ,,доброто ,, и ,,злото,, треба да имаме строго определени дефиниции за нив, а тоа не е можно бидејќи самите луѓе ги опишуваат и двете појави како една единствена манифестација на однесување, а не како екстремности.

    Оригинално, постои спектар на човечки однесувања а ние ги нарекуваме екстремностите на овој спектар ,,добро,, и ,,зло,,

    Ние, како луѓе, се колебаме преку доброто и злото и дека на некој начин сме слични како Dr. Jekyll and Mr. Hyde - нема поента да се прашуваме дали во суштина сме повеќе добри или повеќе злобни.

    Ние сме навистина комплициран вид, веројатно поради тоа што имаме поголема интелигенција од останатите видови на оваа планета и размислуваме на поинакво ниво и поради тоа размислуваме и на морален и на неморален начин, како што диктира нашата околина и нашата физиологија. Од околностите зависи дали едното или другото ќе доминира.

    Секако дека размислувањето кое тврди дека некој е ,,добар,, додека некој друг е ,,лош,, за мене е навистина апсурдно бидејќи не постои човек кој е целосно добар, ниту човек кој е целосно лош.

    Освен тоа, не е ни важно бидејќи сите ние сме уште од самото наше раѓање на некој начин програмирани да умреме. Всушност, ние умираме и во овој момент преку клеточно оштетување, само што за сега не го чувствуваме и забележуваме тоа.
     
    На blueeparadise и sjdgo им се допаѓа ова.
  20. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Третата опција - „The lives which I think matter, matter“. :D
     
    На x.Daisy.x, Читател, Someonespecial и 8 други им се допаѓа ова.