1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

"No Lives Matter"

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Briar Rose, 2 јануари 2018.

?

Со која изрека се сложувате?

  1. "No Lives Matter"

    21,1%
  2. "All Lives Matter"

    78,9%
  1. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Во однос на космосот немаат значење нашите животи, но во однос на луѓето на планетава и животните имаат. Така да, all lives matter.
     
    На Nausicaa, Lianna Anna, Joi и 3 други им се допаѓа ова.
  2. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Роуз, јас живеам и се чувствувам навистина жива. Наречи ме и емотивка, не ми пречи, но живеам за оние луѓе чии очи сакам да ги гледам, глас да им слушам, да ги прегрнувам и сакам. И за себеси.
     
    На sonuvana, Nausicaa, *Amethyst* и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Секако дека те разбирам и го почитувам твоето мислење :) Ти благодарам што коментираше на оваа тема.

    Сите треба да се грижат за себе и за своите најблиски, а под најблиски мислам на семејството.
     
    На Someonespecial и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  4. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    All lives matter.

    До одредена точка го разбирам она кое го велиш ти, Брајар; којзнае колкупати ми се случило, навечер, летно време, на викендица во планина, толку високо и чисто, без осветление, се гледа целиот Млечен пат, јас гледам нагоре и ме лазат морници од помислата колку сме ние ситни и безначајни во однос на сето тоа пространство, сите соѕвездија, и којзнае што сѐ има таму.
    Но, кога ќе погледнеш околу тебе, доаѓаш до заклучокот дека колку и да е случајно нашето постоење тука и сега, сепак е значајно. Замисли само, колку само други животи имаш допрено знајно и незнајно, и колкава празнина би имало без твоето постоење. И тука не зборувам само за човечките животи, туку општо за сиот облик на живот на планетава. Дури и несвесно, сепак сите влијаеме едни на други, и формираме една целина. А целото не би било цело без макар еден од своите делови.
    Не мора да сме истакнати фигури во општеството и историјата - не се значајни само Њутн и Тесла и Фројд и останатите од тие ранкови; да, тие придонеле да сме на овој развоен степен во кој сме, но за придонесот на светот таков каков што е сме заслужни без исклучок сите - без разлика колку богати или сиромави, знајни или незнајни, добри или лоши. Сите имаме некаква улога, колку и да ни се чини таа мала и небитна.
    И на крај, кога ќе ја направиш таа споредба, за тоа колку сме ние една прашинка во универзумот, колку сме му небитни на некој си вонземјанин од планетата Х (како што тој е небитен за нас), а врз колку само нешта на нашиот свет имаме потенцијал да влијаеме, сфаќаш дека all lives do matter.

    @Briar Rose:
    Не се согласувам со тоа дека треба да се живее така да не ти е гајле за никој околу тебе, и за ничие постоење; всушност, мислам дека таков човек и не постои (доколку се изземат оние со сериозни психички попречувања, за кои самите не одлучиле) - сигурно на сите од нас ни е битен макар еден друг живот кој влијае врз нашиот: дали е тоа на нашите родители, пријателите кои сами сме ги одбрале, своите деца, или макар некое животинче или растението за кое се грижиме.
    Да пробуваш да живееш во апатија би бил толку празен живот, живот во кој пробувајќи да не те допираат мислењата на другите, бегаш и од љубовта и убавината на самиот живот.
    Се надевам дека ќе ме сфатиш што сакам да кажам со ова, сепак по она кое сум го прочитала од тебе (а имам прочитано многу), верувам дека си отворена за дискусија и разбирање :)
     
    На poenta, Читател, Nausicaa и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @MagsDestiny морам да признаам, навистина убаво мислење си напишала за тоа како ти ги гледаш нештата и сосема те разбирам што сакаш да кажеш.
    Затоа и го почитувам твоето мислење, иако е можеби различно од моето.

    И јас милионици пати сум погледнала кон ѕвезденото небо и потполно сум се изгубила во светлината на ѕвездите кои светеле милионици години пред нас ( бидејќи повеќето ѕвезди кои ги гледаме се мртви - на светлината и е потребна милионици години да стигне до планетата Земја).

    Сите ние сме само преку-еволуирани потомци од мајмуни кои се наоѓаме на една карпа која лебди низ вселената и од моментот на нашето раѓање почнуваме да умираме поради клеточно оштетување.
    Но дали можам да се пожалам во врска со тоа? Не - бидејќи светот е полн со луѓе кои не разбираат што е навистина важно.

    Ако човекот не може да направи дистинкција од тоа што е релевантно за време на неговиот ограничен живот а што не, тогаш тој е ништо друго освен еден безначаен дел од случајно составени молекули кој лебди каде и да го дувне универзумот.

    Сепак, откако ќе се вратам во реалноста, и јас погледнувам околу себе ама иако на другите мојот свет се чини песимистички, црн, празен и без никаква емпатија за никого, јас сепак гледам одредена убавина.
    Мојата среќа не лежи во останатите луѓе, туку во науката и уметноста.

    Освен тоа, од моментот кога ќе сфатиш дека никој и ништо на овој свет не е важно, тогаш истовремено и целиот свет, па дури и целиот универзум станува само твој - ја имаш слободата да правиш што сакаш, да зборуваш што сакаш ... Едноставно ја прифаќаш вистината и си искрена за се околу тебе.
     
    На kikkki и MagsDestiny им се допаѓа ова.
  6. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    @Briar Rose, знаеш, тука негде делиме слични гледишта, но околу средината се разединуваме.

    Науката, но во особено поголем дел - уметноста, е она за кое буквално дишам. Ништо не ме прави посреќна од пишаниот збор и од глумата. Но, еве дел каде се разединуваме - тие се створени од човекот, и без неговото постоење ние не би ја имале привилегијата да уживаме во она кое нѐ прави среќни.

    Самото постоење - пробај мисловно да го опфатиш сиот оној временски период, сите случајни средби, присилни бракови, рандом вкрстувања на машка и женска полова клетка - сѐ до твоето постоење, до создавањето на уште едно човеково битие кое започнува да умира од моментот на настанувањето. Толку е тој временски период голем, и толку се тие шанси случајни, што самото размислување може да ти зададе главоболка зошто немаме капацитет да го обработиме сето тоа.
    И на крај, сосема случајно - ние сме тука, и создаваме макар некаква разлика на светот.

    Доколку постоењето на една единствена единка (било човечка, животинска, бактериска, сеедно), не е важна, тогаш замисли каков би бил во овој момент светот доколку не постоел Хитлер и не се случил холокаустот, доколку не постоел Тесла и не придонел во откривањето на струјата, доколку не се случила онаа страшна епидемија на колера која однела поголем дел од населението на тогашна Европа, доколку белите луѓе не решеле дека новиот свет е нивен и не ги убиле скоро сите индијанци, доколку ловокрадците не истребиле толку многу скапоцени животински видови во нивната лакома трка за слава и богатство, итн.

    Многу добро те разбирам што сакаш да кажеш со тоа дека помирувајќи се со нештата можеш да постоиш слободно, да кажеш што мислиш, и да живееш онака како што сакаш, неокована од прангите на она што е модерно и прифатено од мнозинството во општеството.
    Водам ист начин на живот кој малкумина го разбираат, па затоа секогаш ќе се најде по некој епитет како „арогантна, аутсајдер, чудна“ и сл., но не дозволувам тоа да влијае на мене.
    Сепак, она што јас свесно го одбирам како личен начин на живот: филозофијата, имагинацијата, детската љубопитност, фасцинираноста со мрачното, и неприфаќањето општествени стандарди - не го побива фактот дека сите оставаме некаков белег со нашето постоење.
    Напротив, тие едно со друго се дополнуваат.

    На крај, само ќе ти оставам една прекрасна песна чиј текст одлично го доловува моето мислење на темава.
    How rare and beautiful it is to even exist;
    the universe was made just to be seen by my eyes.




    :)
     
    На Nausicaa, glosipgirl, Lianna Anna и 6 други им се допаѓа ова.
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    „Доброто“ се сите оние постапки кои ни предизвикуваат позитивни чувства, а она кое прави да се чувствуваме неубаво, или да искусиме неубави работи, е „лошото“/„злото“. На пример, велат дека психопатите се зло, само ретко кој во моментите на осуда, помислува дека и психопатот не избрал да биде фаличен, туку таков станал под влијание на некои фактори кои не можел да ги промени. Да не зборувам дека луѓето сатанизираат други луѓе, за многу побанални причини од психопатија.
    Инаку, и едно куче може мирно да поминува по патот, да се гали со луѓето, да им биде чувар, а може да биде и ѕвер кој убива за свои потреби. „Доброто“ и „злото“ се манифестирани секаде наоколу, не само во човековото однесување. Ама луѓето не научија како да живеат со помислата дека тоа што го викаат зло, е составен дел од природатa.
    Има личности кои јас не ги почитувам, би ги карактеризирала како погани, безвредни, меѓутоа гледам како и тие луѓе имаат семејства, пријатели кои ги сакаат и на кои им годат, па колку и да сум во право, едноставно моето мислење не е клучно, не влијае. Што не значи дека тие луѓе добиваат на вредност, ама ете.
    Постов може да ми биде преместен во некоја од темите за добро и зло, ако е несоодветен тука.

    Повеќе ме влече првата опција на анкетата, сепак, се вели дека никој не е незаменлив, а дури и да не е така, и без незаменливите, животот на Земјата би течел понатаму, само во нешто понаков правец.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @MagsDestiny
    Чудно е кога ќе помислиме колку време поминало откако настанал Big Bang до појавувањето на првите знаци на живот на планетата Земја, а уште почудно е кога ќе замислиме дека дури и целиот живот на оваа планета ќе биде збришан и кога самата Земја ќе престане да постои, тоа нема да значи апсолутно ништо и нема да има некое особено влијание во поглед на универзумот.

    Постоеле толку многу луѓе пред нашето раѓање, и претпоставувам дека ќе постојат многу луѓе и откако ќе умреме.
    Ако гледаме по потесна перспектива на нештата, сите луѓе кои живееле пред нас имале одредено значење за некого во нивната околина, некои се замислувале дека се моќни, дека имаат голема важност, додека некои не си придавале толку значење. Со други зборови, различни луѓе - различни карактери. Но откако времето ги избришало, што останало? Ништо.
    Можеби владетелите од историјата ни се познати но тоа е бидејќи во нивното време имале голема улога, инаку кога и тие би биле дел од обичниот народ, и тие би биле избришани од времето.

    Историјата постојано се повторува и се повторува, создавајќи маси на луѓе кои од психолошки аспект гледаат кон светот низ призмата на сопствената корист и задоволство, придавајќи си големо значење, кога во реалноста тие се само нешто ограничено, без некакво особено значење за космосот, па и за Земјата.

    Реалноста е дека сите нас не чека истиот крај, по нашата смрт ние можеби ќе бидеме оплакувани од мал број на луѓе но тие нема да тагуваат цел живот. Како што светот постоел пред нас, така ќе постои и после нас.

    P.S. - ти благодарам многу за песната :inlove: буквално се ми се допадна кај неа - и спотот, и музиката и текстот :music:

    @sjdgo
    Во врска со примерот кој го наведе со кучето, би кажала дека, според мое мислење, и расата и индивидуалната личност се дел од однесувањето на кучето.
    Некои раси се многу социјални и љубезни и телесниот контакт им е значаен, додека други се помалку мотивирани од телесен контакт и прикажување на љубовта.
    Сите кучиња се социјални по природа, но како тоа го манифестираат варира во голема мера ама одредени видови на кучиња селективно се одгледуваат за задачи кои бараат агресивно однесување.
     
    На kikkki, MagsDestiny, sjdgo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Не мора да биде кучето. Мачките растргнуваат птици за да се прехранат. Тоа е убиство, зло. Не ги спомнав глувците, оти човекот нема ништо против нивно убивање.
     
    На kikkki и Briar Rose им се допаѓа ова.
  10. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Повеќе би го нарекла како инстинкт за преживување и прехранување.
    Во праисторијата и пештерските луѓе убивале животни за да се прехранат... :)
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Па пишував погоре околу злото, дека тоа е само назив за нештата кои ни предизвикуваат непријатни чувства, штета или болка.
    „Злото“ е сеприсутно.
    Тоа што врапчето го изгубило својот живот за мачето да се прехрани, секако е болка и штета за врапчето.
    A луѓето до ден денес на големо убиваат животни за прехрана, иако не е неопходно.
     
    На kikkki и Briar Rose им се допаѓа ова.
  12. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @sjdgo токму така, се согласувам :)
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  13. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Ок, вистината е дека ние сите сме создадени од космичка прашина и Едвин Хабл открил дека Универзумот се шири.
    По тој повод Јозеф Фрицл организира за сите No Lives Matters поддржувачи забава кај него во подрум. Музика ќе има од филмот „Пила“. Ќе има и мезе исто така.
    Ако немате превоз јавете се на Тед Банди да ве собере со неговата VW буба.
    Because no lives matters. :devil:
     
    На Lianna Anna, Someonespecial и Briar Rose им се допаѓа ова.
  14. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    @Briar Rose и повторно - го гледаме истото, но од различни агли.
    Она кое ти го пиша го увидувам и јас, но решавам да го интерпретирам на поинаков начин.
    Изгледа дека we can agree to disagree и тоа е тоа :)
     
    На Briar Rose и Someonespecial им се допаѓа ова.
  15. Ex Luna Scientia

    Ex Luna Scientia Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2017
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    847
    Пол:
    Женски
    Ја разбирам и ја ценам твојата филозофија, но од искуство тврдам дека не е здраво да се живее применувајќи ја.
    Да бидеш нихилист и апатичен те ослободува од многу грижи но и од многу задоволства. Задоволство е да се приврзеш за некого, задоволство е да се грижиш за другите, па колку и да гледаат луѓето попреку на ова, задоволство ми е кога знам дека некој има добро мислење за мене. Ние сме луѓе и ние треба да се социјализираме, преку тоа да се интегрираме во заедницата, преку тоа да стекнеме идентитет и важни врски. Не зборувам само за љубовни. Пријателства, семејство, дури и колеги.
    Според твоево, не би ти значело ништо ако твојот најдобар пријател, на пример, утре ти пријде и ти каже дека има тумор на мозокот? Бидејќи нели, неговиот живот не значи ништо.
    Во ред е да го применуваш ова за да избегнеш тага, но избегнуваш и доста задоволство. Јас сум била ладна и затворена личност доста долго но сега го разбивам тоа, благодарение на две прекрасни пријателки и партнер полн со љубов. Свесна сум дека за делче од секунда можам да го изгубам тоа, но се трудам. Се трудам и се борам да ги држам поблиску до себе. И никогаш нема да кажам дека ниеден живот не е важен бидејќи нивното целокупно wellbeing ми е поважно и од моето.
    Колку ни е важен туѓиот живот сметам дека е поврзано со колку ни е важен самиот тој. Но секој е некому нешто и секој е некому важен. Затоа, сите животи се важни.
     
    На kikkki, Lianna Anna, blueeparadise и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    34.212
    Јас, ти, тој, ние, вие, тие не сме битни.

    Сите ќе умреме, Земјата ќе продолжи да се врти.

    Јбг, живот.
     
    На theowndemon, kikkki, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  17. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.642
    Допаѓања:
    9.466
    Пол:
    Женски
    @Briar Rose Замисли имаш дете кое поради некоја гадна причина починува. Како би се чувствувала?
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Ноу лајвс метр е психички проблем, а не теза и непопуларно размислување.
    Принципот на еднаквост е политичка флоскула со која се согласувам, што ја спомна Жапче, но нема врска со темата како таква.

    Ме заболе мозокот од бизарноста на темава.
    Нихилистичките размислувања и нивните застапувачи се исто што и канцер клетката во телото. Ако една канцер клетка стане доволно силна да продуцира доволно канцер клетки, oнда ќе го уништи цело тело читај цел свет. Луѓето со вакви размислувања сметам дека се способни да го уништат целиот свет. По чија градација ќе одредиме кој е вреден, а кој не?
    Физички не сме предоредени да сме апатични. За тоа е одговорна амигдалата.

    Сметам дека сите и се на светот се важни и вредни и се со причина тука.
    На нештата гледам од микро ниво - ако во едно човечко тело можеме да пронајдеме се што е пандан на целиот космос, не може да си небитен.

    Патем утнат е и слоганот и поентата
    Ол лајфс метр е слоган за борба против расизмот врз црните луѓе.
    Така што со опростење, дискусијата е булшит.
     
    Последна измена: 3 јануари 2018
    На Giovanna, sonuvana, *Amethyst* и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.983
    Допаѓања:
    166.601
    Пол:
    Женски
    Ја мислам дека и двете “тези” се точни ако знаеш точно да ги формулираш.
    1. All lives matter :!: освен ако немаш пари и врски. Тогаш си сјебан.
    Истовремено
    2. No lives matter :!: освен ако имаш пари и врски. Тогаш немаш гајле.
     
    На Читател, Briar Rose и Someonespecial им се допаѓа ова.
  20. mr.mojo rising

    mr.mojo rising Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Машки
    Аll lives matter е расистичка контра на black lives matter.
     
    На Lella, crimson, kravce и 3 други им се допаѓа ова.