1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

"No Lives Matter"

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Briar Rose, 2 јануари 2018.

?

Со која изрека се сложувате?

  1. "No Lives Matter"

    21,1%
  2. "All Lives Matter"

    78,9%
  1. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.457
    Допаѓања:
    19.573
    Пол:
    Женски
    Мене оваа првата премиса, одма ме потсети на нихилизам. :^) Не може да биде бесцелно и залудно се што постоело и постои. Има многу позитивни цели, идеали, вредности. Многу постигнувања во сите животни сфери. Зошто да бидат негирани како такви? Не можам да верувам, дека ете, материјалниот свет со сите негови човечки единки е безвреден. Разумно би било главните потреби во животот да се темелат на љубовта, дружељубивоста, продуктивноста. Љубовта е еволутивно значаен комплекс за приврзаноста на луѓето еден кон друг. И во ред е ако некој ја гледа смислата на животот во задоволување единствено на своите потреби. Ама е проблем, кога ова ќе се заснова единствено во рамките на егоцентризмот и апатијата. И е проблем, ако истово ги засегнува другите.

    И што кога доаѓаат деца? Дали индивидуа која се води според првата премиса нема да го вреднува нивниот живот и нема да се грижи за истиве? Од неговиот безвреден живот, изградил нов, повторно безвреден? :wasntme:

    Ова, не само што е непријатно само по себе, туку станува и лошо, дотолку, што ги спречува луѓето да живеат. Тогаш, се губи здравото ниво на мислата. Животот не може да ја изгуби својата вредност. Животот има вредност. Не верувам во егзистенцијализам, кој се темели на фундаментална бесмисленост.

    И јас сакам апсолутна слобода и мразам зависност. Ама вторава, тешко може да се избегне. Едноставно е таков животот, така функционираме ние луѓето. Имаме желби, потреби, фантазии, љубови, стремежи, чувства. Постојано од нешто зависиме. Ако зависам од тоа нешто, значи дека тоа е вредно. Во тој поглед, и јас, и сите останати.

    Ако е се безвредно, тогаш ние, нема да градиме, нема да сме иновативни, нема да имаме желби, интереси. Оти се тоа ќе нема цел. Нема да раѓаме. Зошто? Ако животот на тие деца е безвреден? Нема да имаме потреба од здравство, училишта, образование. Науката нема да има прогрес. Чуму тоа без цел и вредност? Добро што не е така, оти јас ќе умрев од досада. :rofl:

    All lives matter. Нема некој што е поважен од мојот живот и има многу чиј живот е поважен од мојот живот. Животот на моите деца на пример, апсолутно е поважен од мојот живот. Мојот живот е важен за моите деца. И не само во стегите на мојата околина, ами и во поглед на универзумот. Колку и да сме мали ние за истово. Оти се е поврзано. И сите сме вредни. И ѕвездите се чинат мали, а имаат голема вредност.

    Ја разбирам скроз и спротивната филозофија. Во одреден момент се доаѓа до заклучок дека се на овој свет е неважно, бидејќи завршува. Ама, баш тоа пак, треба да биде мотивација за да му се придава вредност на животот.
     
    На theowndemon, SeaMermaid, Emy867 и 15 други им се допаѓа ова.
  2. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Интересна тема, има многу мислења претежно се километражни и успеав половината да ги прочитам и сакам на повеќето да им реплицирам. Ама ваква тема луге според мене не е за тука, не е за во пишана форма. Треба вербална конверзација back n forth и да се разменат мислења. Ме фаќа скрлет коа иам толку да реплицирам за понатамошна дискусија ама безцелно ми е да на сите тука да пишувам. :( :(

    Фуцк ит, ќе кажам нешто на кратко.


    Многу ми е mind-blowing реченицата коха секој втор ќе каже " Универзумот е толку голем што ние не ни можеме да го замислиме". Ми станува смешно и како научена лекција на памет сите ја повторуваат. Чекај а од каде знаете дека не можеме да замислиме ? За да дадеш таква констатација треба да бидеш таму да видиш, да се вратиш и да ни кажеш дека тоа што го мислиме сега е многу далеку од реалноста и немаме шанси да се приближиме на тоа. :lol: Така да користете ја реченицава со резерва малку а не како апсолутно тврдење.

    Еден офф топик пример ми текна хахаха еден Христијанин коа ми кажа дека парафразирано " Господ е толку голем и совершен, и јас цел живот ќе се трудам да бидам како него иако знам дека никогаш нема да го достигнам тоа ниво" повторно mind-blowing statement.

    Чекај чекај да го удоволам сликовито .. here we go

    [​IMG]


    Па за темава, сум на средина ама повеќе тежнеам кон "No lives matter". Имаше погледи на ниво на Зејма и на ниво на Универзум. Ајде вака на ниво на Земјата. Премногу револуционерно ми е да се мисли all lives matter затоа што реално никој не го мисли тоа, ама при рационализација на нештата тоа е најприфатливо да се мисли, многу е хумано нели. Сепак ( ќе ги земам животите на лугето само ) сите животи не ви се битни, туку ви се битни оние кои вие самите мислите дека ви се битни. Битен ви е животот на родителите, ама сугирно не ви е битен животот на едно детенце сега у африка што лежи на улица гладно и ги брои деновите пред да умре. Или чекај сега ви стана битно ама не сте биле свесни ? .. Не, ако ви се смени мислењето тоа значи дека внесовте повеќе емоции од потребно.
    Исто така да погледаме на сечиј живот дали има удел. Да секој има некаков удел на другите на Земјава па макар и ништо да не прави. Ама тоа не значи дека сечиј живот е вреден. Исто како едно дрво у Парк што е, кога би шетале ќе ви засмета и ќе мора да го заобиколите, сепак нема некоја голема вредност ама има удел и вашиот живот. Така и со лугето, повеќе е емоционално.

    На ниво на Универзум. Никакво влијание немаме. А чекај мислите дека имаме ? Одоговор е да ако идеме според револуционерното мислење дека all lives matter и дека на планетава се е плански дизејнирано. Ама баш никаков удел немаме. Земјата се врти, сонцето си грее, ѕвездите си светат. Зејмата како Земја може има удел у универзумот ама ние како ситници закачени на Земјава немаме никаков удел. Нема потреба ние да се сметаме како фактор за целиот универзум. Лугето се премногу солипсисти и дека се се дешава за нас и дека ние сме центарот на универзумот. Calm down.



    Ми изгбегаа многу мисли не знам веќе што кажав а што не. Пребогата тема за дискусија која сепак не се прави на ваков начин. Туку реална вербална конверзација со безброј реплики.


    Имајте убав ден:emo: Земјоживеачи :emo:,


    Ве сака вашиот Форум Фемина. :hug:


    Чекај, а дали Фемина Форумот има значење и влијае на целата интернет мрежа ? ( за вас да, ама за некој човек во Индонезија, не ) :rofl: :rofl:
     
    Последна измена: 5 јануари 2018
    На blueeparadise, kikkki, Lella и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.090
    Допаѓања:
    163.463
    Пол:
    Женски
    Дечки, сè океј ама полека со дијагнозите... :) @Briar Rose e неоспорно многу интелигентна девојка, плус како членка на форумов апсолутно со сите се однесува со почит и разбирање на различен став. И воопшто не заслужила негативна анализа на лична база. Извинете, ама не можам да не реагирам дека премногу си дозволувате :)

    Јас си кажав дека не се согласувам со оваа теорија, и @MagsDestiny баш уште поподробно ми ја доловила поентата со постовите со секој збор, за тоа во која смисла не се согласувам. И јас токму како неа, гледиштето на Роуз и останатите што кликнале на анкетата и пишале за no lives matter - го сфаќам сликовито од аспект на гледањето во ѕвездите и сфаќањето на нашата „маленкост“.
    Кај мене лично и тоа како преовладува емпатијата и емотивната страна и сум цврсто за спротивното, но ете не го сфаќам ова како пореметување, психопатија и слично, скраја да е :)

    Нихилизмот постои како правец во филозофијата. Освен што знам на по некој nihilist meme да се изнасмеам од смешни сајтови :D, далечен ми е од мојата емотивна перцепција. Сметам дека не е добар како постојано размислување и стил на живот првенствено за самата личност, бидејќи ги ускратува и позитивните чувства и уживањето подеднакво како и негативните. Ама ниту тој сам по себе не е еднаков на психопатија, туку само во екстремни случаи кога ќе се спои со други нарушувања. Плус тоа, како и апатијата, не е позерство и ароганција - туку е предизвикан од некој тригер, некоја мака во животот. Еве девојката и лично ви објаснила за PTSD, што сметам дека и не била должна да ви се отвори :)

    Така да, размислете малку пред да реагирате толку бурно...
    И да, темава е супер како и сите теми на Роуз, токму такви теми му требаат на еден форум :)
     
    На theowndemon, daylight, Lianna Anna и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    @Someonespecial
    Тaa вo свoите пoстoви имa мнoгу негaтивнoсти пишaнo зa "луѓетo" пa не гледaм некoј рaсплaкaн дa е oти сите ние луѓе сме. Сегa ти ќе ни нaметнувaш кaкo дa се oднесувaме вo дискусии сo личнoсти кoи тебе ти се oк зaтoa штo не се сoглaсувaме сo нејзини стaвoви? Акo мoже дa се кaже декa е тaa личнo зaсегнaтa тoгaш и ние мoжеме дa бидеме oд нејзинoтo нaпишaнo, aмa никoј не се пoбуни дoдекa еве ти не дoјде дa кaжеш декa нештo не е вo ред.
     
    На Petra777, faye, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.217
    Допаѓања:
    93.761
    Со фразата No lives matter, ќе се сложам дека истата важи само после смртта на ''обичниот'' човек. Да, кога сите ние кои не сме постигнале нешто битно за целото човештво умираме, сме небитни и заборавени од останатите за кратко време, освен од нашите најблиски кои се сеќаваат на нас додека се тие живи. Додека луѓето кои направиле нешто кое остава траг и допринело за напредокот на човештвото во било која смисла, ќе бидат паметени, почитувани и споменувани секогаш кога ќе се укаже прилика да им се признае истото. Не може животот на Никола Тесла, Менделеев, Дарвин и многу други кои довеле до откритија на кои ден денес се базираме да биде безвреден никогаш за било кој од нас.

    Ама сепак, оној обичен смртник остава потомство. Од тоа потомство не знаеме понатаму какви идеи и умови можат да се изродат и израснат. И кога да видиш на крајот, индиректно пак, сите сме битни и кога престануваме да бидеме дел од живиот свет.
     
    На +++, kikkki, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Моето убедување е сосема спротивно. Нашето постоење има огромен ефект врз космосот околу нас, само што тоа ние честопати не го гледаме бидејќи немаме доволно знаење, разбирање и увид во длабоките димензии на невидливото. Нашите физички тела а пред нив и материајлниот космос настанале (мнооогу одамна) како последица на нашето дејствување откако сме ја напуштиле изворната Татковина - духовниот космос.

    Високи духовни битија во повеќе објави преку вистниските божји пророци имаат кажано дека секој поединец е битен. Тоа може да се спореди со сложен мозаик - цело е кога има сè.

    Причината зошто се отелотворил Христос меѓу луѓето како Исус од Назарет е токму поради тоа што секој бил и е битен. Имено постоела опасност поради отпаѓањето од духовниот космос и сè поголемото оддалечување од божествениот извор, да дојде до дезинтеграција на душите. Макар и на една единствена душа тоа да ѝ се случело, тоа ќе значело незапирлива ланчана реакција и постепено целото Создавање би преминало во ништавило. Но Христос тој опасен процес го запрел и на тој начин станал спасителот и избавителот на сите луѓе и души.
    Земајќи го меѓутоа в предвид претходно кажаното, се поставува прашањето: а на кој живот всушност мислиме? Материјалниов, телесниов или духовниот? Телесниот живот е битен но е привремен. Тој би требало правилно да се искористи за да се насочи човекот кон духовнито живот кој е вечен.

    Во името на телесно-материјалното сфаќање на „Сите животи се битни„ честопати се прават грешки поради кои душите некое време доживуваат страдања. На пр. вештачкото одржување на телото во живот (на пр.при тешка кома) иако истото е веќе сериозно оштетено и не може повеќе да се поправи, претставува огромни потешкотии за душата која сака да си замине. Слично е и кај трансплантацијата на органи, или при обидите насилно да се привлече некоја душа во отелотворување преку тнр.вештачко оплодување, сурогат родители и сл. иако природата укажува дека сега не е времето зрело за тоа.

    Од друга страна и материајлистичкото сфаќање дека „Ниту еден живот не е битен„ е погрешно и фатално на пр. при војните кога група луѓе „проценува„ дека поради некакви „повисоки„ идеали (всушност лажни идеали) или во име на мир требало да умрат одредена друга група на луѓе или дури цели народи (на пр. прогонот врз евреите, или атомската бомба врз Хирошима и Нагасаки) . Убиените во такви настани како души можат да тежнеат кон освета (на пр.преку телепатско влијание, запоседнување, реинкарнирање...) што за последица има појава на нови војни и тероризам во иднината, но и други видови на катастрофи поради кои луѓето повторно страдаат.
     
    Последна измена: 6 јануари 2018
    На Briar Rose и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  7. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Дали мислењево ти е врз база на факти и докази или лични убедувања ?

    За да го сфатам степенот на сериозност на целото :)
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Сериозно е, не е сарказам.
     
  9. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Интересна тема, си мислев нешто да напишам ама попусто, перцепцијата сеуште ми е заробена од ноктот на Стефов-Мицов-Влахов :worried: И некој риф од Натинг елс метарц од Металика ли беше ми се мота во умот кога прочитав насловот, готово :D

    Којзнае, луѓето ја имаат таа можност да придаваат значење на сопственото постоење и преку тоа да можат да имаат богатство на искуства како ниту едно живо битие.
    Проблемот е во балансот, да не биде премногу високо или премногу ниско значењето кое се придава, да не биде "бедни рабови божји" а ниту пак "еј не знаеш ти кој сум ја", без разлика дали е индивидуално или колективно.

    Зошто е некаква Медуза која се пафта низ океанот во моментов небитна?
    Пошто не знае да си даде на значење, безвезно нешто како ќесичка од маркет само со пипци на неа, си се движи наоколу и тоа е тоа :party:

    И шо сакав да кажам сега......ноктот :x
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.658
    Пол:
    Женски
    ''NLM'' постоиме зошто не има. Битно е само нашето постоење да не го пореметува нормалниот циклус на раѓање,живеење и умирање на небеските тела. Па за да ни се најде занимација на постоењето тука и да не одвратува од правење злокобни дела доделени ни се самосвест и етички кодекс на секој од нас како бите. Постои и општествен етички кодекс како испишани правила и норми и нивното прекршување законски се казнува или не па и секогаш. Дека правото и правдината различно се толкуваат. Друго дадена ни е слободна воља,слободен избор кој е слободен додека не го пореметува текот на Космосот.
    А духовно за да егзистираме и преживуваме имаме можност за себе надградување и себе развивање.
    Е сега што можеби 1%од толпата го прави ова...Иако борјот на критичната маса се зголемува сепак се уште олигарсите безмилосно ја сакатат планетата Земја правејќи ја можна закана за она над нас.
    Ние не сме важни толку во овој филм какде ја имаме незначителната споредна улога ама со сила се правиме главна улога.Ај ќе видиме до кога.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.379
    За мене е очигледно дека No Lives Matter , едноставно секогаш сакаме да си придадеме поголема важност на самите себе, а во суштина воопшто не сме битни. Човекот како човек секогаш глeдал на себе си дека е во центарот на универзумот што доаѓа природно бидејќи поаѓа од сопствена гледна точка. Тоа е исто како да снема цела колонија мравки. Би биле загрижени и би приметиле нешто? Секако дека не, живееле и умирале како безброј пред нив.

    Како што ја читав темата приметив дека доста коменирале дека коментирале дека дека нашите животи им се битни на оние блиски до нас итн. Тоа секако е така ама мислам дека тоа не е поентата на темата, туку дали воопшто е битно постоењето на човекот во космосот. Мислам дека не е, но имаме неверојатна среќа(luck, не во смисла на happiness) што воопшто постоиме и пишуваме на фемина.

    Оф топик:

    @Lella темната енергија и капитализмот ги стави неудобно блиску.

    Освен ако не планираш да смениш пол, најверојатно посакуваш да станеш нилска кобила наместо коњ. ;)
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @BoneMachine ти благодарам што коментираше на темата :)

    Во целост се согласувам со твоето мислење, како што единствено ти ја сфати вистинската суштина и концептот зад насловот - дали воопшто е битно постоењето на човекот во космосот.

    Секој човек смета дека неговиот живот и вреден и релевантен, и тоа за мнозинството луѓе е сосема нормално, поврзано со стремежот за преживување врежан во нашата потсвест, меѓутоа тоа е дел од нашата субјективна реалност, како што во голема мера се разликува од објективната реалност која очигледно ја манифестира големата слика за се што постои околу нас, а не само човекот и фактот за неговото постоење.

    Ова се надоврзува и со твоето тврдење погоре дека човекот секогаш глeдал на себе си дека е во центарот на универзумот, што според мене е екстремно нарцисоидна карактеристика.

    Претпоставувам дека човекот не може или едноставно не сака да ги перцепира нештата низ призмата на целокупната објективност бидејќи автоматски се губи неговиот лажен впечаток за некаква релевантност во универзумот. Во случај никој да не забележал, универзумот е толку голем, истиот функционира на начин што најболното нешто кое човекот треба да го научи е дека ништо не е важно и дека ние сме несуштински;

    Инаку, мислам дека уште пострашен е фактот што може да дојде време кога и планетава Земја,одеднаш, ќе биде целосно уништена од одреден надворешен фактор, и универзумот се уште ќе продолжи да постои, ќе биде ист ефектот како некоја ѕвезда во одреден сончев систем го потрошила водородното гориво, се вжештила и се претворила во црвен џин, а потоа се оладила во бело џуџе, исчезнувајќи во темнината на вселената.

    Така, буквално никој нема ни да знае дека на празното место каде некогаш се наоѓала нашата планета воопшто постоел интелигентен живот или некаква цивилизација...
     
    На BoneMachine му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lite.

    lite. Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2020
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    164
    Пол:
    Машки
    #BLUE #LIVES #MATTER
    COPS are our Heroes!