Е де, зашо да не споделиш? Многу тешката работа ако пишеш имиња на два перафеми, убаво праша девојчето. @Panda00 секоја кожа е различна, и различно го прифаќа секој мирис, сигурно знаеш.
Нема да биде ,,интересно" ако сподели. Апсолутно убаво си прашав, немав никакви лоши намери, нит убедувам некого да купи. Затоа е и темава, да си споделиме искуства. Точно, истово сакав да го пишам. Јас искрено во последно време послабо ставам парфеми на кожа, повеќе на облека и во коса. Може и тоа има врска. Во секој случај, фала ти на споделеното мислење, поштувам искреност.
Доволно е само еден,било кој да се купи за да се проба трајноста. Мислам дека квалитетот треба да биде ист за сите…нема потреба 5/6 да се купат за да се увиди квалитетот, односно НЕквалитетот во случајов и мање битно е кој сме го купиле…
Па, не баш. Како што кажавме погоре, еден ист парфем на различна кожа не трае исто. Тоа е случај општо, со сите парфеми, не само Noir. Два парфеми од еден ист бренд (оригинал, не копија) не ми се покажале со иста трајност. И општо е познато дека свежите, цветни и цитрусни, летни парфеми се генерално со послаба трајност, за разлика од оние со покомплексни ноти. Ова го кажуваат луѓе што работат со тоа, не дека ја го измислив. Да не се разбереме погрешно, океј е што не си задоволна и што не би купила пак, тоа си е скроз легитимно, твое право е. Ама дека е вака како што кажуваш дека сите парфеми од еден ист бренд се исти и дека на секоја кожа траат исто, едноставно не е точно.
Ноир не е бренд,да не се разбереме погрешно. Тоа е продавница за наливни парфеми. За да го увидиш квалитетот на таа продавница,нема потреба да ја купиш цела продавница.Ги мешаш работите.
Па ако ти под бренд подразбираш строго само Dior, Chanel, Estee Lauder, тогаш повторно грешиш. Бренд не подразбира скапо, имаш евтини, поскапи и многу скапи брендови. Како што на пример Балеа и Алверде во Дм се евтини, а се сепак брендови/марки. Име на фирма, како сакаш наречи го. Или пошто збориме за парфеми, извини, наливни парфеми, Рефан да го земеме за пример. За нив имам прочитано/слушнато буквално секакви искуства, на некој му биле многу трајни, на некој воопшто, на некој му мирисале исто со оригиналите, на некој не. Се прашувам до што ли е. Слободно разгледај на Fragrantica, таму имаш секакви искуства и рецензии, за секој можен парфем, што го потврдува фактот дека на секој парфем на секоја кожа трае различно. Ете пробај ги баш и арапските, и Белина, и кои и да ги спомна претходно. Па слободно препорачај ми го истиот што си го пробала, да видиме дали и мене, и на тебе ќе ни трае исто. Може?
Не не те разбирам што сакаш да ми докажеш? Ноир е продавница за наливни парфеми и дали ќе купиш Диор или Версаче, продавницата треба да ти гарантира подеднакво ист квалитет и трајност. Шо е битно кој парфем е?? Во допир со кожата, се менува нотата на парфемот и може да варира,ама трајноста е иста. Во заблуда си и не не форсирај да ти ги купуваме парфемите,молим те окау е…. Од Фрагранс си купив парфем баш пред некој месец,многу сум задоволна и оригинал се. Фрагранс се вика страната. За Белина исто топ искуство имам и од нив сеуште и си купувам од таму. И молим те читај што пишував… Ноир не е производител на парфеми за да биде бренд,тоа е само името на продавницата и тие наливни парфеми кои ги продаваат не ги произведуваат они и не може да биде бренд,бидејќи се копии. Шо не ти е јасно, Боже боже…
Прво смањи доживљај, разговарај цивилизирано. Друго, искрено ни ја тебе не те разбирам што ти е поентата и за што уствари се убедуваш со мене. Во ред е да не се разбираш од нешто, ама не е во ред да не признаваш дека не се разбираш и упорно да се расправаш кога не си во право. Дојде, кажа дека не ти бил траен парфемов, сфативме, никој тебе не ти дојде дома на врата да ти продава нешто. Ако не си знаела, форум е ова, се разменуваат мислења и искуства со одреден производ, имаш милион теми за милион брендови, пардон, наливни парфеми, није ваљда дека сите реклама прават? Патем, дури и да прави некој реклама, живееме во демократско општество каде што секој има право да прави што сака, сѐ додека не му наштетува на другиот. А ја искрено, не гледам како ти наштетувам тебе со тоа што споделив искуство дека сум задоволна од парфемиве, не памтам дека негде пишав ,,молим те, купи парфем". Значи, може некој да ми рекламира до утре сабајле, тоа е негово право, а одлуката дали ќе купам или не, моја е. Не може со сила да ме натера, нели. Уживај, на никој не му е дојдено до твоите десет евра за ,,небрендираниве" парфеми, ќе преживеат луѓето и без нив. У реду е. За разлика од тебе, ја нит тебе, нит па другиве не ги нападнав дека лажат за трајноста, напротив, реков секој со свое искуство. А пошто ти си убедена дека ја ги продавам и дека измишљам топла вода, не гледам поента од понатамошна дискусија со тебе. Ја ќе си купувам од Ноар, ти купувај си од Белина или од каде и да ти душа сака, и сите среќни и задоволни, до крајот на животот.
Девојче смали доживљај ти и прифати ги коментарите/мислењата од членките цивилизирано и достоинствено и не мешај теми со паѓање во несвест и психолошки изреки од книги со наштетувате и слично. Избега скроз од темава,џабе си ја отворила за дискусија. Со среќа со рекламирање и не притискај на форумов со потпрашања и убедување за Ноир,подобро отвори анкета. Прочитај ги моите коментари и на членките,па ќе сфатиш се. Убав ден
Ќе ве бришам доколку продолжите со тензиите. Ве молам без расправии и препукувања, за да не дојдеме до ситуација да се банираме од вакви теми за опуштен муабет.
Остај што не траат, мене лично, машките парфеми иако нели копии на оригинали, сите исто ми мирисаат. А тоа со маслените капки им е чист маркетиншки трик, бидејќи ако парфемот е примарно разреден, кило масло не го прај подолготраен, а камоли една или неколку маслени капки. Така да, како и многуте "наливни" парфимерии што никнаа изминативе неколку години: бош квалитет, за бош цена. Всушност цената е таа што залажува и сите се залетуваат...
Не е цената, маркетингот е. И амбалажата. Горе-долу сите се исти, тие се... Шишиња полни тураат у мали и разредуваат. Крај.
Овие конкретно ги немам пробано, имам пробано други и наливни и оригинали, и авон и свашта нешто. Секако дека има огромна разлика од парфем до парфем, и во поглед на трајност како и на кожа. Сепак се задржав на економик кој ми се покажа најтраен и најблизок до оригиналниот, 330. Нема кој не ми дал комплимент за него, ем нежен ем траен. Бидејќи со години сум на него, се мислам да сменам малку, можеби прада парадокс? Не знам, само знам на секое одење у град обавезно си земам шишенце и тоа пак 330, ко заштитен знак ми е
Колку повеќе капки, демек толку појак интензитет, глупости да ти кажам право, пробав секако 3 парфеми со различен број на капки, ЏАБЕ.