Јас 331 го користам. Има ги кај нас овие и кога и да сакам нив да си земам, сите ги испомирисам и пак 331 си го земам
Ја па сите шо ги пробав немаат ниедна капка, некако скапо ми беше, не ми се даваше уште пари. Сите ми траат горе доле слично, на облека баш баш долго, ги осеќам најискрено. Не знам што да кажам. Коконат ми стана омилен мирис, само тој го форсирам моментално.
Нарачав три по интернет, џабе потрошени пари. Crystal Noir, Body од Burberry и One Million за маж ми и тој демек со една маслена капка. Траат 15 минути, а многу долго ги меркав, не знам што очекував. Ни овој со маслена капка не трае, а не пак другиве.
Ама зошто така прават, стварно не ми е јасно! Па не лапаме муви... Ќе купиш еднаш - нема да купиш повторно. Ќе кажеш искуство еве вака, или било како на некој друг начин, случајно или неслучајно, и нормално дека ќе се дознае. Зошто? Почему?
Епа еве вака ќе се залетаат многумина, ќе купат по 2-3 одеднаш и ете ти барем 50€… Да не зборувам за оние шо самите се убедуваат дека им траат, па упорно нарачуваат.
Да ги имав во близина, како физичка продавница, и да имаа (многу!) пониски цени - ќе си купував од најмалите милилитражи, чисто да си имам секад со мене у џеб/ранец. Али вакви цени - не. Ама, ете, мора да се проба за да се дознае. Може па на некој му се супер, му траат. И тоа е легитимно.