Девојки официјално во Македонија ни пристигна козметикава. Има штанд во Александар Козметикс во Капиштец
Не знам како стојат со цените, се надевам нема да ги качат до небо па да не можеме да си ги приуштиме... Иначе ТОП!
Леле зашто го видов ова кога не треба сега пари да трошам Идам утре или задутре, жива радосна сум сега
Значи форумов го сакам баш заради ова Само што ја видов сликава на фб, онаа што ја постиравте од дуќанот и дојдов да споделам тука, гледам веќе тема има направено Козметикава доста често ја среќавам по туторијали од девојки кои користат и не така евтини шминки, и се презадоволни. Сега кога веќе ја има кај нас осеќам дека ке биде единствен бренд што ќе го користам
Па не знам колку се вака по ибеј или во америка ваму цените им се помеѓу Maybelline i Artdeco... но квалитетот им е подобар отколку останативе дрогериски производи
На ибеј јас што сум порачувала - тие течните кармини им се по 8 евра ,а тие мат кармините што ги поставив погоре по 7 евра
Од оваа марка не да сум задоволна туку сум пре пре задоволна. Имам кармини, од сите можни купено. Примерот им е топ!! кармините да не зборувам.. И најубавиот коректор на светот !! Јас не ги купував преку Е бај туку во Белград. Е сега не се баш евтини како Голден росе ама верувајте секој денар вреди за оваа козметика.
А вака отприлика да кажете цена еве пр. на кармините или руменилата? Како и да е јас сакам да поминам да видам што има, ама бар да бидам спремна да знам какви цени ќе ме очекуваат. Пишете што сте користеле и цени ако може да имаме некаква претстава.
Се мислев дали да ја отварам темата мислев општо за козметиката од Nyx се збори, добро е што се предомислив во последен момент и ја отворив и видов ваква преубава вест. Иначе ја имам нарачувано преку нив од Србија и цените беа на кармините околу 400 ден а сјајчињата мат исто 400, а обичните околу 350 ден. Се надевам дека ќе имаат исти цени како на интернет што им се.
па толку и јас ги земав течниве кармини околу 420-430 ден...mat soft cream i intense butter gloss.... за таа цена се препредобри најискрено...а па како мирисаат на колачиии мх мх мх... ПИГМЕНТАЦИЈА И ТРАЈНОСТ ВРВ... моливчиња земав за уста и мислам дека беа околу 220-230 ден. конкретно овие нијанси toasted marshmallow tres leches nyx soft matte lip cream- san paulo nyx lip pencil -MAUVE (najpropularen moliv za usta na nyx)
Јас само едно знам дека денес или утре ќе одам да ги посетам и да си изнакупам се што ми треба. Ова го носам денес
За тие што сеуште не биле, а ги интересираат цените. Јас денес бев со намера да си купам неколку работи, меѓу кои и некој мат сјај, но од истите немаше воопшто избор. Неколку бои само. Најмногу избор на бои и нијанси имаше од обичните сјаеви. Па кој носи сигурно ќе си најде. Истите им се по 420 ден. А има и по 460. Мат сјаевите им се по 420 и се надевам ќе донесат уште бои. Кармини имаа две врсти. Едните по 290,а дригите по 420.Руменила/бронзери имаа многу нијанси на бои, околу 10 нијанси.Јас си земав еден и сум презадоволна! Ви ги препорачувам. 530 ден се. Моливчињата за уста се 260,но исто така немаа многу бои. Преовладуваа бордо нијанси, црвени најмногу. Еднобојните сенки им беа убави, пробав на раката од тестерот и истите се со светки. Не памтам точно колку беа, дали 220 или 260,но повеќе од 300 не беа. Имаа и палети со повеќе бои. Најголемата им беше околу 1700-1800 ден, а имаше и помали околу 1100-1200.Течните пудри се околу 700-800,исто така и камените. Имаа и течни сенки исто така, со светки, 220ден. Тоа е тоа во глобала. Имаа и убави сетови за веќи, како и моливи со четка од другата страна. Моливите за очи беа исто колку и моливите за уста, 250-260ден. Коректорите околу 400-500 беа. Во глобала воопшто не е скапо, а продавачката рече дека од истиот бренд ќе добијат и нови производи.
Мене ме интересираат течните пудри. Кои ги има кај нас, од оние наменети за комбинирана и мрсна кожа?