Ако може кај нас да се најде прајмерот Angel Veil, одма да си го земете. Предобро нешто, ја одвај во странство го најдов пошто стално им е распродаден. И течните кармини lingerie исто.
За прајмерот незнам во Мк дали го има , јас во Гр овде во продавницата на NYX го имам видено , исто и карминиве Lingerie. Кажи ми дали ги имаш пробано карминиве Суеде? Јас лани земав два ама не ми се допаднаа воопшто , карминот се собира и освен тоа се прават парченца од карминот на устата по некое време.. и покрај тоа што пред секое нанесување на мат кармин нанесувам лабело , само со овие кармини го имам приметено ова.
Не го имам видено, прв пат од тебе слушам. Ама имам и еден од matte lip cream убаво стои кога ќе го ставиш, ама многу брзо се исуши во самото кутивче.
Го има руменилово/бронзер во Александар Козметикс во Скопје? Од десна страна е неговата нова верзија. Бојата е Taupe. Супер е за контурирање
Го имаше прајмерот Angel Veil во Александар, го зедов јас пред неколку месеци, само не памтам цена. Преедобар ее!
Јас го имав тоа лево , се сеќавам дека прво го барав во Александар козметикс ама ја немаа баш оваа нијанса (ни новата ни старата верзија) и на крај го порачав од интернет. Навистина е многу добро како бронзер , лесно се бленда на лице и нијансата е убава , баш ладна кафена. Работата е што мене ми се скрши инаку бев презадоволна. Новата верзија незнам каква е но читам за нет дека старата била подобра
Јас го земав од ибеј околу 7 евра , би требало толку да е и таму инаку nyx има само во александар козметикс освен ако сакаш и преку нет да порачаш
Карминиве Суеде ги има , само незнам кои нијанси , они ставија слика на фб на нивната страна дека ги имаат , затоа знам
@Waka-waka Јас прашував пред некое време за течен коректор и за цена. Ваљда тој хд беше. Цената му е 390 денари.
@Waka-waka претпоставувам за овој коректор NYX HD мислиш? јас го користев пред година дена и бев многу задоволна , здравје да дојдам во Мк ќе си го земам пак. Одлично покрива и нијансата Porcelain беше ко за мене создадена за цената не се сеќавам колку беше
@YoungandBeautiful Не можев да одолеам да не влезам и буквално СЕ разгледав Цените претпоставувам дека се исти и во Ск и во Бт. За некои производи ептен скапо ми се виде, како на пример,базата за сенки за очи-околу 800 ден. а глитерот околу 400-500 ден. Една познаничка имаше ставено од нив,ама преубаво изгледаше и не мрдна цела вечер. Најмногу за коректорот(течниот) бев заинтересирана, ама немаше избор на нијанси зато шо влегов 3 недели откако ја отворија, а одма се продале. Ќе има пак,сигурно. И фарбите ми фатија око,едни италијански 218 ден. 100 мл. А, и шампони од истата фирма имаше,многу ефтини. Немам ништо се уште купено,ама ќе се одлучам за нешто кај и да е
Леле и јас го сакам коректорот Ајде ќе почекаме да ни донесат, јас баш планирав утре да одам да разгледам. Чекав да присоберам пари, оти знам дека ако појдам нема да можам да одолеам Извини што ти досадувам ама уште ова Која беше цената на коректорот? Фала ти
Не се сеќавам точно, ама под 400 ден.сигурно не беше.. Провери си утре,можи има ,оти јас од ко бев има неколку недели. И ако го купиш/пробаш, сподели мислење. Поздрав