1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

OШO

Дискусија во 'Религија' започната од Sania, 17 мај 2010.

  1. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    ошо е закон :)
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Јас почнав да ја читам книга за жената од Ошо и се изнервирав вкрај! Незнам, можеби некој поинаку го толкува, ама мене лично, не ми се допаѓаат неговите ставови. И не ја дочитав книгата. :!:
     
    На Dashing:) и tessie им се допаѓа ова.
  3. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    морам да кажам дека прв предизвик да ја земам книгата насловена книга за жената ми беше оффи ;) Ги читам и воедно почитувам сите нејзини мислења и си реков што е тоа што толку ја иритира таа млада девојка и што толку волшебно се крие во книгата?

    Ете во моментов конечно ја дочитав и нестрпливо чекав да го дадам мојот осврт на нештата. Пред се сметам дека книгата е многу реална, со 80 % од работите се сложувам дека тоа се така сакале ние или не реалноста е една а она во што сакаме ние да веруваме е нешто друго. Лично ми се допадна и е лесна за читање може би не ме изненади толку многу затоа што имам слично мислења за многу од работите. И пред се во животот подобро е да прочиташ и сознаеш многу ставови и да го собереш она што е позитивно за да знаеш што треба да отфрлиш. Ако ја гледаш само позитивната страна и розевата човек ќе се изгуби во црнилата.
     
    На FridaKahlo му/ѝ се допаѓа ова.
  4. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Може некој во кратки црти да ми каже што всушност е Ошо, не ми се чита цели реферати :D :D :D
     
  5. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    Ошо е филозов кој до крајот на 1960 година почнал да ги развива својте уникатни динамички техники на медитација. Му се чинело дека современиот човек е толку оптоварен со архаични традиции на минатото, како и загриженоста на денешното живеење, дека мора да одат преку длабинско чистење -процес пред да се откријат мислите кој се помалку релаксиранчка состојба на медитација.
     
  6. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    381
    Точно е дека ова е форум и дека треба да ги искажеме наши лични мислења и ставови.
    Ама Ошо не можам да го негирам! Една е вистината! А како доаѓаме до вистината, и како ја гледаме и како ни нас одговара е наше! Ошо вика има два начина на кои се доаѓа до вистината, логички и реално со ум и она необјасниво кое само може да се осети и доживее ( вера )! И е во право! Ошо кажува за Апсолутот кој што можеме да го доживиме само и само преку срцето ама свесно со помош на мозок!Умот е добар слуга ама лош господар! Кога нешто анализираме и сакаме да дојдеме до заклучок идеме во крајности а кога сакаме нешто да осетиме, самото препуштање на чувството без ништо скриено и подзаскриено е крајност! Љубовта е една! И ја знаеме дефиницијата која е и можеме да ја искажеме со зборови зашто се знае, и е научена ама сето ова е џабе ако не ја доживееме и осетиме внатрешно, тоа е она нешто кое не се знае и е многу по битно!
     
  7. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    втора прочитана книга од ошо ми е Внатрешното Патување книгата е убава и кој сака филозофија и размислување може да си ја земе. Нема да ја објаснувам што и како се работи само ќе го цитирам објаснувањето на крај кое вика
    Човековото погрешно учење не наведува да мислиме дека главата е најважниот дел од нашето тело. Главата или мозокот не се најважниот центар на животната енергија на човекот.
    Каде се наоѓаат корените на човекот? Најважниот дел од човековото тело е папокот ..........
     
    На nesa и ViKtOrIjA21 им се допаѓа ова.
  8. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    Денеска видов дека во книжара во Беверли онаа што гледа од кај паркингот, ги држат книгите на Ошо, бар имаше 4 негови книги.
    п.с. За оние што бараа да купат.
     
  9. Wilde2105

    Wilde2105 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    24
    Го обожавам ... Ме инспирира ....
     
  10. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Ги имам прочитано скоро сите книги, повеќето ги земав од странство, а и нашиов превод не е баш најдобро направен....
    Немам зборови за да напишам за Ошо...
    Тој е цела мистерија....
     
  11. Butterfly3

    Butterfly3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    22
    Г-ѓа Сања а во која вера вие верувате?? :) Будизмот колку сто ми е познато е Индиска вера... вие сте МАкедонка или??

    Исус бил комунист - уффф сто и да написам ќе ја згресам...!
     
  12. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Темава е за Ошо, што е битно која религија е Сања, јас или некој друг кој ќе коментира овде??? |(
    И Ошо, не е филозоф како што напишал некој погоре.
    А, за неговите дела, треба многу повеќе да се разбере меѓу редови и зад зборовите. ;)
     
  13. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    Летово се скинавме со Миле да продаваме книги од Ошо, а врска си нема.
    Разлистив неколку негови наслови и ко прочитов за бракот, дека бракот е измислица од христијаните, дека по добро е без брак, зш кога и да сакаш да си отидеш од човекот со когото си-слободно можеш, без никој да те спречи. Дека Адам и Ева се измислица..за мене Ошо богохули и е голем идиот. Мое мнение, ништо лично!
    А ко се сетам колку се купуват неговите книги... :puke:
     
    На MarchelineAmaru, priti и eli25 им се допаѓа ова.
  14. Butterfly3

    Butterfly3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    22
    Епа само да прочитате г-ги и госпогици кои пропагирате дека Ошо бил закон, како Исус бил комунист и не знам што ... а како Буда е семоќен и допуштал полиберални сваќања, и како пеколот на Будистичката вера и Буда не е вечен како кај радикалниот Исус... ќе видите дека ИМА МНОГУ ВРСКА СО РЕЛИГИЈА ;)
     
    На priti и antilla им се допаѓа ова.
  15. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Не можам да ги читам сите информативни постови на почетокот од госпоѓата Сања, мака ми е, а и ме нервираат. Знам по нешто за овој духовен водич а.к.а секс гуру Ошо и не ни сакам повеќе да научам, учењето му е чисто срање. Мислам дајте, бракот го измислиле христијаните |( ахам, да... требало да седне и да учи малку историја: бракот постои уште од антиката и предхристијанските времиња; животните биле мирољубиви, не нанесувале зло, не одземале животи, немале војни. Ха, да, да немаат војни тие, само што за да опстане еден животински вид се храни со друг, законот на џунглата, на природата, како и да е, тоа си е природна појава, нормално е тоа е нивно ниво на живот, само типацов извртува факти, изгледа и тоа не му било јасно, впрочем што не отишол во планина помеѓу глутница волци, да си медитирал таму со нив па да видел колку мирољубиво се однесуваат животните. Уште ред други глупости сум прочитала ама да не го тупам многу... Само се, се, ама кога ќе слушнам дека луѓето се предодредени да живеат "племенито" како животните и дека се на исто ниво со нив :x Ова за мене е омаловажување на човековиот род и на сите негови достигања во целост... Па кога само ќе помислам дека од вакви некои учења произлегуваат разни изопачености како зоофилија, педофилија и т.н, не сакам ни да слушам повеќе за ова :puke: . Во право е на пример кинеската држава што нема толеранција кон ваквите движења, култови, секти или што и да се. Кој сака нека си го чита, јас нема, одвратен ми е, крај, не се навраќам повеќе на темава.
     
    На tessie, MarchelineAmaru и priti им се допаѓа ова.
  16. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Тоа што Ошо го напишал е чиста вистина, ама кога се прочитаат сите негови дела или на било кој начин кога ќе се сфати неговото учење и дело. :!:
    Иначе ако прочиташ само две страни, ќе падниш во несвест. :lol:
    И нема никакво богохулење. Вистината си е вистина. само треба да се разбере и сфати.
    А, најпрво да се чита меѓу редови.
     
    На Gunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Не би да вреѓам некој, ама реално гледано, ограничен, медиокритетно настроен ум, не може да навлезе во суштината на учењата на Ошо.
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. priti

    priti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    83
    Еве што вели вашиот сакан Ошо за Господ

    http://www.osho.com/library/online-libr ... 8-01f.aspx
    Не се ова тешки навреди?
    грешник, убиец, силувач
    Како може нормален човек се да поврзува со секс? Да не испадне сега јас дека вреѓам ама само затворен и медиокритетно настроен ум може да го поддржува кога литературата навистина си наговестува ненормален однос према животните и према децата. Имам негови книги дома на српско-хрватски. Ошо не бил нормален, тој не се врти према природата на човекот туку ја извртува. И ограничен е како и неговите следбеници, ете пример не ја разбира христијанската филозофија за Бог нит филозофиите на останатите религии.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Jaс ипак мислам дека се е релативо, не сум атеист, ниту имам нешто против христијанството (не сум христијанка инаку) ама кога ќе видиш, така е. Господ -христијански Бог, сеедно... не мојот Бог, така да, не би кажала ништо. Не би да објаснувам имам за учење многу.
    Само ќе кажам дека си стојам на своето и дека различни луѓе -различни размислувања.
    И пошто е општ подфорум, а категоријата е религија, можам комотно да кажам дека и самиот поим "нормално" за еден човек, не е јасно разграничен, истиот тој е релативен и сепак зависи од средината на поединецот.

    Споздрав, се најдобро и не се притресувај. :)
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. priti

    priti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    83
    Ова ако беше за мене наменето :D добро тогаш, нема аргументи за одбрана на овој Ошо кој Бог го нарекува силувач а Исус копиле, па удри по мене :) . Ама ако, нема проблем, не се притресувам јас, погрешно го сфаќаш и тоа, само извадив аргументи и мило ми е што ти помогнаа да сфатиш дека за бадијала вреѓаше толпа луѓе претходно.
     
    На Miss.Ricci и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.