1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

OШO

Дискусија во 'Религија' започната од Sania, 17 мај 2010.

  1. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Не сум вреѓала толпа луѓе претходно, не ми беше тоа намерата.
    И не, не го сваќам текстов како аргумент наменет да се докаже дека Ошо е глупост.
    Не удирам по тебе, тоа трета работа.

    Нема потреба да го бранам мртовецов, ништо не добивам од тоа, сваќаш?

    Пополека...
     
  2. priti

    priti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    83
    Па полека тераме де полека :) Сега не го браниш ама прееска да, и дека беше навреда, беше иако не ти била таа намерата. И ајде доста сега со забегувања од темава, не ми се пишуваат постови за џабе. Јас само изреагирав на тоа дека ограничени умови не можеле да му навлезат во суштината на поентата од што се оставаше впечаток нешто како тој бил демек многу кул и се знаел, па изнесов факти дека не е така туку баш напротив зашто суштината на христијанството не ја разбрал. А претходно се воздржував да коментирам на темава баш за да не испадне дека јас вреѓам. ;) Ама фактите си се факти и имам уште дури и језиви само мислам дека беше доволно и нема сврха да продолжам со овој богохулник, секташ, психо, секс-манијак или како и да е.
     
    На tessie, MarchelineAmaru и Gunshine им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Не дека не му ја сфаќам поентата на типов...ја сфаќам, ама од тоа што го сфаќам ми се гади. По се изгледа, ова ќе да е уште еден од групата антихристијански пионери. Самиот тој факт ме одбива да го читам. Море, мене ова ми мириса на уште еден обид за перење на нашите мозоци додека во нив не остане ниту трунка од морални вредности и ограничувања по кои се разликуваме од животните. Без навреда за тие што го читаат и ценат.

    Едит

    Зашто би се викала жената Дева Марија, ако имала полов однос и била силувана? Башка што ја меша Лилит во приказната? Таа е митолошки лик, ја нема во Библијата...ем немаат појма, ем плукаат, оффф
     
  4. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    И јас го имам истото мислење ,човекот сигурно си имал некои проблеми со балансирањето на сопствената личност ,па барал утеха во балансирањето на туѓите животи.
    Нели е тоа јадно и иритантно за желудникот?

    Беден ,мизерен ,богохулник :puke:
    Господ нека му ги прости гревовите што му излегле од умот негов извитоперен!
     
    На tessie и priti им се допаѓа ова.
  5. priti

    priti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    83
    Еми ајде де? А јас сите книги негови дома шо ги имам би ги спалила на буниште ама пусто тато се бави со религии тоа му е професија, мора да ги има. И тој вели дека ова Ошо е само перење мозок ама ај објасни им на луѓево со што си фатиле работа. И тоа со Лилит, така е нели Лилит е од митологијата, Библијата не ја признава неа што има да ни ја спомнува?
    Тој толку ако сакал верници и следбеници што не си ја проповедал верата едноставно и готово. А не тука за се за што нема одговор се фатил христијанството да го дискредитира и да го навредува крајно нетолерантно за на база на тоа да собира приврзаници. Глодар. :@ А тоа за сексуалните злоупотреби што ги вршел над жени и после тој за силување ќе кажува :puke: И не само тој, и другите како него, пример Саи Баба педофилот, пак за се прво удри по христијанството, како некој комплекс да си имаат од Господ и од Исус. :(
    Туку ајде јас да не осудувам, убаво си рече MARCHELINE, Господ нека им ги прости гревовите и гнасотиите ако е простливо ова воопшто :puke:
     
    На Mama25, tessie и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  6. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Со ова Ошо сака да каже дека Дева е чиста, невина, а ако жената родила не е невина. Дека е невозможно да забременила без полов однос (па, затоа или имала полов однос или е силувана, трето нема).
    И општо, ги објаснува и другите случки кои наводно не се случиле, а се нарекуваат чуда.

    Убаво прочитав погоре од некоја, Ошо не е за ограничен ум. Не може лесно да се сфати, и никогаш вистината не се крие во неговите зборови туку зад нив. :)
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Секој оној кој го негира она кое го пишува во Светата Книга, ми е иритантен.

    Ни Библијата не може да ја читаат и разберат луѓе со ограничен ум ако е за тоа.

    Постојат многу, според мене, помудри и попаметни луѓе, луѓе кои откриле многу и придонеле за развој на човештвото со многу повеќе отколку со обично негирање на нечии верување, па сепак не го негирале она што го пишува во Библијата.

    И вистина, ако бил толку возвишен и паметен, зошто само по Христијанството удирал? :puke: И во другите книги има чуда, што не земе нив да ги негира? Или најлесно е да се удри по Христијанството кое проповеда филозофија на простување, на вртење на другиот образ. Интересни ми се ваквите курнази, само за Христијанството може да ги слушнеш вака да зборуваат. Тоа ме носи до два заклучоци: 1) или се плашливци и не толку паметни колку шо сакаат да продаваат памет; 2) или пак изборот на Христијанството е намерен, а можеби и нарачан од друг.

    У темине за врски меѓу луѓе кои се од различни религии, им се чудите на паметот на тоа како некои жени може толку да си погазат на сопствената вера и традиција (што не мора да е случај, зависи од самиот пар и од границите што ќе ги постават и дека постојат парови во кои никој не си ги менува верувањата и обичаите), а се воодушевувате на ошо (намерно е со мали букви), а не сте свесни, колку, читајќи го, си го негирате всушност своето потекло, религија и сл. и инсинуирате дека тие кои не го прифаќаат се со ограничени умови. Малце ми е така... интересно.
     
  8. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Не сум компетентна да дискутирам за Ошо бидејки имам прочитано само една книга од него -Креативност .
    На моменти ми се учина контрадикторна ,на моменти интересна ама целокупниот впечаток ми беше негативен .. Ќе побарам уште некоја книга од него па да можам да оформам мислење .

    Инаку еве нешто за комуната на Ошо .
    http://mkrevolucija.com/zhivot/item/2333-desette-najozoglaseni-sekti-vo-svetot
     
  9. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Па не го куди Христијанството се некоја намера, туку кажува случки кои наводно се нереални, зимислени, несфатливи.
    Во еден наврат кажува дека Исус од камен правел леб. АКо било така зошто од цели планини со камења не направел огромни лебови, па сите ќе биле задоволни. Итн.

    Секој има свое право за мислење, јас сум Христијанка, го сакам Исус, ги учам неговите учења, но истовремено го разбирам Ошо и гледам дека се од негова страна е добронамерно, со причина, а не е обично кудење. :)
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Не знам како може да си Христијанка, а да се согласуваш со некој кој негира дел од христијанските учења, ма од која и да било причина. Какви верници сме ако не веруваме?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Теси, јас не можам слепо во ништо да верувам.

    Верувам во Исус, иако не сум го видела. Но, исто така верувам дека многу делови од Библијата се искривотворени, фрлени, уништени, а и во самата религија низ текот на годините.

    А, Ошо укажува на независноста, да сме слободни, не врзани, не некој да ни вметнува во глава дека мора да е така. Исто и за религиите, убаво објаснува, и јас ете го сфаќам.

    (А, ако ме прашуваш како може да го слушам Ошо и да сум Христијанка, па како може многумина поим немаат од Библија, не ги почитуваат Божјите заповеди, прават лошо и пак да бидат Христијани?)

    Мене не ми е битно кој, што е. Ги сакам и прифаќам сите. Само да се искрени, да не се лицемерни.
    Сакај го Ошо, мрази го, мене тоа не ми е важно.
    Само си кажав за себе дека го читам и разбирам.
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Оф, мене пак најмалку ми е битно. Никогаш не сум им судела на луѓето според нивните верувања.
    Но, малку ми беше контрадикторно, читам што се` рекол за Исус, Господ Бог и Христијанството и не ми е поимливо и од друга страна гледам дека луѓе кои го сакаат Исус го сакаат и почитуваат и Ошо.

    Не го мразам, не е во духот на моите верувања да мразам некого.

    Нелогично ми е да не се верува во се` што е пишано во Библијата, мислејќи дека денешново Свето Писмо не е поучителот на вистинската вера, дека е сменето, а се верува на некој кој пак, без буквално никакви пишани докази, ги искривува работите во Светото Писмо и се користи со се` освен достојни зборови за Господ. Да не зборам дека неговите следбеници биле вмешани во убиства (според она што го прочитав на линкот објавен од мими)

    Не верувај во моето, но немој ни да го поганиш. Тоа е мојата агенда.
     
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    За некој да верува во Христа Бога и за да може да се нарече дека е Христијанин, потребно е да го исповеда следново:

    Верувам во Единиот Бог Отец, Седржител, Творец на Небото и на земјата, на сè видливо и невидливо;
    И во Единиот Господ Иисус Христос, Син Божји, Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови: Светлина од Светлината, вистински Бог од Бога вистински; роден, нестворен, едносуштен на Отецот, преку Кого сè станало;
    Кој, заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од Небото и се вплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек;
    И беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат, и страдаше, и беше погребен;
    И воскресна во третиот ден, според Писмото;
    И се вознесе на Небото и седи оддесно на Отецот;
    И пак ќе дојде со слава, да им суди на живите и мртвите, и Неговото Царство ќе нема крај;
    И во Светиот Дух, Господ, кој живот твори, Кој исходи од Отецот, на Кого се поклонуваме и Го славиме заедно со Отецот и Синот, и Кој говорел преку пророците;
    Во едната, света, соборна и апостолска Црква;
    Исповедувам едно крштение, за простување на гревовите;
    Го чекам воскресението на мртвите;
    И животот во идниот век. А М И Н

    Се` друго е млатење празна слама и залажување на себе си.
     
    На okcenzi, angelce1, mimiiiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Верувам во тоа дека е така. Ова што го напиша е нешто најосновно, најсуштинско... ;)
     
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Ошо Раџниш (вистинско име Чандра Мохан, живеел 1931-1990) за мене бил интелектуалец кој го криел своето човечко его зад маската на спиритуалноста, но не и духовен мудрец, далеку од просветлен. Тој бил доктор по филозофија, а во принцип тоа се начитани луѓе.
    Кога е некој начитан, полесно и поубаво може да се изразува за разновидни теми и намерно на необичен начин да ги меша темите правејќи разновидни умствени спекулации, ментални „гимнастики„. На тоа ако му се додаде дека е од „далечната и древна„ Индија, долгата брада, капата што ја носел се добива навидум харизматична личност.

    Но според моите убедувања мерило кај ваквите спиритуални учители треба да биде Исусовото предупредување: „Според плодовите ќе ги познаете...„. а неговите плодови биле доста горчливи.(биотерористички напад, прекумерен луксуз со ролсројсевите, кршење на законите на САД и тн.)
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Кршење на американските закони... А, знаеш колку смешни закони има во Америка ? И дека се ограничува секоја слобода на човекот...
    А, за автомобилите, тие автомобили се од неговите ученици, кои претежно биле тешки богаташи.

    Било кој човек кога не се идентификува со материјалното, не му е важно дали е скапо или ефтино, а тоа го може само личност без его.
    Без его нема живот, зошто егото не одржува во живот, но тоа е веќе друга тема.

    Сепак, не реплицирам повеќе на темава, може ќе напишам некогаш нешто...А, секој кој го интересира зошто мислам поинаку, слободно нека ми пиши преку ЛП. :)

    Само ќе речам, намерно многу невистини се кажани за Ошо, многу работи се извртени и кривотворени. Неговите зборови не смеат да се проголтаат ака наивно, а јас стојам на тоа дека го разбирам и почитувам неговото дело и ништо досега не сум сфатила дека се работи против било која вера. :)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    САД навистина имаат од меѓу другото и понекои смешни закони, но да се посегне по туѓото здравје, живот и имот воопшто не е смешно.
    Тоа е воедно кршење и на духовните закони што пак за резултат има страдање.
    Тоа не е спорно само по себе, но зошто ги прифаќал тогаш таквите подароци и што правел потоа со нив? Разбирливо е да се имаат 2-3 (другиот за резерва ;) ) ролс ројса, џипа (како оние на МПЦ :D ) и сл. ако тие овозможуваат побргу и поудобно да се стигне на некое место за да се стори добрина, подари љубов и сл. Но тој ги имал 96 на број!!!

    [​IMG]

    Тој ги правдаше со духовно офарбани изговори, дека се работи за практична шега со цел да креира завист кај своите следбеници („побитна ви е лимузината отколку просветлението„) но духовниот мудрец никогаш нема да посегне по такви методи за да ги наведе своите ближни на духовен развој. Зошто такви „шеги„ не правеле Буда, Исус, Богомилите и други божји пратеници?
    Тогаш тоа е духовно просветлен човек, но таквиот материјалните добра секогаш ќе ги вложи за општото добро на сите (на пр. преку нив да помогне луѓето да го остваруваат духовниот закон „моли и работи„), нема да дозволи да собираат прашина и „да ги јадат молци, и `рѓата да ги нагризуваат„.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Веќе кажав, ако сакаш некое прашање, пиши ми по ЛП, не сакам овде да се натегаме и докажуваме.

    Ама, еве сега ќе ти вратам овде:
    Ошо рекол, секој ученик да се лиши од една работа, за да покажи дека не му значи материјалното. И сите подариле по една кола, па така се собрале тука 96 коли. Но, тие немале никакво значење за Ошо. Лично тој можел да живее и без храна, зошто тогаш би му била потребна кола?
    Иначе, неговите ученици биле најтешки богаташи во тоа време. Лично тие инсистирале тој да се вози, да спие во се најлуксузно. Облеката, часовникот, се било нивно. По нивна желба, Ошо бил таков надворешен, но нему лично не му било важно дали има или нема часовник. И сл.
    Потоа, ги мешаш Исус, Буда, но не сфати ли досега дека сите тие се различни ? Патот по кој одат е различен, но врвот на планината е еден.
    Ошо бил со златни рува, но сега не чини ?
    Но, Исус бил во партали па пак не чинел ! И него го распнавме.
    Затоа мудроста кај некој можеш да ја видиш одвнатре, а не според надворешниот излед, и според тоа што поседува.
    За таа цел, ќе ја кажам оваа вистинита случка со Ошо:

    Ошо со дел од своите ученици престојувал во некој луксузен хотел. Бил врв над врвовите, вистински џет сет.
    И покрај нив поминал некој човек во работничко одело. Некој од учениците му извикал: Глупак ! Во облеката си прав глупак !
    И Ошо го запрашал ученикот: По што заклучи дека е глупак ?
    -Па види го во каков хотел, тој се шета со работничка облека.
    И Ошо му одговорил: Ти си глупак ! Штом човекот го процена само според една облека !

    Така Ошо често на своите занесени ученици знаел да ги спушти на земја.

    ***********************************************************************

    Познато било со многу учители дека на своите омилени ученици им ги исполнувале своите желби. Посебно бидејќи тие многу работи не можеле да сфатат, а и бидејќи се однесувале како мали деца кон својот татко. Има многу вакви случки со Исус, Буда, и многу други.
    Еден пример е со Саи Баба. Кога почнала косата да му белее, учениците почнале да му викаат ајде да се фарбаш, давале свои идеи. И по нивна желба рекол, добро, нека ми остани косата црна, нема да ми белее. И така неговата коса засекогаш останала во својата природна боја.
    Слишно и со Ошо, знаел многу ситни желби да им ги исполнува на своите ученици. При толку пари тие не сакале да го гледаат во партали. Го молеле да му купуваат најскапа гардероба. И им ги исполнувал желбите. Зарад нивните помали умови, а не зарад тоа што тој сакал така. Нему гардеробата ништо не му значела.

    Кај книгата не се важни кориците. Не е важно ако книгата е стара и искината. Важна е содржината. Така е и со луѓето. Ако одвнатре го добивате тоа што треба, каква е разликата дали бил некој облечен вака-или така. :)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Поранешната негова секретарка (и десна рака во менаџментот) за својот некогашен „духовен„ учител:

     
  20. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    1.144
    Пол:
    Женски
    Кога бев teen мнг го сакав Ошо и скоро се што имаше пишано прочитав...среќа после видов и друга опасна страна од неговото учење и се тргнав... Ама луѓе сега што ви е послужено не сте свесни. Најврвно направен документарец, сета вистина за Ошо спакувана така филмски. Ги имате на нет епизодите, мислам 7 се и не сакам нишо да спојлам 8)