Уф јас имам проблем по оваа тема. Припаѓам во категорија песочен часовник,само мислам дека има и подкатегорија на овој песочен часовник! Не ги имам најдолгите нозе на светот зошто не сум многу висока овај нали,ама обично женските со ваква форма имаат малку пониско всадени колкови и покуси нозе,епа кај мене не е баш така. Попропорционален ми е соодносот помеѓу должината на телото и нозете,е арно ама заради тоа пак ми се познаваат спојлерчињата,зошто струкот ми е малце повисоко (у превод,не сум типично женче а ла Кимка (женче,зошто она ми е баш женче,тотица),поинаку не знам како да објаснам). Да не дужам,нешто ко Теодора. И дали сум пронашла идеална облека?! Не! Се бунам! Не можам да носам превисок или пренизок струк на панталони,нешто измеѓу и претпочитам работи кои ми ја истакнуваат половината. Градите се трудам да ги намалам визуелно. Не ми се препреееголеми,ама бодат очи,а не сум тој тип што...брцка во очи со нив.Заоблени се и фини,па често ме заебаваат на нивна сметка ако се малку поотворени за јавноста. Исто така и задникот се трудам да го камуфлирам,ама тој пак најнеуспешно ми се сокрива. И покрај тоа што сум складна во однос на пропорции,секогаш изгледа ХЈУУУУЏ. А последно влегов во панталони со бројче ѕ,иронија,животиште,што и да е! Горен дел исто во Ѕ влагам,предницата затегнува,ама со соодветен градник,се средува,до душа М е светска ствар,па него го претпочитам,ама зависи и од моделот. И така...у превод...носам што ми се допаѓа,работи кои не ми се удобни ич не ги носам,работи кои ми истакнуваат тоа што не треба не носам,ама немам правила како повеќето што си набројале,ова носам,ова не. Ама после јануари лапачот ова тело ќе се пробликува во целост,му ветив!
Мојата форма е триаголник. Големи бутови, многу тенка половина, и мали гради. И да ви кажам право се гордеам со големите бутови и гледам да ги истакнувам нив а да прекријам дека имам мали гради. Носам блузи со V-израз за визуелно зголемување. Понекогаш и пуш ап но многу ретко.
Телото до пределот на папокот ми делува кршливо, многу е поситно во однос на долниот дел -поголеми бутови и голем гз. Имам масни наслаги околу стомакот и спојлери, затоа и не носам работи со низок струк. Долги и прави нозе, ама буцкасти кај бутките. Ми стојат работи каде што струкот се стеснува, ама само во комбинација со фармерки со висок струк. Исто и суќни, ама изгледа вулгарно ако е мини, премногу ми се истакнуваат облините, невкусно е кај тинејџер тоа. Убаво ми стојат и работи со отворени раменици, имам малку поистакнати ковчиња во тој предел и ми делува фино. Исто и работи со отворен грб, ама не носам такви глупости воопшто.
Никогаш не сум можела целосно да се пронајдам во некоја градба.Горе доле не ме ограничуваат многу модели...си наоѓам маана на некои работи со висок струк,чудно изгледам а исто знаат и сукњи до колена со лош крој да ми дадат неубав изглед на долниот дел од нозете . А грешки се прават,особено ако упорно се следи некој тренд што не одговара за сечија градба.Исто и многу грешки се прават при избор на купачи и долна облека.
Роси, ме просветли сега! Сум слушнлала за песочен часовник, јаболко, круша и не знам што, ама конечно тука се најдов во онаа елипсата Најголем проблем ми е стомакот, ми беше мек и порано, ама после две бремености во две години, уф... Инаку секогаш гледам нештото да ми стои, а ако не ми стои не го купувам, па колку и да ми се допаѓа, или колку и да е модерно. И задникот не ми е баш за на изложба, па најголем проблем ми е избор на фармерки. Толку многу, што еден период воопшто немав, се префрлив на сукњи комплет. Права сукња, или во А форма до колена и релативно тесно кошулче, ама не да пука на мене - тоа сум јас. Хеланки на крај памет не ми паднало да носам. Реално, имам доста недостатоци на телово - ако ме гледаш парцијално, ама со вистински избор на облека изгледам сосема пристојно.
Јас во ниедна од овие наведените не припаѓам, јас спаѓам во т.н круша облик на телото или ѕвонче (& I hate it ). Значи: -Помали гради -Поголем стомак (во долниот дел) -Широки колкови Најчесто носам широки блузи што ми го покриваат стомакот, или кошули со каиш под градите (може е грешка не знам ) & фармерките со повисок струк, и понекогаш сукни исто со повисок струк. Фустанчиња ретко носам (и сукни ретко носам де) а имам неколку што ми се потесни кај градите а си паѓаат слободно надолу.
Јас имам форма на превртен тријаголник, значи прилично големи гради за мојата возраст и тело. А на другите места сум сосем рамна, имам многу слаби нозе, ко стапчиња ми се брееј, тесен грб, рамно стомаче што ако вежбам почесто лесно ми се затегнува, значи секаде сум слаба, дури ни газ немам,само градиве ми отскокнуваат. Порано носев цевка фармерки и горе тесни работи, ама што знам некако не ми изгледаат дека ми стојат такви работи. Мене цевка фармерка не ми стои зашто имам преслаби нозе и ми се ко подвижни стапчиња. А и горе сакам пошироки блузички, џемперчиња, поопуштени зашто тие тесните ме стегаат кај градите, не се чувствувам слободно едноставно. А фармерки сакам што се попумпарести во горниот дел а долу се стеснуваат, зашто така визуелно ми ги задебелуваат нозете и не изгледам толку слабо. Ај, вака од тие поискусните да ми препорачаат што друго би ми стоело на ваквата форма на тело.
Песочен часовник сум. Најсреќна сум за малечката половина која од ден на ден се намалува се повеќе и повеќе. Рамената ми се со иста широчина со колковите додека половинката ми помалечка. Повеќето велат дека песочен часовник имале кратки нозе, напротив, нозете ми се долгички што ми е уште еден плус. Сум имала проблеми околку наоѓање добра фармерка бидејки бутините не ми се големи ама имам широки колкови, така ми се поставени коските и до пола ке ме собере таман и после чуди се Се снаоѓам некако, мора. А градите не ми се којзнае колкави, сосема таман. И сето ова што го брмблав еве сликовито:
Би можело да се рече дека спаѓам во категоријата песочен часовник, бидејќи имам многу тенка половина, ама нит бут имам нит гради. Ама не сум без облини, си ги имам колковите и градите, а мислев на тоа дека не ми се така изразени - градите ми се нормални - средни, гледаат накај мали, ама не се со оглед на тоа што имам солиден обем. Инаку, ич не си се совпаѓам некако во овој тип на тело, ваљда некој поттип сум, ама никако не спаѓам во триаголнициве, бидејќи немам широки рамења, немам изразени колкови, ама имам многу тесно половинче. Мутант сум целата. Инаку нозе, раце, комплет долги ми се, башка и тенки, многу тенки (зашто нејќам да кажам слаби) и многу потешко наоѓам добар модел на панталони, фармерки бидејќи или ми истакнуваат дека немам задник, или ми се претесни и ми ги истанкуваат слабите нозе. Најубаво ми стојат такви наберени напред под струкот, баш такви какви што ги опишала blueparadise, и мислам дека таквите модели се најдобри за посабите девојки затоа што ете, визуелно даваат убав, нормален изглед на горниот дел од ногата и не се познава слаботијата. За вакви модели зборев.
Јас сум песочен часовник не сум многу висока, а моментално имам 5-6 кила плус Манекенките се 90-60-90, јас сум 100-70-100 се имам мерено со метро. Фармерки ретко можам да најдам да ми одговараат, во нозете ми чинат, во газот ми се тесни (имам поголем задник а во половината широки, овој проблем -купување фармерки- го имам цел живот, затоа почесто си носам хеланки со туничиња тесни до под газ обавезно затоа што ако се пошироки ме прават подебела. Несакам ништо широко, а и немам во мојата гардероба Не носам блузиња, фустани без прерамки, преферирам со ракавчиња, а прслук носам 95ка и пробувам да ги намалам градиве визуелно И на крај, си го сакам моето тело и убаво се чувствувам во него а тоа е најважно од се нели?
Од формиве дадени тука, најблиску сум до песочниот часовник. Но сепак неможам да определам точно. Моментално очајно се обидувам да ставам некое кило плус, затоа што повеќе се сакам со облини ( не претерано, секако). Инаку, имам широчки раменици, гради со средна големина, но убаво оформени, тенка половина, рамно стомаче, делумно широки колкови и нормален задник, ни голем ни мал. Е сега, што ми стои... преферирам тесна облека, си сакам и деколтирани блузички, и хеланки. Но секако не претерувам и внимавам сето тоа да е со вкус искомбинирано. Широка облека-во никој случај. Ужасно ми стои. Долги фустани и сукњи исто така избегнувам. Имам доста слаби нозе, па некогаш имам проблем при изборот на фармерки и пантолони. Главно сум задоволна од формата на телото.
Висока сум широки рамена мали гради тенка половина и немам некои облики кај нозете и убав газ си имам баш е со телото а во формиве не можам да се пронајдам баш најмногу на правоаголник мислам дека е xD сукни и фустани не носам не си ги сакам нозете слаби се ама зато фармерки мислам дека баш многу убаво ми стојат блузи со V израз не носам од та причина мали гради си имам и не си ги сакам (не растан не сум јас крива ) а облека носам секогаш тесни фармерки хеланки многу ретко носам кошули маици и тесни и широките не ми стојат лошо. сакам кај нозете да се здебелам малце и кај рацеве ама нема
Имам тело во форма на дијамат, значи мало гради, мало газе а голем стомак, сакам блуски пошироки не сум многу за залепено за мене зошто не ми стои, повеќе носам под гради со ластика а надоле спуштено, повеќето ми се такви и си ги обожавам, исто е и за фустани...
Неможам баш да определам, во две форми си се пронаоѓам. Но никогаш не се водам кон вакви правила, ако имаш вакво тело ова ако имаш такво тоа. Абе си влегувам во прдавница, пробувам, ако ми се допаѓа како ми стои си го купувам
Не е ова правило, ова само може да ти помогне при изборот на облека. Знаејки ја формата на своето тело може да ги истакнеш позитивностите и да ги сокриеш работите од телото кои не се за фалење Многу помагаат вакви совети. Дијамантот има голем стомак, со ластик или лента кај струкот се добива визуелно помал стомак. Инаку се греши често со позицијата на ластикот, не треба да сече кај стомакот, така се дели само стомакот и ластикот е поширок па изгледате ем подебело, ем може и да е непрактично и да ве стега кај стомакот, а кога се става горе кај струкот одма стомакот се покрива цел. Всушност се што е пошироко кај стомакот треба да се избира, да не е тесно во тој дел, додека да се истакнат слабите нозе. Еве ти некои примери отприлика на што мислам
И јас неможам да се определам. Имам широки раменици и голми гради, тоа под градите ми е тесно (тоа црвеното на сликата), а под него е ептен широко до нозете. Имам и дебели нозе, а стомак и стомак имам.