1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Oдбегнување

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од wolf4e, 23 ноември 2010.

  1. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    Hезнам што е проблемот со мене-ама лугево многу ме одбегнуваат ;( дали сум таква намкорка,неинтересна,досадна,затворена-незнам што е работата,ама се работи за одбегнување.имаме пријатели и јас сум со добри односи со девојката,речиси најдобри другарки сме,ама некогаш се чуствува како да не одбегнуваат,имаат глупави изговори,и сега пред 1 месец запознав од пријатели на татко ми,керката нивна живее овде.на почетокот си беше ок,доагаше дома,на кафе се,се дур не се сретнавме јас и мажот ми со свекор и,свекор и е грк мислам или егеец,и беше малку чуден со нас,ама мислам и поднапиен беше.и оттогаш не е дојдена дома,ниту јавена,ни ништо,и пишам на фб секогаш прва,не ми врака,се осекам како некој идиот,се срекаваме 1 неделно имаме исти активности,и секогаш и велам дојди и секогаш бара изговор или зафатена.и не само оваа,секогаш кога ке сме кај чичко му на мажот ми,се осекаме исто,дури и мажот ми чуствува,како црни овци се чуствуваме.дали до нас е проблемот-незнам?не сме некои гласни,да озборуваат,лошотии,едноставно тешко ми пага,на сите му се јавувам да ми дојдат на кафе,само бараат причина да не дојдат :worried: феминки што мислите вие?
    би сакала фемиките што ме знаат да ми напишат какв впечаток сум им оставила,макар и да е лошо
     
  2. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    мислам дека темава е за психологија, или ? :^)
     
  3. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    Aко сакаат модераторите нека ја преместат :?:
     
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Волфче, пријателката очигледно или нема време, или не сака да се дружи, или едноставно не знае како се негува пријателство. Не им се наметнувај на таквите луѓе, не заслужуваат веќе да ги викаш на кафе.
    Имам и јас таков случај. Со една од најдобрите другарки, сега сум многу оддалечена. Девојката се мажи, разбирам дека нема време, но да и’ напишам меил и порака на телефон, а да нема време да одговори, за мене е многу. А во исто време ја гледам активна на ФБ |( . Знам дека нема ништо против мене, зашто кога ќе се сретнеме сама ми вели ќе те барам за кафе, ама после ја нема никаде, изгледа заборава. ја викав, и’ пишував, но после последниот пат не пишувам веќе, ќе чекам одговор (ако дојде). Немој да мислите дека сум досадна - еднаш месечно ако и’ пишував, или на две недели, колку да се одржи контактот.
    Зборот ми беше, Волфче седи си мирна, ако сакаат да се дружат - ќе дојдат на кафе, ќе те побараат, ако не, го имаш мажот ти, семејството, не си сама. Секогаш има време за нови пријатели, некои кои вредат и кои ти одговараат, немој по секоја цена да се држиш за тие луѓе.
     
  5. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    1.462
    И јас истото би ти го кажала волфче...не се замарај толку многу со такви луѓе,остави ги, не ги барај,очигледно е дека не заслужуваат ниту трошка од твоето внимание...и не ставај се при срце,едноставно опушти се...самите ќе те побараат :*
     
  6. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Волфче за тебе имам добиено впечаток дека си ептен повлечена и добра девојка. Онака баш знаеш да се дистанцираш. Прво си реков, ајде можеби е во тие години кога се запознава уште самата себе :tmi: , ама ти мажена си била :o :tmi: (како не сум разбрала јас на време).
    Што се однесува до твојот проблем, не се секирај, може таков ти е периодот кога се нешто не ти штима, па знаеш, ние знаеме и да завртиме во правец каде што никогаш не сме помислиле дека ќе загледаме. Понекогаш таквите мисли се појавуваат од вишокот време што го имаме (ама ти сигурно си имаш своја работа, ете семејсво... па може кај тебе не е до тоа).
    Едноставно знаеш, се' се нема време, сите сакаме денот да трае 48 часа за да постигнеме се, па може ти си и напишала на пријателката во такво период, кога ни за себе нема време, не знае главата каде и е.
    А и всушност, зошто да ја бараш вината во себе и во мажот ти, може до нив е. Може тие не сакаат да се дружат со пријатели...
    Ќе ти дадам еден пример (за една моја другарка). Со дечко и ама баш ептен се чудни (тој ја направи таква, нема врска |( ), ја научи да гледа кој што има, како има, колку успеал, како успеал, колку пари се троши на излегување, како е облечен... значи ја научи материјалната страна во животот да и биде приоритет (што воопшто не се согласувам). Е сега, тој е обичен дечко со обичен автомобил, оваа уште пообична... Ама бираат со кого да испаднат, не сакат со сите да се дружат (со оние кои се над нив, а многу ги има такви, зашто еве ти кажувам дека и двајцата се обични луѓе)... И затоа ја отфрлуваат надворешната околина, затоа што патат од комплекс дека нема да се снајдат во таков свет (со луѓе над нив)... И едниствено се дружат само со уште еден пар кој е на исто ниво како и нив.
    Е сега, кај вас не знам каква е ситуацијата, ама муабетот ми е дека може и од завист да ве одбегнуваат (ти наведов чист пример).
    Така да, не се нервирај, тој што сака да го испие кафето со тебе и да се направи муабет, сам ќе се јави. :)
     
  7. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    фала девојки за советите,мислам изгледа не знаат да негуваат пријателство :^) сношти останав до доцна и размислував на оваа тема,ама зашто да трошам живци си велам? :D бројче мажена сум да и бебе имам,1год,на многу сум повлечена,се срамам многу :$ не им се јавувам повеке,ако сакаат нека дојдат,воопшто не сум загрижена :envy:
     
    На pufi-cufi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Тука лежи целиот проблем. Не сте интересни затоа што немате усти како чорапи распарани. На народот му е интересно да слуша рекла-казала муабети. Посебно, на жените :)
     
  9. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    изгледа тоа е решението :wasntme: :rofl:
     
  10. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    сигурно не е до вас но прво што ми падна на памет е дека свекор и не и дозволува да доаѓа кај вас можеби грешам но таков впечаток добив знаеш има многу лоши луѓе а младите некогаш мора да ги слушаат.
    од друга страна па можеби таков е периодот зафатени нерасположени итн знаеш некои луѓе кога имаат проблеми се затвараат и не сакаат воопшто да комуницираат. а за тебе добив впечаток дека си прекрасна личност па малечката плус бонбона.

    п.с да знаеш дека фб сосем го избришав да не помислиш дека те избришав од пријатели(многу луѓе така помислиле)

    ти праќам многу бакнежи и на малата исто и без нервози ќе видиш се ќе се среди и ќе дознаеш зошто ова се случува.
     
  11. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    Mожеби и тоа е јоелле,некогаш свекорот и свекрвите имаат големо влијание врз некои парови,искрено не ја барам повеке,се гледаме 1 неделно на фитнес сме,и здраво само ке и кажам,па ке бидам и јас ладна :devil: п.с и јас се мислам да си го избиришам фбков,ме нервира многу,поздравче и до тебе :*
     
  12. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Нема потреба да си ставаш при срце такви работи.Ти си знаеш колку вредиш,какви квалитети поседуваш,знаат и луѓето што искрено те сакаат,другите и не се битни.

    Јас по природа сум дружељубива личност,но никогаш немам желба да му се наметнувам некому.Не очекувам сите да ме сакаат и едвај да чекаат да испијат едно кафе со мене,кој како сака да ме доживува е негово право,искрено повеќе сакам таа некоја особа да не сака да пие кафе со мене отколку да пие ради реда!

    Муабетот ми е уживај си со луѓето кои те прават среќна, ако чувствуваш дека некој не сака да се дружите пушти го,не ни помислувај да расправаш криви дрини,наместо тоа запознавај нови луѓе,дружи се ти и пред се радувај им се на оние што се вистински и искрено покрај тебе! ;)
     
    На violinistka, Trendafilka и UniqueCreature им се допаѓа ова.
  13. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Женски
    Алал да ти е бројче ова е многу добар пример за тоа дека кој сака да се дружи со тебе ке најде време,а тој што не сака ќе најде изговор.Jас се плашам дека се повеќе и повеќе луѓето се такви материјалисти.
     
  14. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Wolf4e се опседнуваш со непотребни работи.
    Не го барај проблемот во тебе, согледај го кај другите. :)
    Велиш не сакате да озборувате, говорите лошотии итн, некои луѓе едноставно се хранат со тоа.
    Од друга страна свекорот може да е табиет човек, а тие се...ГРОЗНИ.
    Имам таков во фамилија. Колешка на мајка ми секогаш порано ни даваше блитва, домати, такви тракатанци и еднаш ги остави кај баба ми дома, ние не бевме во Скопје. Било што било, уште не знаеме, жената не е ниту јавена, ниту појавена тука. Можам да ја замислам реакцијата на дедо ми што не дозволува туѓ човек да влезе дома, што би рекле старите, ја испердашил фино.
    Пред една недела го избрка мајсторот кој дојде за телевизорот, затоа што он во еден попладне не пуштал тв. Или да дошол вечер накај 7, или наутро околу 9. |(
     
  15. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    1.214
    Пол:
    Женски
    До нив е проблемот да знаеш.На некои им пречи да бидеш попаметна или да размислуваш повеќе од нив.Ако имаш смисла за хумор и си така симпатична е тогаш си неподнослива,можеби наперчена а честопати арогантна или глупава.Зависи од луѓето и ситуацијата :@ :@ .А пак ако тераш како тие што ти велат и на се што ќе кажат ти велиш амин дури тогаш си добра особа со која ќе можи да се дружат дотичните особи.Ти кажувам од лично искуство со неколку пријателки.Затоа ич не си се замарај.Не е до тебе проблемот.До нив е.. :* ;)
     
  16. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Јас секогаш велам кој сака да се дружи со мене, јас уште повеќе сакам со него. Кој не сака чао пријатно.
     
  17. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    Cефора ти благодарам на советот и што сподели мислење,ми олеснува :* :)
    Jас не знам што ми било во тој период,можеби некоја слабост,сега кога се читам ми е срам и си велам јас ова сум го напишала? :o :tmi:
    Mожеби чуствував дека немам никој овде,и ми требаше да се истушам или пожалам :?: |(
    Cега воопшто не обрнувам внимание на таквите работи,зафатена сум со други активности,тука е керка ми,едноставно се научив сама-и убаво ми е :$
    A и од една страна овде македонците се многу поинакви,поарогантни и позлобни :worried: :x
    Kако и да е-не ме загрижува тоа,важно ми е убаво :D
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  18. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    За тебе имам впечаток дека си добра и повлечена личност. Мислам дека проблемот не е во тебе, не се обвинувај самата себе, ќе видиш дека е само период. Сигурно ќе се најде некој кој ќе ги цени твоите квалитети, биди таква каква што си. :)
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. anneinenad

    anneinenad Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    сакав да ве прашам за совет....имам дечко и двајцата сме на факултет во различни градови и само викенди се гледаме кога сме дома ...проблемот е тоа што другарките почнаа да не ме викаат како наводно им било незгодно да ме викаат и кога ке излезам со нив на кафе како да сум нова во друштвото и ништо не ми кажуваат...незнам што да правам
     
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.042
    Пол:
    Женски
    Интересно ми е тоа што најголем број од луѓето ме одбегнуваат, не знам од која причина, но оние мал број кои ќе ми се доближат и кои јас ќе им доволам да влезат во мојот свет, секогаш остануваат покрај мене. Или ме гледаат како никој и ништо, или ме гледаат како нешто навистина посебно, ете така сум поделена, од крајност во крајност.