Oдела (Suits)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Hipster, 1 јули 2012.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.732
    Пол:
    Женски
    Дона премногу се меша. Јас да бев на местото на Скоти ќе ѝ акнев еден бокс. Они во врската беа тројца, не беа двајца. Прво му вика, не ѝ кажувај на Скоти, грешка е. После кога веќе ѝ кажа и кога ѝ рече на Дона, She wont tell anyone. Donna - I know. Е па ако знаеше што тогаш му сипаше сомнеж во главата дека не смее да ѝ верува? М?
    Ме изнервира малку Дона во последнава епизода, а и во целава сезона. Ја направија најпаметната жена во светот. Што не ја води она фирмата ако е толку паметна?
    Му збореше за Скоти дека треба да биде со неа, па после вика, најважно е ти да бидеш среќен. |(
    И мене ми е мило што Мајк ќе си оди, баш ме итнересира како ќе се одвива следната сезона, да бидам искрена се надевам ќе биде поинтересна од оваа. Оваа не ја биваше баш, вака во целост кога ќе ги резимирам работите.
    Плус, онаа потресителната сцена на жени што си ги чекаат војничињата од бојното поле, си повратив малку во себе да ви кажам право. Ко мачки накострешени беа, сега Рејчел со солзи во очите ја гледаше Џесика, ко Богородица да е. |(
    Не бев толку изнервирана кога почнав со постов, ама до крајот ми се извадија емоциите очигледно. :D
     
  2. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    765
    Не сакав баш Мајк да си замини али ај... Харви кутриот сите го оставија на крајот :( Не ми беше нешто нај интересно финалето на сезоната, ми биле други епизоди многу поинтересни, али сума сумарум интересна сезона беше.
    Кој ќе чека до јуни сега.... :^)
     
  3. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Не ме воодушеви нешто финалето,немаше толкав елемент на изненадување.Се очекуваше дека Харолд ќе попушти,ама кога го видов Луис се беше јасно,знае он како да среди секаква фрка.
    Реин во право си за Дона,ја обожавам како карактер ама во се и свашта се меша,во сите односи на Харви таа си зима улога.И мене ме изнервира во последнава епизода :D
    Очекував врската на Харви и Скоти повеќе да потрае,повеќе акција од Скоти иако од него правеше папучар невиден.
    За Мајк ми е мило што ја напушти работата,доста веќе тапкаше во место.
    Во глобала,целата епизода ми се одвиваше бавно и на моменти досадно,очекував повеќе неизвесност.
    Сега се чека новата сезона,мислам дека ќе биде интересна,а можеби конечно ќе ги спојат Харви и Дона(надежта последна умира) :D :D
     
  4. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Каде да ја гледам серијава со превод ?
     
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.006
    Пол:
    Женски
    Почна четврта сезона :party:
    Ја гледавте првата епизода?

    Ми се чини или сите некако ми изгледаа нафурани во епизодава?
    Почнувајќи од Мајк, Дoна, а особено Харви :^)

    Се што ќе кажам за епизодава е дека ми се допаѓа во која насока одат.
    Мајк vs. Харви - баш ќе биде интересно :wasntme:
    Само се надевам дека Рејчел нема да биде ставена меѓу два огна, па да почнат да шкрипат работите меѓу неа и Мајк.
     
  6. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    ^И јас сега само што ја изгледав
    Во право си Ана,ептен нафурани сите до еден.Мајк се претворил во едно арогантно копиле,не го препознавам ниту малку,дефинитивно новата работа му го менува карактерот.
    Харви не ме изненадува,се уште си е истиот,нарцисоиден и ладнокрвен,а тука некаде и Џесика.
    Ќе има збрки со бившиот на Рејчел и конфликтот помеѓу Харви и Мајк,не може ништо добро да испадне од таа ситуација.
    И не знам зошто,ама Дона почнува да ме нервира :lol: Ептен си ја сакав сите сезони,ама сега многу ми се меша,а тие нејзините досетки ми станаа предвидливи и досадни.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Да, стварно беа нафурани сите. Посебно моментов:
    [​IMG]
    Aма пак ми беше интересна епизодава. Верувам дека и цела сезона ќе биде таква.
    Харви ми беше посекси од кога било, триста мисли да ти паднат на памет. :mm: Веројатно дека одамна го немам гледано. :wasntme:
    Добар потег им беше ова со Мајк да ја земе работава. :up:

    Врвот :D
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  8. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    има веројатност да раскинат Рејчл и Мајк или ич да не ја почнувам сезонава?

    п.с. Што ми прави Дона срцката? :wasntme:
     
  9. lavli5

    lavli5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    39
    Мене баш ми се допадна новата епизода :) Едвај дочекав да излезе новава сезона.
    Мислам дека ќе ги разделат Харви и Мајк..и дека Мајк ќе застане на страната на Луис, ама незнам.
    Предобар беше моментот кога Катрина му ја даде картичката на Луис, со неговото презиме. Неочекувано
    Леле Харви :inlove:
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.732
    Пол:
    Женски
    Серијава почнува да ме нервира. Да бидам искрена едвај ја догледав епизодава. Премногу нереално почна да ми делува.
    Забега ептен од првичната замисла некако, заплетов што го градат ми е досаден. А и Харви ми го губи шармот, ми делува некако ко да пропаѓа.
    Дона ако секогаш знае се и е попаметна од Харви зашто му е секретарка тогаш?
    Само овој новиот ми беше малку интересен, ништо друго. пак со оној истиот ќе се расправаат, бла, бла...
    Не знам, ќе оставам да се соберат повеќе епизоди, зашто вака може и да ја шутнам.
     
  11. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Изгледав и јас прееска една епизода да се пофалам и овој Харви мх мх лепотан :lol: :$
     
  12. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    765
    И јас малку се разочарав од почетокот на сезоната, ништо не ми го привлече вниманието, инаку јас Suits гледам без да трепнам. Треба да смислат нешто поинтересно дефинитивно и се надевам дека нема да ми стане од омилена серија - досадна.
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.732
    Пол:
    Женски
    Ја гледате уште серијава?
    Јас изгледав одеднаш две-три и тапаааа.
    Нема веќе ништо интересно, се за истото се фатиле. Се обидуваат да внесат хумор преку Луис, ама некако не иде баш. Плус, делува ко сите да се убиваат од работа, а Луис си го лади, си занимава со тривијални работи. Топ му е. Мислев којзнае што се случило со Рејчел, каква најава имаше, таа сиромашката дехидрирала. Сигурно од премногу мислење и грижа на совест заради Логан и Мајк.
    Права утка сезонава до сега.
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    И јас си ја гледам,чисто од досада и дека очекувам нешто да се деси,ама не се дешава :D
    Последната епизода,она со Дона и Луис ептен безвеза,рецитираат Шекспир,немаат ли работа луѓево :^)
    Харви и Мајк се веќе досадни,се тоа па тоа,порано си ги обожавав,сега се ми е исто.
    И требаше нешто озбилно да и се деси на Рејчел,чисто да мрдне серијава од мртва точка.
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Навистина ја уништија серијава :x
    Луис од најпринципиелен и моќен адвокат,стана една патетична фигура.Да си ја ризикува кариерата за насмевка на лицето на Харви,зошто побогу?!
    Мајк важеше за еден наивко,ама генијалец кој знае што работи.Последнава епизода го изиграа толку што следните епизоди мора да се врати во игра и да престане да се глупира.
    Харви пак си го изгуби кредибилитетот кога стигна да го моли Форстмен.Што се случи со Харви кој никогаш не губеше ?
    Рејчел која навистина си ја сакав испадна една манипулативна кучка,која не знае што сака.Првите сезони барем работата си ја работеше како што треба,сега и тоа го нема.
    Вметнаа љубовен триаголник во серија која нема таква цел,епа зошто побогу?!
    Дијалозите им станаа досадни,дури и Дона со досетките не може да ги спаси.
    Не ми е јасно како сите серии после 3 сезони се губат од целта? Аман веќе..
     
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.006
    Пол:
    Женски
    Во претходните сезони едвај чекав да излезе нова епизода, а и темава беше поактивна, редовно ги коментиравме новите случувања. Сега слабо некако...
    Мене ми се собраа три епизоди што ги гледав во автобус на пат кон дома, сега гледам дека и епизодата од минатата недела ми стои, а веќе и нова e излезена. Ги симнав и двете, ама некако без мерак ќе ги гледам. Најмногу ме нервира тоа што Луис го претворија во кловн! Разбирам дека целата сериозност на серијата сакаат да ја зачинат со малку хумор, ама тотално го упропастија ликот на Луис. Дворски шут им стана |( А Дона од скроз симпатична, ми стана крајно одвратна со нејзиново изигравање Pearson Specter психијатар. Како вегета се меша во секоја манџа, да беше шпанска серија, во финалната епизода ќе дознаевме дека Дона е мозокот на целата компанија.
     
    На Hipster, RainBow и Marossa им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.732
    Пол:
    Женски
    Ништо од серијава. И јас ја гледам ради реда. Чисто онака. Глупости направија само, колку безвезно Мајк го вратија, пропадна целосно, не очекував дека до толку ќе заглави. За Луис што да се каже, го уништија целосно. И оној Џеф не знам што го земаа, имав некоја надеж за него, ама за ништо не служи.
    Не знам дали само до нас е тука што коментираме, гледам на имдб епизодите имаат високи оцени.
    9.5 има последната од 317 луѓе. :wasntme:
     
  18. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Конечно мрдна серијава.Епа редно беше да се ојачи Луис,доста го вртеа околу малиот прст,се надевам ќе остане така.Очекував да побара клиенти од Џесика,ама тој пак си го побара местото кое одамна го заслужуваше.
    И мило ми е што дозна за Мајк,навистина не беше фер неговото отпуштање,додека Мајк илегално седи во фирмата,си слави со шефовите и нема мака во животот.
    Има уште малку надеж за серијата. :D
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.006
    Пол:
    Женски
    Мајк и неговата Хардвард диплома |( Once again.
    Прво потресително беше кога Џесика дозна, па после уште еден бран незивесност кога Рејчел дозна, сега пак со Луис. Аман.

    Пишале на tumblr:
    “Wow someone found out about Mike’s secret in this season finale, that was unexpected!”
    — said no one, ever. :D

    До душа, правецов во кој фаќаат ми се допаѓа, има надеж за серијава. Само да не се испокараат сега меѓу себе од внатре и да гледаме шпанска серија, наместо интересни заплеткани случаи.
    Џесика, you bitch! :devil: Па и уште му вика на Луис: You broke the law. Божем нејзе чиста ѝ е совеста. Сама си го бараше.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.732
    Пол:
    Женски
    Луис сигурно добива повеќе простор во серијава поради гледачите. Последнава епизода само околу него се вртеше.
    Мене целава серија ми добива една нереална димензија што ме одвлекува од гледање. Ама ај, додека почне следната сезона ќе заборавам оваа колку ми беше лоша и пак ќе ја гледам.
    Финалево ништо посебно.