1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Oдела (Suits)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Hipster, 1 јули 2012.

  1. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    :o Коментариве над мене.. зар ќе ја упропастат серијата? Јас само што почнав да ја следам. Прва сезона одма ја изгедав од што ми беше преинтересна, сега сум до втора .. сите серии вака ги уништуваат со повеќе сезони ама за оваа не мислев, како и да е јас си ја следам. Неможам да одолеам на шармот на Харви 8-|
     
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Нова епизода, finally!
    Леле овој Луис толку станал огорчен, одвратен ми е! Џабе му е тоа my name on the wall, кога сите со кои беше блиски во фирмата веќе не го поднесуваат. Се изживува буквално, мисли светот го освоил. А баш ми стана симпатичен и интересен, и се надевав дека ќе му дадат малку акција да ги покаже способностите на дело, некако последнава сезона го користеа само за комичните моменти. Ама ептен си зема за право и мило ми е што Џесика изигра така на крајот.
    А кога веќе сум кај Џесика, убаво ѝ залепи Мајк сé во лице, зашто кога и да тргне нешто наопаку, она се вади на таа карта. А и сама не знае колку пати Мајк ги вадел од безизлезни ситуации. И не знам што ѝ беше финтата со филмот што му го направи на дечко ѝ, може го тестира дали ќе зуцне нешто :^)
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Леле овој Луис.:puke: Целиот негов лик ми се згади со постапкиве од епизодата. Ако он беше толку правичен зошто одма не отиде да го пријави? Зошто и самиот си го продаде г*зот? Па ќе збори после за другите го лажеле, тој бетер од сите заедно е.
    Секако нема да му ја каже вистината, се знаеше тоа уште откаку му рече на Харви дека по секоја цена мора да ја чуваат тајната. Извади една од арсеналот со тајни само да му го смири умот и да престане да копа,
     
    На the.vampire.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Јас си го сфаќам Луис,навистина претрпе многу,а сите го лажеа,ама епизодава претера.Си остана сам да си се радува на името на ѕидот.Ептен гадно се испонаша со Рејчел и Дона,ама Дона убаво му рече на крајот,не беше нејзина тајна за кажување.А што му беше финтата на Луис,зошто сакаше да знае дали Дона спиела со Харви,што му менува тоа?
    Инаку Џесика секогаш прави паметни потези,мозок е жената,ама ме изнервира со Мајк и он убаво си кажа,и на него му прекипе да му ја фрлаат тајната во фаца секогаш кога ќе настане фрка,епа доста беше.
    И сега кога се реши ова,што ќе даваат следните епизоди? :D
    Сигурно некој случај пак ќе испадне како оној со нафтената компанија :D

    Едит:Колку пати се кажа зборот "shit" во епизодава? :D :D
     
    На the.vampire.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Ајде да не се повторувам и јас, се сложувам со сите вас со мислењата, само ќе додадам дека навистина не очекував од Луис да изигра вака, OK е да е кретен спрема Џесика и Харви но тој им се осветува и на луѓето за кој нема причина бидејќи цело време му помагаа во одредени ситуации, како на пример Рејчел и Дона. Типичен пример на јадник кој цел живот го газеле во детството и сега кога има моќ гази се пред себе.
    Е сега ме копка ова со Џесика што му го кажа на дечко и, може да и дојде како одличен тест дали може да му верува или не, но дефинитивно ризикува многу бидејќи како тргнаа работите сите ќе дознаат за Мајк. Најголем сомнеж ми се појави кај прашањето на Луис дали Дона спела со Харви, мислам дека има некој план со кој може против Харви со оваа информација, само незнам што би можело да биде.
     
  6. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Ептен ми се допадна епизодата,барем подобра од претходните.Сакам флешбекови,а во серијава одамна ги немаше.
    Како го здави Луис Мајк,мислев ќе го убие,ептен се внесе човекот :D
    Сепак,мило ми е што се средија работите,доста беше драмата на Луис.
    Циркуси ми беа во колата :D
     
    На evelyn993, Elena69221 и the.vampire.girl им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Мене па оваа ми беше страшно досадна епизода, за пополнување место. Ништо не се случи, ги пеглаа работите само и толку. Тотално промашена епизода.
     
  8. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Ауууу како млитаво почна епизодава а колку јако заврши :o
    Да почнам со Мајк, мислам дека кога во фирмата почнуваат да дознаваат кој е и што е, не треба да привлекува дополнително внимание, Со последниот случај закашка се, а најлошо од се ја вклучи и Дона. Аххх Дона, се надевам нема да лежи во затвор за услугата што му ја направи. Срце колку беше среќна кога и кажа Рејчел дека е Супер-херој.
    Најјак момент ми беше Харви кога ќе оди да се сретне со адвокатката и таков како прч и приоѓа и дава некој флертувачки коментари, а адвокатката го закопува со видеото.:)
    Жал ми е за Џесика, таман се реши дека е време да му ја каже на Џеф вистината за Мајк, тој веќе свати од Луис дека Џесика го лаже, баш штета.:(
    Инаку оваа епизода е режирана од страна на Patrick J. Adams, кој го глуми Мајк во серијата!:clap:
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    После епизодава којзнае што ќе се деси со Дона.Во затвор не верувам да отиде,Харви сигурно ќе најде некоја дупка,но секако ќе ја отпуштат од работа,не можат да ја остават да работи во фирмата после се.
    За Мајк знаев дека ќе оплеска нешто,уште на почетокот ми се прикажуваше :D
    И мене ми падна жал за Џесика,баш убав пар беа,и за тоа знаев дека ќе се дознае,нешто полна со претчувства бев :D
    Следната епизода ќе биде добраа.
     
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Искрено, добро ќе ѝ дојде оваа лекција на Дона, затоа што не е прв пат да се меша кај што не ѝ е место. Освен тоа, смешно ќе беше да дојде некоја типка со ташната и туку така да извлече доверливи информации од голема фирма. Уште од старт знаев дека Мајк ќе зезне нешто, а кога видов дека Дона се вмеша, знаев дека она ќе го извлече подебелиот крај.
    За Џеф претпоставував дека има скриени намери кога отиде на пијачка со Луис.

    Не знам дали го гледавте промото за следната, мене навика ми е за секоја епизода од секоја серија да барам промо на јутјуб одма штом ќе ја изгледам :)


    Следната епизода ќе биде season finale.
     
    На andreafeminaa и Marossa им се допаѓа ова.
  11. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Интересна беше епизодава, полна со емотивни моменти.
    Искрено очекував да се деси нешто меѓу Харви и Дона додека седеа кај неа во станот. Премногу искри летаа, си викам Сега ако не се сплеткаат, нема кога. Повеќе среќа нареден пат. :D
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На alekce83 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Цела епизода беше возбудлива,но сепак предвидлива.
    Значи зошто не се деси нешто меѓу Харви и Дона,фрчеа искри,дури и мене срцето ми рипаше.
    Не е океј така што прават,стресови се :D :D Па и рече дека ја сака и мислам дека му е прв пат баш со тие зборови да каже,не знам со Скоти како беше :^)
    Леле се радувам ко на мене да ми кажал :inlove::inlove:
    .Не ми се допадна што заташкаа толку убиства на невини луѓе само за да ја извадат Дона,доста себична одлука,ама барем се виде колку му значи на Харви,после 4 сезони чекајќи,дочекав :D
    И сега сум нестрплива за финалето,пак ќе има драми според промото.
     
    На alekce83 и the.vampire.girl им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Не и кажа на Скоти дека ја сака, баш нели имаше момент кога го праша зошто не и рекол, така нешто беше.
    Ова изјавава беше те сакам - те сакам, или те сакам, ама ...:wasntme:
    Нормално дека ја извадија на сметка на невини луѓе. Ме изнервира овој пат Дона, еднаш нели ја изгуби работата со тој документот, плус како може да не знае некои работи толку време со Харви?
    Мене малку монотона ми станува серијава, демек нешто се случува, ама како во круг да се вртат работите.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Море каква таква е,ама не сум подготвена да го пуштам Харви,кај ќе го гледам после :D :D
     
  15. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Финалево беше ептен предвидливо,со исклучок што на почетокот мислев дека Дона и Харви конечно ќе се смотаат :D
    Уште кога Луис и ја предложи работата,ми стана јасно дека ќе го остави.
    Мило ми е што конечно го прибраат Фортсмен,ептен гадотија лик.А
    Мајк и Рејчел ми се срцки,значи и свадба ќе гледаме следната сезона :D
    Се на се,не беше лоша епизода.
     
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Само јас ли не сакам да ги гледам Харви и Дона како љубовен пар? :?:
    [​IMG]
    Убави ми се, ама повеќе сакам да ги гледам како тим што растура :rock:
    Мислам дека нема да можам да се навикнам да ги гледам во љубовни сцени.

    Сцената со Мајк и Рејчел ептен ме разнежни :$
    Јас па баш сакав да видам како уопште Норма изгледа, мислев дека ќе ја покажат на крај, а она умре во епизодава...

    Како и да е, не беше лошо финалево, најавија интересна сезона, па ќе видиме :)
     
  17. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Јас од Харви и Дона чекам прво една јака секс сцена,мислам дека тоа го заслужуваме,па за љубов и врска понатака ќе видиме :D
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.881
    Допаѓања:
    13.410
    Сезонава мис е чини најдобра беше од сите до сега, барем мене така ми се виде. Интересна ми беше, заразлика од другите. Ми се свиѓа што не ги разделија Мајк и Рејчел, а и се надевам дека Харви и Дона ќе се сплеткаат некако. Не знам зошто ама многу добар пар ми се. Дона секогаш го упатува Харви на вистинско место, како да прави од него подобар човек. Се на се, сезонава цела ми фати око и тоа многу. За малку немаше ни да ја гледам, ама се решив да седнам да си ја изгледам како што треба.
     
    На the.vampire.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Многу ми се свиѓа кога вака некоја серија не се држи до типичниот распоред на сезоните, па имам што да гледам летово :D
    Епизодава многу ми беше Дона, Дона, Дона. :^) Харви без неа не може, готово, се изгуби целиот. Па ајде панични напади, па ајде апчиња за спиење, па ајде на психијатар... Многу ми беше напумпана целата работа. Мене Дона на почетокот многу ми беше штосна, сега ми е некако антипатична, па можеби и затоа не ме погоди тоа што си отиде (читај: ја смени работната маса). И сега веќе замислувам како ќе му дојде некоја нова јака секретарка на Харви, па ќе има cat fight :D Не знам што друго би пишала за епизодава, ништо друго битно не се случи.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Ако правев листа на најглупави епизоди од серијава,оваа ќе беше меѓу првите :D Цела 4та сезона ми пречеше колку го направија Харви мекуш,а сега пак и на психијатар стигна,панични напади и апчиња,се заради Дона.Исто како Ана,Дона ја обожавав првите сезони,ептен беше кул,сега веќе ми е претпознатлив карактерот,знам како ќе изреагира и не ми се интересни фразите.
    А 42 минути гледав како Харви се справува со отсуството,демек починала или си заминала од градот,како да ја снемало од неговиот живот.Сфаќам дека е тешко да се одделиш од некој кој ти го организирал животот до најмал детал,ама дотолку па,жената е преку две канцеларии :D
    Сега и јас очекувам баш некоја згодна, интелигентна женска да се појави како негова секретарка,не за друго,отупеа се истиве ликови,мора малку да ја освежат и живнат серијава.