Ја обновиле за 6та сезона. Спојлер: с05 Харви ми е ептен истрошен некако. Губи од шармот со нервозиве. Луис ист како и секогаш, не си е свој човек, не си ги знае сопствените желби, само живототна Харви го сака. Кога му кажуваше дека парите само ја прават разликата меѓу него и Харви, ама не сфаќа и не гледа колку е патетичен со самата таа изјава. Да беа само парите лесно ќе беше. Дона преценета како и секогаш. Допрва треба да видиме на каде ќе тера сезонава, не удавија со Дона моменти.
Вторава епизода троа поарна... Спојлер Новата секретарка баш ми е симпатична, се надевам ќе и дадат шанса да се покаже и ќе ја вклучат малку повеќе во игра. Не знам за другите, ама јас сум заситена од Дона. И Мајк како да го подзаборавија некако, ептен ми е во заден план. Луис нема да го коментирам, поинтересен ми беше кога се плеткаше со Шила и се потресуваше за мачката А Харви, стварно мекуш станал.
хахаха закон! Во спојлер е баш сцената што ми остави впечаток, инаку мн просечен почетоков на сезонава, некако ми е веќе видено, нема напнатост или мене така ми се чини
Вторава епизода за нијанса подобра од првата, но сепак не е тоа тоа. Го губи квалитетот полека серијава, а кога ќе ми текне на почетокот колку беше добра. Веќе нема правни случаи, туку само за нивниот живот и односите се работи.
Сериjава почнав да jа гледам пред 2недели, ги изгледав сите сезони ЗАРАЗААААААААА Можам да кажам последнава сезона почнаа да jа расипуваат, сега jа пуштив 4та епизода и се надевам ке подобрат нешто на коj не му се чека торент www.cucirca.eu/suits-season5-episode-4-toe-to-toe/
Се поправија со вториве две епизоди од сезонава или мене така ми се чини од што немам до толку серии за гледање периодов. Третата епизода ми беше цела интересна, но доста ми се допадна крајот од четвртава. Инаку, може ли некој да ми објасни зошто Спојлер Дона си отиде да работи за Луис? Не се сеќавам што се случи, знам дека Харви и кажа дека ја сака, ама на други работи не можам да се сетам
Каснам малку Мислам дека Дона очекуваше нешто повеќе од Харви,а тој го рече тоа „Те сакам“ онака да ја утеши,низ муабет И сфати дека не може веќе да работи за него. Инаку луѓе гледате ли уште? Спојлер Искрено не се случува нешто посебно,ама си го променив малку мислењето за сезоната.Мислам дека е добро што малку се концентрираа на приватните животи на адвокатите,барем навлегоа подлабоко во ликот на Харви. Враќањето на Хардмен и Форстмен им е стара финта,како да немале инспирација,ама тие си останаа најсилните негативци и со нив секогаш има неизвесност и акција.Мислам дека дури е можно да се откаже Харви од работата,а и Мајк со него. Жал би ми било да се раздели Мајк со Рејчел,посебно бидејќи се прекрасен пар,се надевам тоа ќе го средат и нема да комплицираат непотребно. Ми легнува сезонава малку по малку.
Спојлер Кога го видов пак Хардман ми се стемни. Крајно досаден ми е човекот и постојано е истата приказна со него, надмудрување со Џесика, бла, бла... Што не внесоа некој свеж, опасен негативец, малку да се размрдаат работите. Онака ми е сезонава, за летно време добра е, ама инаку...
Јас мислам дека Сјутс не е Сјутс без Харви и Мајк )) Тие двајца како тим ми се закон..Ги подзаборавија случаите, многу повеќе се посветија на врската помеѓу Мајк и Рејчел , многу софт сајд на Харви...Повеќе врти кон романтична драма. Искрено јас повеќе сакам надмудрувањата да ги гледам, Џесика, Харви, Луис итн итн , решавање случаи, напнатоста шо ја имаше секогаш во епизодоите во смисла „ауу како ќе се спасат сега од ова“ ? ))
Кога ќе излезе нова епизода? Спојлер Последнава епизода не ми беше ништо посебна се до крајот. Кој го предаде Мајк бе? И аман од оваа што му е психолог на Харви многу ми е одвратна.
The show is expected to resume its run in late January of 2016 for its remaining six episodes." It should be noted that the official airdate is yet to be announced. Хммммм многу сум љубопитна сега Сакам да знам што ќе се случи со Харви.
Спојлер: S05E10 Мене ми беше одлична епизодата.Обожавам ретроспективи,посебно во случаи кога не ги познаваме ликовите доволно,така да,одлично се вклопија. Харви многу го сакам,најозбилно Значи и патетичен и мекуш да стане,и арогантно копиле,пак ми е омилен За Мајк навистина е штета бидејќи конечно реши да почне на чисто,ама се очекуваше ова после толку сезони и криења. Инаку баш ме интересира,колку време затвор би лежел? Не ги разбирам казните за таква измама,освен да му забранат да работи како адвокат до крајот на животот,затвор ми е малку екстремно. И ако се дознае дека го прикривале,сигурно и Пирсон Спектер ќе пати. А за кој го пријавил,сигурно е Хардмен,бидејќи ѓубрето се` дознава,посебно под водство на Форстмен. Кој ќе чека до Јануари,па претеризам е ова
Спојлер Јас не знам како Мајк мислеше да тера така. Нормално дека мораше да му дојде крајот на неговото преправање. Секогаш е така и во животот, таман ќе престанеш со нешто што не ни требало да го правиш и тогаш те стигигнува казната... Останува да видиме само како ќе го извадат. Огромна пауза има, ќе заборавам што се случило.
Испаднаа 2 епизоди,гледа ли некој? Спојлер: S05E11E12 Каша попара епизодиве,секој против секој нешто има,се вадат стари случаи,ама многу ми се допаѓа темпото,има барем малку повеќе акција. Мајк озбилно е сменет од почетокот,бидејќи знаејќи колку луѓе повредил со лагата и колку само се вмешани,сепак не одлучи да се предаде,барем не засега.Ама таа негова тајна стварно многу народ ја знае,дури имав заборавено и без разлика кој како дознал и со која причина го крие,сепак се се сведува на фактот дека тој е крив и ќе мора да плати,порано или подоцна. Жалосно е што Харви е целосно вклучен во тоа и бидејќи човекот си има репутација,него сакаат да го фатат.Мајк и Дона му се лојални до крај,ама Рејчел можно е да попушти,да направи некоја далавера само за да го извади Мајк. Како и да е,не гледам некоја блескава иднина за него,без разлика дали ќе го откријат или не,адвокатската кариера му е завршена како и секоја работа поврзана со законот и правото. Интересно е сега засега,само се надевам нема премногу да ја увлечкаат работата.
Спојлер Премногу испозаплеткани работи, не знам како ќе се извадат. Што се не направија веќе. Ама веќе ми е сеедно, и во затвор да го стават мееех, голема работа, ќе гледаме после suit is the new jumpsuit.
За Мајк не ми е гајле, се додека го има Харви. Не ми е досадна серијава, од сите што ги гледам, а гледам многу оваа ми е но.1 во моментот. И мене ме интересира како ќе успеат од ова да се извлечат. А највеќе за Спојлер Луис дали ќе прифати нешто.
Јас сум одамна заразена со серијава, да не речам опседната Спојлер: Мои очекувања Многу луѓе им свртеа гтб, па сега видоа кој навистина вредел. Не верувам дека Луис ќе попушти, а и Шила најверојатно ќе застане на нивна страна. Претпоставувам дека на крај ќе се извлече Мајк од затвор, но нема да му биде дозволено да се занимава со нешто поврзано со правото. Тука ќе настане проблем, како што и кажа Скоти на Рејчел, Мајк нема да може да се помири со тоа, особено додека гледа како таа си го живее неговиот сон. А реално тој и Харви мислат дека нема подобри од нив во професијата.
Мене ми се свиѓа оваа Анита Гибс, ги боцка од сите можни страни, ги збутка во ќош, сироти веќе не знаат што да прават. Па малку и на нив да им гори под нозе, се испозанесоа ептен, особено queen Jessica Не знам какви им се плановите за серијава за понатаму, ама засега уште ми го задржува вниманието
И мене не дека ми е досадна, туку изгубив секаква симпатија за ликовите, па сеедно ми е што ќе им се случи. Спојлер А Луси им е најслабија карика, оваа Гибс го увиде тоа, затоа и ризикуваше да му се приближи пак, ама он е сепак лојален, доста ризикуваше за нив, па мислам дека ќе остане на нивна страна.
Луис не е најслаб според мене,туку најнестабилен 5 сезони изминаа,човекот поново и поново ги предава и прави далавери.Може нема да биде така во случајот со Мајк,тоа би било конечно созревање и избирање на правилната страна. Ама искрено,како и да испадне работата,многу ризикуваат сите за Мајк,вклучувајќи ја и Џесика,можеби таа и Харви најмногу.