https://thepiratebay.org/torrent/15483148/Suits.S06E04.HDTV.x264-KILLERS[ettv] веќе си ја нашла сигурно, сепак. Не ја гледав. Претходните ми беа интересни. Ми фалеше Харви, Џесика и црвенушката. Ме натераа да го засакам Луис,повторно Мислам на нерви почна да ми оди последно. Повеќе и од лигавине, двајцана голупчичи. и секретаркана му е шема. Би и ја грабнала сета облека на Џесика.
Епа тоа е. Спојлер Затвор. Ај нека излегува, досадно е во затворот. Ако сакам серија со затвор ќе ја гледам Prison Break. Спомнав за затвор некаде нешто? Еве, затвор, колку да сум на чисто. Ќе ја гледам сега новата, ама не ме копка нешто многу што се случува. И ја обновиле за седма сезона.
Ја гледам сега Џесика во Ханибал на Сител. Нека се раздвижат работите со тоа затворот и Fraud. Изгледа у велико ќе ја тенчат работата чим и случај извадија со цимерот на преварава пак и Харви штом го презеде другион. Луис бе, Луис.. место да ја покани да излезе, куќа ќе купува. Ама ете, ми текна за некои нелогичности, шлакнати постапки на некои луѓе. Гледајќи го Луис... ми имаат смисла. Треба да се искупам. Друго..ништо и не се случува. Не ми се свиѓа што Џесика толку ја омекнуваат па и онаа Рејчел и се закачи на грб за се нешто ја замара
Досаден ми е. Ништо интересно не се дешава. Веќе никој од ликовите не ми е интересен. Сеедно ми е. Па и гардеробата на Џесика ми е ужас веќе. Со мали исклучоци.
Од што е многу интересно, двете последни епизоди чекаат да ги изгледам..а гледам и сите се запнаа да гикоментираат,па верувам ептем,ама ептем занимливи биле.
хахахахха Жапче сама си прокоментира едно по друго Изгледај ги, мислам дека ќе има пак некој пресврт сега..
Досадно ми е кога гледам серија и никој не ја гледа немам со кого муабет да си направам или сум покушала и ме откачиле па тука бар да си подрндам сама со себе. Не ми е прв пат.
Малце досадни се епизодиве, еве и да сакам нешто да ти напишам да позбориме, не ми текнува што се случило. Изгледај па пиши ако имаш некој коментар
Конечно мрднаа работите од мртва точка во последнава епизода. Јас станав зависна од филмов. Музиката им е совршенство. Браво. Нема песна, а да не ми се допаѓа. Цела плејлиста имам. Ако слушнете на некого по улица да му ѕвони телефонот со музика од филмов, јас сум.
за претпоследната, 9та да речам, да неречам за сисината на Ред во кадата со кал дур беше или за стомакот на Луис, како му се гледа од под кошулата во ресторанот..втор пат така. друго, ништо. И Харви веќе не ми е тоа,тоа
Мене Харви ми беше многу убав у тоа ресторанчето кога седеа, со раскопчана кошула. Иначе нешто забушава со предметиве. И ова последна епизода ли беше?
За убав, убав ми е, најубав. Ама..баш тоа, случаите слабо ми беше оваа сезона.Баш заради тоа ги гледавме. Само последнава епизода ги извади (не знам дали е последна,знам ја најавија на страната како финале... или ми се чини?!). Иако па, не беше Харви во игра баш,баш...Џесика во судница ми се свиѓаше. Уште повеќе ме изненади и ми се свиѓаше што реши да се повлече уствари не знам дал ми се свиѓа,особено ако повеќе не ќе ја гледам во серијалов. Ама дека си отиде по патот со облаците(љубовта)Интересна беше последнава епизода. Драго ми беше за последниот случај.
Последнава комотно можеше да биде и финале на серијата. Се осеќав како да завршува, некако се сложија сите коцкички. Само нешто повеќе помеѓу Дона и Харви фалеше.
Мене епизодава ептен out of character ми беше. Ама ми се свиѓаше, и сакам Харви да го видам у љубовна (успешна) врска.
Пред неколку саати ја изгледав најновата епизода и сум позитивно вознемирен од тоа шо го видов. Позитивно вознемирен шо „ликовите“ во серијава се горе-долу реални и покажуваат емоции на обичниот, секојдневен човек. Како млад правник серијава ми е потврда дека само напорна работа и неброно непреспиени часови можат да те донесат на нешто што е за почит. На моменти почнувам да мислам дека серијава почнува да тера во некој друг правец, почнува да има премногу лигавење и муабетот на x,Daisy за љубовна(успешна) врска на Харви ќе ми го сјеба митот за Харви а со тоа и целиот филм за серијата. Не дека нема други „страшни“ ликови али Г-дин Спектер го има главното место дефинитивно, па според мене мора биде на ниво ( и 5-та сезона се прифаќа, за претходните да не зборувам ).
Серијава нема да биде иста без Џесика... Со последнава епизода ѝ го упропастија ликот. Шест сезони ја гледавме како апсолутно доминантна во она што го работи, неверојатно паметна и вистинска лавица, за на крајот сè да пушти во вода. Не можам да си ја замислам како housewife или што и да планира да работи понатаму, може со грнчарство ќе почне се занимава Ама не ми е воопшто во духот на нејзиниот карактер да се откаже од сè што работела целиот живот и туку така да го напушти тронот. За остатокот од серијата - неколку пати си помислив да ја откажам, зашто веќе ни случаите не ми се толку интересни и стратегиски добро испланирани. Имам чувство дека во текот на една сезона ни они не знаат што прават и како еден случај ќе заврши, па на крајот испаѓа хаотично и глупаво. Ко шпанска сапуница стана серијава. На моменти ме пукаше таква смеа за некои работи Ама ако ништо друго, уште имаат добра музика низ епизодите, многу песни што сум ги утепала од слушање, сум ги нашла баш преку Suits
Мене сите ликови ми ги уништија сезонава, ама што вика Ана, имаат добар саундтрак Ај што Џесика онака изненадно одлучи да напушти се, ама и Харви не е тоа што беше, мислам дека го изнемоштија сите случувања. Плус тоа, порано стварно си беше цврст карактер, а последните епизоди добив впечаток дека многу му попушта на Мајк, без разлика за што станува збор. Дона веќе ме нервира многу, се она решава нешто, неподнослива ми е сезонава Леле ама сите ме нервираат кога добро ќе размислам..