1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Oдела (Suits)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Hipster, 1 јули 2012.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Има голема разлика меѓу нашето и американското право, суштински потополно различни системи.
    Работите што го гледате во серијата кај нас не се ни приближно така.
    Јас се зачудив со во претпоследната епизода кога Луис доби парична казна што не се појави на судење.
    Кај нас се случува и по сто пати да не се појават ма судење ни адвокат ни странката па никому ништо.
    Е сеа за случаите, мислам дека ги решеваат законито, барем неколку што сум можела детално да ги разглобам.
    Али пак ќе речам, правото ни е многу поразлично, самата основа
    Мене ми е ептен сумјиво фактот дека Мајк што се вика на пола Њујорк правосуден, добро лична карѕа не бараат?? Невозможно.
    После сигурно пред да полагаш правосуден мора да имаш искуство две години кај нас е ова така, не верувам дека и кај нив е поразлично.
    Инаку тешко дека ќе може Харви така бахато и ноншлантнл да се понаша на судење.
    Плус сослушувањето пред камера не ми е јасно ни што е ни како е?
    Такво нешто кај нас нема.
    Парница се решава во суд и само пред судија, вонпарнична постапка кај нотар.
    Тоа никако да сватам што е.
    Сведоци не се сослушуваат така.
    Инаки сигурно се базира на законите, не верувам дека е ептен спротивно.
    Но некои работи ептен не штимаат.
    А и уште нешто, адвокатите секаде во светот стрикно се се определуваат кои случаи ги работат.
    Пример кривичар само за кривични спорови, па граѓанско право, дали семејно и наследно или ставарно.
    Па има финансиски кримиал, тоа е како посебна категорја(на луис спецојалност)
    А Харви за се го бива, јас не сватив него која му е специјалност, спортско право?
    Зашто пред некое време нели застапуваа и кривични дело.
    Обични ретко кој адвокат ќе се нафати да те засташува ако не е негова специјалност.
    И во америка е така сто посто.
    Али добро серија е, Харви е прикажан како ептен супермен во правото :D
     
    На AlicaInWonderland му/ѝ се допаѓа ова.
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ви ги прочитав сите спојлери и од утре почнувам да гледам и јас :D
     
    На AnaKarenina и Hipster им се допаѓа ова.
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Џесика сама си копа гроб со оваа нејзина горделивост.
    Остава се во рацете на Харви, па дури и не сакала да седи во иста просторија со Даниел и Моника |(
    А Даниел нема да ја штеди и ќе ја докрајчи ако вака продолжи.
    Не донесува разумни решенија, па кога ќе види дека нема излез - секогаш Харви ја спасува. Само дали ќе може да ја спаси овојпат, којзнае...

    Ќе биде напната и неизвесна следната епизода, барем според она што го видов во промото.
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    На каде оди серијава? Многу некако се измешаа работите, ајде сега ќе се спојуваат со овие, а Џесика не му кажа ништо на Харви, му тупна се на негов грб, да се справи со Даниел, а после отиде и ја спои фирмата. :^)
    За Рејчел ми е жал, а Луис требаше да и ја каже вистината, да знае на што е, а не вака да ја лаже. Може и да отиде кај Шила и да направи глупост.
    Онаа овцана од 5та година ептен ме нервира, убаво и направија, како правиш така и ќе ти прават.
     
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Оваа Катрина нешто ептен се призанесува |(
    Наместо да соработува за заеднички успех, таа се фура со нејзиното 5годишно искуство, дава наредби и си замислува дека е Џесика 2. А кога сум веќе кај Џесика, не знам какви планови прави, ама осеќам дека ќе го налути Харви.

    Ми падна жал за Рејчел, ама па од друга страна мило ми е што ќе остане во фирмата. Еден од омилените ликови ми е. И стварно ме изненади Луис со потегот што го направи. Мислев дека нема да му биде гајле, ама испадна дека не е толку лош колку што мислев дека е. Почна да преоѓа на листа омилени ликови :wasntme:


    Најдобра сцена од епизодава :wasntme:
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG]
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Сезонава стана многу динамична при крајот.
    Џесика веќе неколку епизоди ми лази на нерви; премногу е егоцентрична и самобендисана, и на моменти не знае што прави, заради нејзината горделивост. Не бира никакви средства за да дојде до целта.
    И мразам такви луѓе, сконцентрирани само на кариерата и ништо друго.
    Даниел можеби е голем шупак и смрдло, ама убаво ѝ кажа - дека е сама на светот, без никого.
    Ниту Харви не може да го нарече свој пријател, она не се поставува пријателски, туку надмено, како некој робот.

    Знам дека на поголемиот дел Дона ви е слатка и неодолива, мене ми е многу невротична жената. :^)
    Ко на спид да е цело време, кога е сериозна и прибрана, ми е фина (дури тогаш кога ја отпушти Харви ми беше некако подобра и почовечна, зашто конечно ја видов таа нејзина страна).
    А вака, цело време е како некој мајмун, изнасилено и упорно прави некои за мене глупи досетки и смешки, зашто мисли дека така го шармира Харви. :^)
    Јас пак не можам да го замислам тој пар, на Харви му треба друг тип на жена, отмена и гламурозна, оваа ми е како палјачо во кралскиот двор, што знам... и не ми е ни толку интересна, нападна и напорна ми е на моменти. |(

    Луис ми е омилен, е него му одговара таа невротичност, глуми толку природно, што мислам дека и во живо е таков човекот. :D

    А ако продуцентите сакале да извајаат најантипатичен лик во серијата, честитки - со Катрина е овозможено тоа. :D

    Многу го запоставија Мајк и целата негова приказна, како и делот со Рејчел, се сконцентрираа на други работи, конечно мислам дека финалето следната недела ќе го врати фокусот врз Мајк.
     
  7. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Јас имам уште две епизоди од прва сезона. Се заразив со серијава... ептен е добра, плус цело време гледаш убави мажи во костуми :inlove: :D

    Дали некогаш ќе дознае некој освен Харви дека Мајк не завршил право? :^)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Холи шит, наредната епизода ќе биде жестоко!! Чекај бе, последна ќе биде за оваа сезона?

    Можда најдобро ќе биде Рејчел и Мајк да се фатат под рака и правец по дипломите. :D
    И зашто ви е Луис антипатичен? Внесува таков шмек во целата серија, it wouldn't be the same without him.

    Уште нешто, имам таков впечаток дека воопшто не им е на продуцентите во план да ги спојат Харви и Дона. Се познава дека не ја гледа на таков начин иначе зошто би легнал со онаа? Или као уште не е свесен ни самиот за своите чувства? Алооооо, цели две сезони поминаа.
     
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Jaс малку касно ја изгледав последнава, мислам на 15тава, а 16тава у петок ќе биде последна од сезонава ;(
    Оф Кетрин глупачо, once a bitch always a bitch. И лежат тие лигави лицемерски улоги.
    Епизодава беше пренапната, не колку следната што ќе виде, али ептен ми беше она heart-breaking.
    Жал ми е ептен за Рејч, не заслужува ништо подоле од Харвард.
    И кажав дека ужасно ме нервира Џесика, се ја искажа исфрустарацијата во неа.
    И како секогаш Мајк потценет, заборава колку пати ја извади од г*мна.
    Да де, сеа е небитен, зашто нема завршено правен а инаку кога тие што требаше да си ја работат нивната работа не знае, тогаш Мајк беше херојот.
    Неблагодарна.
    Луис ми е ѕвер, колку се налути и како отиде да се спртивстави на оваа неговава, закон!
    Кој шеф би го направил тоа за некоја негова вработена? Никој.
    Потценет лик е Луис, малку го праат некогаш со сила лош а не е, суштински е пајче :D
    И сеа мерџер, да бе, кога и дое јајцето на газот.
    Викам јас нека се распадне ниваново адвокатско друштво, нека си почнат од ново следната сезона, најпаметно ќе е. И поинтерсно за гледање ќе биде.
    Дона се осети загорезена, значи сите знаат дека го ОБОЖАВА Харви, само он глупиот не.
    Глуп и смотан е.
    Колку сум се смеела на ова
    http://www.youtube.com/watch?v=eEFmNncyHxM
    "goal number eight: improve your body strenght, try to, ummm, I don't know, basically try to do three push-ups" :rofl:
    Незнам дали сте ги гледале има поише видеа пред да се дава 2ра сезона, не се дел од серијава, пресмешни се сите :rofl:
    Suits Recruits
    П.С Има и нешто како игра, што знам интересно е, погледенте го
    http://suitsrecruits.usanetwork.com/
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Ау, какво епизодиште, уф, сеуште не ми се верува дека заврши уште една сезона ;(
    Од каде да почнам,
    Не верував дека Скоти е до толку заљубена во Харви, но ете изнеданување.
    И неќам да се врати, уште потајно си ги шипам Дона и Харви, ако ми глуми дека не го сака.
    Едно позитивно од сево ова Мајк и Рејчел, конечно у пожешка сцена од било кој.
    Предобар завршеток. Се надевам дека нема да го употреби тоа против него.
    И бидна спојувањето, i didnt see that coming, но тоа е што е. И Џeсика дефитнивино на листатана најодвратни ликови сезонава, полоша и од Даниел испадна. Не ми се свија ич тоа што испадна кучка и тоа најголема.
    Одвај чекам 3та сезона одвај.
    Од што сум нетечнал дури и еден професор на факултет го заразив со серијава :D Сам ме праша дали ја гледам и што да го лажам ли :D
    Хитот на епизодава, уф ]:)
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG]
     
    На drugarka и teddybear им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Уф сцената со Мајк и Рејчел беше предобра.. Не ми се свиѓа како заврши, Харви изгуби на сите фронтови, Мајк исто.. Џесика очигледно се плаши од него па мораше вака да го саботира. Оној Дарби и е одвртен, ко лебарка некоја ми е. А баш си одговараа Харви и Скоти, ама најверојатно ништо од тоа нема да биде.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Дали се случуваше нешто друго во епизодата, освен најжешкиот секс во серија, ever ???!!! :o
    Не паметам ништо друго...
    (смајлиштоселигавииподголтнува) :D
     
    На Edie.S му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Ма шо не му ги соблекоа пантолоните на Мајк при сексот :D или барем кошулата, да се полигавевме малку :D
    И имаше грешка, и го соблекува фустанот, па во наредната сцена она пак е со закопчан фустан...

    Него Џесика, мизерија од жена. Ете зашто била сама, себично створење. Единствена во цела серија која гази се си сешто пред неа само да биде по нејзино. И негативците се поарни од неа.

    И сега, на каде ќе ја тераат наредната сезона?
     
    На drugarka и Trendafilka им се допаѓа ова.
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Харви ќе се здружи со Хартман.
    Мајк и Рејчел заедно ќе аплицираат на Харвард.
    Луис ќе стане геј, т.е. ќе се вљуби во Најџел.
    Дона ќе загине откако Џесика ќе фрли клавир низ прозор, изнервирана од новиот партнер.

    :^)

    Можно?
    :D
     
    На drugarka и AlicaInWonderland им се допаѓа ова.
  15. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.983
    Среќа што заклучи па можеа на раат да си завршат работа. :D
    Мене некако паника ме фаќаше, цело време мислев дека има некој и ги слушнал што зборуваат :lol:

    ^Дона ми е еден од посимпатичните ликови што си има посебен шмек во серијава, зашто би ја утепале?! И тоа со клавир. :)

    Мене не ми е јасно како ќе аплицира Мајк за Харвард, па нели има фејк диплома, нели ќе го проверуваат, сепак на толку судења се појавил, покрај Харви си стана познато детето. :D
    Ама па серија е, што.. :D

    Луис педер. Ноууу... Животот нема смисла веќе :rofl:
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Тоа се само желбите на Трендафилка кои ќе останат неисполнети да се надеваме. :rofl:
    Ќе ја утепа клавир бе. :D Џесика тешко да фрли клавир, во таква ситуација веројатно пак ќе му се улизува на Харви и ќе го ссне? на новиов партнер и ќе му речe: Win it Harvey, win it for us! А овој ко млад напален мајмун ќе се вдаде во нови походи. :rofl:
    Инаку добра танга фура Рејчел, ама зошто бе Мајк не ги соблече панталоните? Иако ако веќе тргаме натаму ќе побаравме и да го извади на дело. :rofl:

    А за Луис, зошто да не? Па среќно со Најџел ќе се валкаат ко бишиња во калта. :lol:
     
    На Trendafilka и drugarka им се допаѓа ова.
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Коа се више дрибламе, ка викам Мајк и Харви топли браќа.
    Секако оваа му вика бејбу Харви незнам кој харви има фризута ко жена, мене на тоа ме влече.
    Па Дона сама да се фрли од 4-ти.
    Луис, со мачките ќе си живее ни ко геј не го гледам.
    Џеси, проститутка ќе ја напраат.
    Од апстиненција у крајности :D
     
    На Neytiri и drugarka им се допаѓа ова.
  18. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    1.083
    Пол:
    Женски
    Премногу добра серија, само да си продолжам со моето кукање за секоја серија - пак ли да се чека за епизоди? :devil:

    Јас сум Харви тим :hai: си ги има покретите, ставот.
    Џесика ми е многу јака, но јака ку*ка искочи, ме разочара.
    Еден од омилените ликови ми е Дона, го обожавам нејзиниот сарказам.
    Мајк и Рејчел се предобар пар, конечно да се случи тоа што нели сите го очекувавме (гарантирам дека на сите им течеа лиги) :D

    ...се чекаат новите епизоди :)
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.198
    Допаѓања:
    235.288
    Уште еден фан на серијата ^_^ .
    Сеуште сум на почетокот, јас изгледав пилот епизодата и втората и засега впечатоците ми се позитивни.
    Ама јас морам да ја утнам, па така цела сезона ја сметнав заедно и сум ја сметнала во некоја HD снимка. Сликата е ок, ама главите ги нема ]:) . Се намачив гледајќи.
    Имајќи во предвид дека лесно се заразувам од сериите, првата сезона ќе биде изгледана до утре :) .
    Туку, колку сезони има излезено до сега?
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Втората само што заврши со 16 епизоди. ќе чекаме до лето за трета сезона. :)
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.