Ме намамивте со коментарите да додадам уште една серија на листата и не згрешив.Според мене една од најдобрите серии што се излезени во последниве 2-3 години.Успеав за три дена да ги изгледам сите епизоди и тоа во период кога ми е февруарска сесија И само им зборам на сите околу мене и им ја препорачувам. Од мене имаат чиста 10ка. Ако се преви тим и јас се приклучувам на тимот на Харви.Божееее можно ли е толку да е шарматен, убав, паметен, претставителен, храбар . . . Ахх, одамна не ми се случило да се заљубам во глумец, од времето кога Рајан Филипе беше популарен Малку искрено последните епизоди ги направија каша попара ама не е страшно.Ми е криво крајот на сезоната како заврши.Харви поразен во секое поле а и Мајкл(освен сексот со Рејчел кој беше феноменален и жешок) е во лоша позиција. Мене Харви не ми одговара со Дона некако, се е супер, се надополнуваат, се знаат долго време ама некако не ми идат како пар. Џесика и мене ми се допаѓа како изгледа, и до пред некое време како ја води фирмата но во последните епизоди се испозанесува(иако да бидеме искрени во многу наврати му попушти на Харви и секогаш беше од негова страна) А Харви е тврдоглав, што ќе си замисли мора така да биде, не е лесен колега. Луис ми е најсветлиот лик во серијата.Јас си го викам Зајко, со запчињата ми е како зајче.На моменти ми идеше да го истепам, со некој негови постапки, но мислам дека не беше злонамерен.Посакувам да се здружат до Харви како еден тим и да бидат против Џесика. Мајк првата сезона беше позастапен, некако втората не доаѓаше до израз. Сега ќе си чекаме долго до следната сезона што навистина ми паѓа мнооогу тешко.
Луис многу ме нервираше на почетокот, но сега, веројатно зашто ја разбирам неговата иронија и сарказам, го засакав. Се надевам во 3 сезона со некоја жена ќе го спојат, не со Шила, зашто таа ми е како мушко и ме нервира што и наплати на Рејчел. Убедливо серија со најубави мажи и жени. Сакам да падне секс помеѓу Харви и Дона, аман веќе, и тие се излудуваат и нас не излудуваат. “I am not ready to lose you, not today.” Срцкаст е тука. А најсрцка ми беше во епизодата со Катрина глупавата, кога му смести во затворот. И, убедливо, им честитам за креативноста и инспирацијата за имињата на сликите, се изнасмеав, посебно на Norma's bitch. Филингот кога ја гледаш сцената со мајка ти, и таа гледа на друга страна, а ти си среќен и се потиш, зашто конечно се случила.
луге бе дај дадете линк каде ја гледате серијата, неможе на филмовизија да ја гледам, единствено таа веб страна ја знам за филмови, ај бидете срцки и пратете линк4е. ве сакам
^ Ќе ти дадам линк4е ако сакаш да си симнеш, па да си гледаш. Мислам дека оваа серија ја нема за онлајн да се гледа.
Само што ја излгедав последната епизода од првата сезона. И сеуште не можам да ја разберам потребава на луѓево да си ги раскажуваат тајните наоколу.Па зошто мораше да му каже на Тревор се, па и на овој затвореников аман, не е тајна ако знаат сите. Ептен ме копка како ќе се извлечат и што ќе каже овој. Ама ај да си оставам нешто и за утре.
Јас последните две епизоди си ги оставив намерно за да Харви не ми фале толку многууууууууууууу! И сега за него ми се резервирани - вечерва сум само негова! Конечно нова сезона, радости на сите страни, Харви те сакам!
НЦ, мене ме сака, нека не те лажи Реин, Анушке, мене. Или ќе го пукам еј . Туку кога дојде 15 Јули боже господе. Ги гледавте новие промо клипови? Мене ми мириса дека сезонава ќе биде најјаката до сега, се надевам дека не грешам. 1 2 3 4 5
Морам едно по друго, имало уште. (ова со 5 линка максимум не да ме нервира ) 1 2 3 4 Ова последново ми е најјако, не е право промо за 3та сезона, туку општо реклама за серијата. Предобра е http://www.youtube.com/watch?v=iDRTcRa1Aic
Новата епизода? Anyone? Ми требаше малку време да се вратам во шемата, имав подзаборавено на случките од претходната сезона. Спојлер Иако се добар тим, сакам да ги гледам Харви и Мајк на ваква релација. Нека ги остават вака уште некое време за да си ја докажуваат лојалноста, да биде поинтересно Мајк и Рејчел баш ми се слатки, само се надевам дека нема сезонава многу да го тупат со нивните кавги и нема постојано да бидат on-off. Ќе ми здосадат така... Луис бе Сакам сезонава да го вратат во игра, а не само да го користат како кловн во серијава, за да ја разбијат сериозноста. До душа, таков лик си е, ама сакам да го гледам и во друго издание “Harvey is not Superman anymore. He is Batman. And Batman needs Robin.” - Срцка Како и да е - ќе биде интересна сезонава. Харви vs. Џесика - уф, уф... Патем, Breaking Bad се уште ми е серија на прво место во однос на сценариото, ама Suits е веднаш под неа
Одлична беше епизодава, почеток на интересна сезона. Спојлер Харви против Џесика... Занимливо, навикнати сме да ги гледаме заедно како се борат. Уште одма да кажам дека сум тим Харви. Нормално. Мајк и Рејчел ми се супер пар, се сложувам со АнаКаренина, само да не биде плукни-залепи, па да станат ко шпанска серија.
Добар почеток на сезоната... Спојлер падна одма уште секс, фала богу не мораше да чекаме уште 20 епизоди за Мајк и Рејчел. R: I don't want any comments about how messy the place is. M: Ok. And what would clean look like? Па стварно бре, де Рејчел дојди зачисти кај мене. Луис срцка, како наседна бре, за едни пенкалца и чоколатца. Дони беше малку посмирена, фала богу немаше од нејзината хистерија и рипкање наоколу како полументална... плус, кога го зафркаваше Луис (Хитлер) беше закон. Ок епизода, очекувам да стане и поинтересна, јас сакам Џесика и Харви да се во војна, 'cause the bitch deserved it! А Скоти... па жалничко беше малку реално. Женава запна - кажи ми нешто, па кажи ми... очекуваше веројатно да и` каже дека ја сака. Од - ми значеше, ми значиш и секогаш нешто ќе ми значиш до - те сакам, има така многу разлика...
Подобра епизодава не можеше да биде, искрено ме изненади, мислев дека многу потраљаво ќе почнат. Харви никогаш не сум го видела полут и позбилен од сега и поодмаздољубив. Но може да види и сам каде завршуваат предавниците, иаку работава беше вратка за вратка, сепак мислам дека this is not gonna end well. Oвој Дарби ќе ги искористи и фрли двајцата како влажна марамица кога ќе се исуши. Али која лепота е боже, ми фалеше ненормално многу. Насмевкава, милон долара, м Епизода втора- "I Want You to Want Me", ехх.... http://www.youtube.com/watch?v=ADOh1ZGMvro
Колку јак почеток на 3 сезона! Спојлер Јасно и гласно изјавувам дека сум заљубена во Харви Божееее каков лик, каков став и каква насмевка. Darby: You want to take down Jessica. Harvey: Yes, I do. Џесика и Харви -.Тоа е тоа што го чекав цело време.Карактерно се прејаки и супер си функционираа како пријатели но сега како непријатели ќе биде прејако да ги гледаме како се јадат. Дона, Луис и Хитлер Сакам да се смират Харви и Мајк и да бидат пак во ист тим.Се гледа дека на Мајк му е многу криво И за крај треба на се да се внимава
Сега почна трета сезона прва епизода инаку ја нема на тв, само на нет ќе мора да ја симнеш. Следната епизода е за 5 дена.
Добра им беше гостинкава епизодава, Кејтлин од Гејм оф троунс. Срцка е. Треба да имаат уште еден гостин од Игра на тронови, не знам кој ќе биде само.