Не знам можеби некој пишал веќе до сега, но ако овде има некои што се луди и по Sex and the City исто така како по Suits, можеби го забележале Харви во секс сцената со Саманта. Ептен првите епизоди од прва сезона, оној лик кој снимаше видеа со секоја жена што има секс. Овде еве, се појавува на 2:37, а секс сцената е на 4:10 http://www.youtube.com/watch?v=gYcReyRLTtU
Лелелееее ДА! Не се сеќавав на глумецов. Сум ја глеала епизодава ама излеа не го меморирав баш ликот а баш се мислев гледајќи ја suits кај бил типов до сеа Али некако многу ми е различен во улогиве ееее... што ти прави одело
Пошто сум секогаш уназад со откривање на одлични серии,почнав да ја гледам оваа пред една недела и стигнав до 3 сезона.Една од подобрите правнички серии иако мислев после Boston Legal нема да има таква.Одлична екипа на актери со досетливи и хумористични реченици. Харви ми е дефинитивно Бог.Го имам видено порано глумецот,ама како е претставен во серијава,уфф многу е секси,извонредно паметен и арогантен,како што се очекува од адвокат.Знае да биде претерано себичен и идиот(потсеќа на Хаус),ама е ненормално брилијантен,манипулира со зборови ептен добро,и да паѓам на неговиот сарказам Џесика ми е идол,иако понекогаш знае да биде вистинска кучка.Елегантна,софистирана,секогаш ги влече паметните потези,едноставно и нема рамен. Мајк како лик врз кој се центрираше серијава ич не ми се допаѓа.Дечкото е паметен и преубав,ама премногу наивен и сензитивен,не е створен за адвокат.Во првата сезона ич не го биваше,сега малку се подобри ама пак го вртат кој како ќе стигне,не знае кај тера ниту си има некој свој став и достоинство.Женска му(на некој начин) Рејчел е права типка,во секоја смисла на зборот.Има убавина,стил,прилично паметна и многу вешта. Дона е ѕвер,колку само го познава Харви,едноставно им е судено да станат пар,колку и да не се гледаат како такви. Луис ми е еден од најдобрите адвокати во серијата,ептен ми е жал кога го искористуваат и го влечат наваму натаму,си заслужува и висока титула и почит човеков.
Се согласувам за Дона. И јас ја обожавам. Иначе морам еден споилер да пуштам ( немој лутиш ) , не се сеќавам која епизода беше ама има една кај што се открива дека уствари Дона и Харви се гледаат како пар и не само тоа, тие имаат еден заеднички момент пред 10години. Али штета, на тоа остана за сега. И јас се надевам дека пак ќе се спанџаат
Си се чудам самата на себе како до сега не сум ја погледнала серијава одлична е,во рок од 4 дена завршив со гледање.Одлични глумци одлична приказна, серијава мие 10/10 + мх мх мх
Девојки, ја гледавте ли новата епизода? Јас малку сум подзаборавила што се случуваше, па ми требаше време да се сетам како стоеја работите пред да направат пауза. Спојлер Некако Харви почнува да ми делува мекуш... Навикната сум да го гледам како маж кој не паѓа на емоции, па чудно ми е сега кога гледам како прави сé за да ја задржи Скоти. Мајк и Рејчел ми се totally adorable, само претчувствувам дека нема толку едноставно да им биде преселувањево... Гарант ќе се случат некои сплетки во меѓувреме. А што се однесува до Луис - некако почна да ме нервира тоа што веќе трета сезона играат на Мајк картата. Знаеме дека нема диплома од Харвард, ама кога и да им треба малку зачинување на неизвесноста, прават сплетки со истото. Прво Џесика дозна, сега Луис почнува да се сомнева. Ама во глобала добра епизода.
Спојлер Се сложувам комплетно за тоа дека цело време сплетки прават заради тоа што Мајк е измамник, а и за Харви.. не очекував вака да стане.. Цело време си мислам, со Дона најубави ќе си се ама ништо...
И ве молам да не го заборавиме фактот дека Харви се буди во ваква состојба - измиен, избричен, исчешлан
Oh,Harvey I missed you Спојлер Не беше лоша епизодата.Харви ми делува неприроден и едноставно не можам да го замислам со Скоти,Дона е за него пишана и така до крај ќе си остане А за Мајк мислам дека редно е да дознае,некако да направат заплет,да има поразлично дејствие,бидејќи ако продолжи серијата со ваков интензитет ќе стане досадна.Луис дефинитивно е многу паметен,како забележа се и не се откажува лесно.
Спојлер Мене Скоти ми е прејака многу ја сакам хаха најјак делот ми беше ко беа искрени ко си кажваа хахах исто ама не стана мекуш не рече ништо освен I want you in my life,Дона е прејака како го врзваше Луис хахха мора да напрат некое дејствие појке
Спојлер И мене ми беше најјак делот кога беа искрени. Мачиња едни! Скоти почнува да ми станува новата миленичка од женскиве во серијава. Многу ми е јака, и карактерно и физички Интересна епизода, како и да е.