Oдела (Suits)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Hipster, 1 јули 2012.

  1. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    (The dark knight rises!!! ВРВ! [​IMG] )

    Инаку, серијава малку станува монотона. Да не е Дона, ќе ја баталев. Срцка таа :angel: И среќа се прват фрки со Луис и Мајк па се крева малку тензија. Само не ми е јасно како толку стана сомничав Луис ради оценката, а премина преку досието што го немаше, па може го импресионирал Мајк професорот и му пишал некарактеристична оценка за него, али ок, ваљда дека крај на епизода го издраматизираа моментот :)
    Патем да ви кажам, никако да ми стане симпатична Рејчел. Не знам зашто ама некако не ми е калибар што би требало да заврши со Мајк, па и уште и се прави опасна на Џесика |(
     
    На Waka-waka и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.732
    Пол:
    Женски
    Мајкл Фелпс. 8) Срцка.
    Епизодава беше прилично бавна и неисполнета некако. Ова со Луис беше премногу исфорсирано.
    И нека не го прават Харви папучарче, само тоа не.
     
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.006
    Пол:
    Женски
    Харви прво покажува слабост пред Скоти, сега пред Луис? Луис?! Малку патетичен ми беше со неговите изјави за пријателство :| Ваков не ми е секси... Од епизодава единствено ми се допаднаа модните комбинации и музичето :mm:
    Ми фалат случаи! Напнати, неизвесни, заплеткани. Ова со Џесика ми беше колку да се рече...
     
  4. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Се беше тотално предвидливо,знаев дека Харви ќе издејствува врз Луис.Патетично.И целата епизода беше таква.Им треба случај како Ханингтон Оил,малку да ги раздрма сите,нешто возбудливо.
     
  5. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Многу патетика се насобра во последниве две епизоди. Да сакав тоа да гледам, ќе пуштев друга серија. Затоа ми е подобро кога гледам одеднаш неколку сезони, а не вака еднаш неделно епизода. Побрзо ги "варам" лошите епизоди.

    Луис секогаш се сили и на крајот попушта, а Харви не мораше до толку да го моли. Можеа подобар начин да смислат. |-)
     
  6. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    Дона си растура ;) - The cleaner they look, the more dirt they've swept under the rug :l:

    Ми се свиѓаше мене епизодава. Не беше толку монотона. Не ја гледам јас серијава од правен аспект за да ми значат нешто случаите, ми се свиѓа како ликовите туркаат и заобиколуваат закони и толку.
    Ионака не се дава акцент на правото во серијава.
    Сосем нормално и реално ми беше дека Харви ќе моли и ќе се умилкува на Луис. Вработувајќи го Мајк тој себеси се стави во можност за таква ситуација, немаше друга опција. И убаво беше што не испадна семоќен овој пат за да се издигне над професорот туку тој му го спушти. Луис како Луис испадна доброта, колку и да се прави лош. Џесика е жениште! Рејчел од епизода во епизода ми е се поинфериорна, колку и да сака да глуми опасна |( ...најадекватно би било да ја направат домаќинка на крај и да му пере, готви и прибира расфрлани документи на Мајкл.

    п.с. За момент помислив дека при крај нешто ќе се случи меѓу Харви и Џесика кога од толкаво место и рече да се поттргне и седна до неа, но изгледа тоа е само ради што тешко можам да го замислам Харви укотвен :) (соодветно му беше тоа што не го знаеше средното име на Скоти :lol: )
     
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.006
    Пол:
    Женски
    Добра беше епизодава :)

    Малку ми е тинејџерска Харви-Скоти-Луис ситуацијава. Триаголник во кој Харви е развлечен меѓу девојка му и другар му :^) Луис ми беше многу интересен да го гледам во ваква борба :lol:
    [​IMG] [​IMG]
    Ама од тоа што го видов во сцените од следната епизода, изгледа Луис ќе доживее инфаркт :?:

    Ми падна жал за Мајк, што остана во сенка како и секогаш. Ама мислам дека нема да издржи долго време така. Успесите во оваа професија отвораат апетит. И колку и да изгледа Мајк како скромно момче, ќе дојде ден кога ќе му биде преку глава од тоа Харви секогаш да биде на пиедесталот.
     
  8. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Не беше лоша,ми се допадна како го средија оној Темпл,ептен добро изиграно.Да не беше Мајк,Харви немаше да успее.
    И мене ми падна жал кога пак Харви ги собра сите заслуги,ама Мајк знае дека мора да биде така.Моментот кога ќе го видат каков адвокат е,ќе се распрашуваат за неговата едукација,па ќе изгуби се.
    Башка треба да биде задоволен од тоа што го има.Да влезе во толку јака фирма и да зима голема плата,а да нема завршено никакво високо образование,па тоа е премија :D Секој да можеше така :lol:
    Инаку јас од инсертите добив впечаток дека Харви ќе биде во болници,изгледа не сум видела убаво.
    А Луис каква ѕверка е,едноставно го обожавам,не е фер што мајтап си играат со него а има многу да понуди.
     
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.006
    Пол:
    Женски
    ^
    Јас ја стопирав снимката и според косата и стомакот ми личи дека е Луис во прашање :wasntme: Ама нормално, сакале да помислиме дека Харви добил инфаркт, па да се потресеме уште повеќе.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Разлистав низ интернетот и според некои спојлери,во право си,изгледа е Луис :(
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.732
    Пол:
    Женски
    Мајк нека си седи мадро, да не седи модро. Изгледа баба му(Бог да ја прости) не му ја кажала таа изрека. Кај без диплома стигна со муљање до тука, сега нема право да се буни. Го кријат цело време, уште тоа му фали, да има интервјуа.
    Харви ми е остарен некако. Оваа Скоти почнува да ме нервира, нема некоја особена причина, ама не ми е симпатична. Сакам повеќе Дона да ја има. И дај Рејчел нека не ја прават очајна домаќинка, нека дадат малку акција со неа.
     
  12. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    Земете си го Харви слободно, Мајк не ми го чепкајте! :lol:
    На почетокот Харви ми го привлече вниманието, но од кога се појави Мајк, Харви остана само привлечен а Мајк би го гушкала цеееел ден. Меченце. :hug:
    Па и со Рејчел какви се срциња заедно. Крајот на втора сезона ауууу се препотив, дури и се засрамив малку што ги гледав, се осеќав како да ги прекинувам :$ Најдобра секс сцена во историјата на сериите!
    Стигната сум до почеток на трета сезона, предобра серија со одлични ликови и глумци. Најдобар лик ми е Рејчел, најинтересен ми е Луис, со исклучок сцените кога е тотален идиот, тие не се рачунаат :) Џесика не ја сакам, нит ликот ни глумицата, ваква-таква има изглед и однесување на bitch и ми е одбивна од самиот почеток.
    За врската на Дона и Харви, како тим ми се супер но како пар не можам да ги замислам. Повеќе ги гледам како најдобри другари или брат-сестра.
    Ајт сега да се фрлам на гледање. Чао. :)

    Ќе има потаму уште секси сцени со Мајк-Рејчел или Харви со некоја тетка да гледам побрзо или на раат да гледам, да не премотувам? :lol:
     
  13. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Не беше нешто возбудлива епизодата,очекував неизвесност од срцевиот удар..Сепак сите се испонашаа меко и трогателно Џесика го покажа она малото срце што го има :D
    А Мајк не верувам да ја прифати работата,не би имала цел серијата,ама да бев на негово место ја прифаќам и не се се двоумам ниту миг.
     
  14. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Немаше ништо возбудливо во новава епизода. Случајот им беше прилично досаден...
    Луис некогаш ми е омилен ама некогаш знае многу да ме изнервира. Во разговорот со Рејчел беше многу одвратен.
    Мајк доби добра понуда ама нема шанси да ја прифати, се знае тоа. :D
     
  15. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Предвидлива епизода,знаев дека ќе остане Мајк во фирмата.Инаку Дона да не беше,и серијата и Харви ќе пропаднеа,жената најозбилно е ѕверка :D После неа,Луис е втората ѕверка,ни Харви не може да му се фати на малиот прст.
    Ќе биде интересно финале,can't wait!
     
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.006
    Пол:
    Женски
    Јас па баш сакав да си замине Мајк, малку паралелно да ги следат и него и Харви истовремено. И потоа да ги спојат преку некој интересен сплет на околности :)
    Не мораше сѐ наеднаш во една епизода да дадат. Крајната сцена не им требаше. Баш сакав малку неизвесно да заврши, без разлика каков тек на настани планирале.
    Дона не можам да ја сфатам - од една страна се меша како зачин во врската на Скоти и Харви, изиграва relationship counselor, а од друга страна му кажува како Скоти секогаш ќе наоѓа причина да му се лути и не знам ти што. Харви испадна тотален идиот во епизодава, ништо не кажува, го насочува бесот кон Скоти, а на крајот она испаѓа виновна |(
    Мило ми е што Рејчел ја видовме барем за момент во акција. Сѐ што видовме од неа во последниве неколку епизоди беше избор на мебел и теписи...

    Џесика :rock:
    [​IMG]
     
  17. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    Реално беше да ја прифати работата Мајк, што си игра?
    Сакам сега наредно блиско откривање да излезе на виделина се. 1во-си го бара, 2ро-аман нека има дешавка некоја, отупеа. Па Харви ќе го брани, па својствено за сценаристот - Харви ќе испадне Bruce almighty и ќе го одбрани..ама барем ќе гледаме некоја акција, не утепаа со драми :doh: Ама добро, стајлингот на цурите им е бомба, па ако не друго-тоа ќе си гледам :)
    Ајде до финалево нека ме почастат со убав остврт...на пример Рејчел да испари некаде :wasntme: . Нека оди на факс (конечно веќе |( ), кај татко и, по тапети, да пере... било каде! Многу ми е несвојствена за серијава. Само се шуња низ фирмата...
     
  18. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Јас ги немав гледано последните 5 епизоди и еве сеа на раат си ги изгледав.
    Мајк преку леб -погача. :D Среќа има детево без факс адвокат , сега и понуда за работа.Добро сите знаевме дека нема да прифати. Харви остарен многу бе :worried: Изгледа е точно дека мажите се држат до одредена возраст па почнуваат нагло да стареат. Он и Скоти ми се онака ок ама поинтересни ми беа кога беа како мачка и куче. :D
    Инаку Дона е кралица :rock:
    И во последно време Луис ми е најсимпатичен и најинтересен .
     
  19. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.006
    Пол:
    Женски
    Само мене ли ми беше супер возбудливо финалево? ^_^
    Малку не ми се свиѓаше што искористија стар случај to spice things up, ама добро, неизвесно и интересно беше.
    Овој Харолд кога го донесоа знаев дека ќе попушти за брзо време...
    Многу ми е смотан, јас не знам како може да биде адвокат ако е така лесно се потресува.
    Џесика не знам како успеа да остане сталожена додека и гореше под нозе. Ама малку ми беше исфилуван моментот со Рејчел и целата приказна за тоа дека се семејство и не знам ти што. Баш па Џесика најде да го кажува тоа, кога трета сезона по ред ја гледаме што прави во фирмата |(

    Нај момент од цела епизода :wasntme:
    [​IMG]
    И ова:
    Listen to me, you son of a bitch. You pulled out a gun and threatened to shoot my guy and I don’t give a shit if you didn’t mean to shoot it because it went off.
    :rock:

    И мило ми е што Мајк си заминува од фирмата, мислам дека интересна ќе биде следнава сезона.
    Само жал ми е што Скоти не ја видовме во акција, туку само во улога на параноична девојка.