Најголем впечаток ми остави ~Двојната Лота~, потоа Пипи долгиот Чорап, Сказни од Х.К.Андерсен, Пајажината на Климентина...
Очите на сибирскиот пес-Антонио Санта Ана Сама-Горјан Петрески Исти Очи - ~||~ Споменка - ~||~ Едит: Бојан ќе го заборавев Тој ме натера да плачам особено кога му дојдоа волците,мислев дека ќе го изедат + Се заљубив во книгава т.е во Бојан Ја имам прочитано 3 пати и сега пак планирам да ја читам Тој беше моја прва љубав :geek: Едното куче Караман чинам се викаше
Споменка Спомените на Споменка Марта Улавите години Доктор Офболи Двојната Лота Зоки Поки Втората смена и итн.
Збогум голема тајно, Милосија, Хајди, Белото Циганче, Орлите рано летаат, Големи и мали, Пајажината на Климентина, Д-р Офболи, Шеќерна приказна.
Нема да ги заборавам ,Марта, сеуште се сеќавам let be.. , Децата од Павловата улица , Временска машина од Хербет Џ. Велс, сите сказни и бајки од браќата Грим, да не заборавам на Василица прекрасна, Блиско сонце од Павловски, Старецот и морето од Ернест Хемигвеј и Силјан Штркот од Цепенков. Патем омилена ми беше Сибирка, книгичка од стотина и неколку страни, ама, не ми текнува на авторот?
Мислам дека Сибирка е од Лидија Черскаја, колку што ме држи умот... Како мала посебно ја сакав - Малиот вампир од оваа германска писателка, и во тоа време јухуу, имавме и македонска адаптација, која, за жал, од многуте селидби ја изгубив, а никаде не можам да ја најдам.
Бојан, најголем впечаток ми остави, ја имам читано неколку пати. Беше баш за мојата прва љубов, за Бојан и Елена
И јас многу ја сакав, и јас, и тоа како се испозасрамив во библиотека, кога предходно наставничката кога ни ги читаше да ги запишеме, јас сум ја запишала - Војната ота
Пајажината на Климентина ја читав без да трепнам со око. Робинзон Крусо, книга што можам уште 100 пати да ја прочитам.
Aлеита од Алексеј Николаевич Толстој Spoiler Уште како мала премногу сум покажувала интерес кон рускиве писатели Исто и Каштанка од Чехов многу сум ја читала. Незнам дали дека толку многу ми се допаѓаа или дека ми беа подарок од баба ми.. Spoiler Потоа во петто одделение го открив серијалот Нарнија, па и тие можам да ги вметнам во оние омилените од детството