Најомилена ми беше книгата Возот в снег. Чинам од Мато Ловрак беше. Сум ја заборавила, ама темава одма ме потсети на неа.
Тројцата Мускетари од Александар Дима. Ја имам прочитано најмалку 10 пати кога бев мала. Втора омилена ми бешсе Црното Лале од Александар Дима, таткото. Убавини
Не знам од каде да почнам,али ќе се обидам : -Зоки Поки -Пипи долгиот чорап -Бојан -Споменка -Хајди -Таро во земјата на планините(мислам вака се викаше ) -Пајажината на Климентина.......ии многу други.
"Споменка", "Марта", "Далечна љубов", "Исти очи" ,"Вечниот ветар", "Сама", "Пламени залези" ... сите книги на Горјан Петрески .. Имам 5 негови книги во мојата домашна библиотека Дури и една потпишана од него, solnishko имај свое небо со среќно сонце, од се срце, Горјан Дури и ден денес кога ќе видам негова нова книга ја купувам
Не знам ни кој ми ја купил/подарил ни како се нашла кај нас дома, ама кога бев мала најомилена ми беше Патувањето во Зундевит. Прва книга што ја имам прочитано повеќе од еднаш. А сега да ме утепаш не ми ни текнува за што станува збор у книгата.
Ау Зоки Поки ми е врв. Зоки Поки пајакот Уши како зајакот Нос како штикла Глава како тиква. Или сум ја заборавила,важно омилена ми беше.