Марта, Пипи долгиот чорап, Мамо се заљубив...овие ги читав цело време. Ќе ги прочитам и пак наново ги почнувам. Spoiler А како уште помала така беше со Зоки Поки (многу го сакав )
Ау голем е списокот, Марта,Мери Попинс,Девојките на Марко,Двојната Лота,Приказни преку телефон,Доктор Офболи,Касни-Порасни,Пепелашка,Грдото пајче,Пајажината на Климентина...многу убави книги, топли и искрени, совршени за читање во тие денови, во детството.
Иако на настаните се сеќавам како низ магла (бидејќи ја прочитав во трето одделение), сепак Шифри на каменот од Оливера Николова ќе ми остане како најомилена книга од детството. Сега кога ја видов темава, добив желба да ја најдам некаде и пак да ја прочитам
Дневникот на Ања - Tоме Арсовски Ја обожавав книгава, 150 пати само јас ја земав од школската библиотека. И никогаш не ја најдов да си ја купам, тоа мислам би ми бил совршен поклон.
Леле списоков е многу долг, ама мора да се издвојат Хајди и Козета и Гаврош. Знам дека пред печка зимно време ги читав, а кога имав време ги препрочитував, и тоа по неколку пати. Подолу на листата се Пајажината на Клементина и Децата од павловата улица.
Трите дела на Нарнија: -"Лавот, вештерката и орманот" -"Принцот Каспијан" -"Внукот на маѓепсникот" Толку ми беа интересни што ги читав во еден здив, а првиот дел од што ми беше преинтересен го препрочитав уште 2 пати. На крај сестра ми ми ја искина книгата и цел ден плачев
- Касни Порасни и - Повикот на дивината, од детството, a - Клетници и не може баш да се вброи во детството, меѓутоа дефинитивно е најубавата книга што сум ја досега прочитала.
Ги има во големм број,но ќе издвојам некои кои најмногу ги сакам.. 1.Улавите Години 2.Пајажината на Климентина 3.Марта 4.Доктор Офболи 5.Втората Смена 6.Касни Порасни 7.Девојките на Марко 8.Хајди 9.Таро од земјата на планините 10.Големи и мали 11.Глувчето Мице..оваа книга е многу мала иста е како касни порасни,се сеќавам плачев кога глувчето Мице падна во гравот и се удави .
Малиот Принц И за време на факс пак ја прочитав, И пред некоја гиодина повторно ја прочитав, и пак ќе ја читам