Пораснав со книгите на Горјан Петревски. “Марта“, “Споменка“, “Снеговите на Климентина Евин“, “Исти очи“... секоја од овие книги ми е прочитана најмалку 2-3 пати. Исто така “Супер девојче“ и “Телефонот е во прекин“ од Томе Арсовски се книги на кои се сеќавам од тоа време
Хајди, Двојната Лота, Доктор Офболи и Die unendliche Geschichte(The Neverending Story). Последнава книга завршивме сега по германски да ја читаме и е ПРЕКрасна. Незнам на македонски како се вика, ама сестра ми ми кажа дека ја имам, па планирам и на македонски да ја прочитам, зошто има некои делови кои не ги разбрав добро на германски.
- Пајажината на Климентина - Доктор Офболи - Хајди - Големи и мали некои од лектирите од основно на кои се сетив сега
Зоки Поки ,Пајажината на Климентина,Доктор Офболи .. Леле ,најубави беа. А да, да не ја заборавам и Касни-порасни хаха
Пипи Долгиот Чорап - Астрид Линдгрен Оваа книга ја имам прочитано сигурно 4-5 пати ама многу си ја сакав Пипи и секој пат уживав во нејзините лудории
-Пајажината на Климентина -Хајди -Децата од Павловата улица -Исти очи -Двојната лота -Оливер Твист -Шеќерна приказна
Марта - незнам ни јас колку пати ми е прочитана ^^ Хајди Времплов Пат околу светот за 80 дена Касни порасни Доктор Офболи Бојан Втората смена Авантурите на Хаклберифин итн...
Многу читав книги со авантуристичка содржина. -книгите на Карл Мај-за авантурите на Винету, Олд Шатерхенд, со многу Индијанци, авантури, Бедуини, Сахара, Дивиот запад,... Понекогаш кога имам време пак прочитувам некоја по којзнае кој пат. -Последниот Мохиканец-доживувањето од книгата ми го расипа филмот (не дека не е добар туку е различен од книгата). -Том Соер-беше лектира во основно -Хаклбери Фин-ја читав одма после Том Соер. Фантазијата на секое дете за тоа да живее слободно на дрвен сплав или пуст остров за момент може да се доживее во книгава. -книгата за Капетан Џејмс Кук-ја читав со отворен атлас пред мене -Возот в снег-книга за група на деца заглавени во снежно невреме. Најверојатно пишувана со цел да се поткрепува и гаи комунизмот на овие простори, ама пораката уште и држи вода. -Робинзон Крусо-една од најбрзо прочитаните книги. Уште ми е жал за неа, одамна на некој му ја позајмив и не ми ја врати. -Верни другари-две деца ескими и нивното куче преживуваат откако сантата со снежната куќичка ќе им се отцепи и одпатува далеку од дома. -Верни другари (или Двајца другари)-приказна за пријателство меѓу дете и куче. Заедно растат, се имаат само еден со друг. Ги зафаќа 2 светска војна па момчето оди во војска како тенкист. Ако некој ја знае книгава нека пише од кој писател беше. Незнам дали беше Руска, Чехословачка или Полска. -Низ пустина и прашума-пред два-три месеци ми текна дека ја читав како дете, па ја купив од продавачите на книги на кеј. -Тројцата Мускетари -Шерлок Холмс -Рудниците на цар Соломон -Околу месечината од Жил Верн,...
Двојната лота, Пинокио, Пајажината на Клементина (се сеќавам дека плачев на крајот, кога умре), Зоки Поки ....