Пајажината на Климентина Зоки Поки Марта Касни Порасни Пипи долгиот чорап Белото циганче Шекерна приказна Срце Улавите години Оливер Твист Авантурите на Хаклберифин; Робинзон Крусо; Повикот на дивината; Ахх сега ја читам злосторство и казна...
Пипи Долгиот чорап,Таро од земјата на планините,Пајажината на Клементина,Доктор Офболи,Марта,Споменка,Зоки Поки,Мери Попинс,Двојната лота,Хајди и многу други.Всушност сите ми се убави на некој свој начин и пак би ги читала.
Може ли некој/а да ми напише овде или во лп -тема -идеја -анализа на ликови- кратка содржина-не мора преносно значење што симболизираат ликовите за книгите: -Алиса во земјата на чудата -Робинзон крусо -Гуливеровите патувања -Мачорот во чизми -Пинокио -Малиот принц -Убавицата и зверот Spoiler (ова не е за сега но ако имате нешто пишете) доколку имате повеќе време ми треба некоја "психолошка анализа " за : Рибарот климе Шарл Перо/Браќата Грим - разлики и сличности во делата: Заспаната убавица,Трнорушка,Црвенкапа,Палче,Пепелашка,Убавицата и зверот,Снежана и 7 џуџиња,,Грдото пајче,Принцезата на зрно грашок, т.е. поука и од нив + некој извадок од дело кој што како рекол....
Хајдиии, Пипи Долгиот Чорап, Мартааа, Бојан .. Ехх времиња ..не би било лошо пак да си ги читнам да се присетам
Е, сега ме замисливте!!! Дете бев оддамна, па тешко ми е да се присетам која книга ми била најомилена!!! Но, дефинитивно Хајди, Том Соер, Хаклбери Фин, Оливер Твист, Волшебното самарче... и некои други ги паметам сеуште!!!
Ахх... Најпрво, кога учев на читам омилена ми беше „Приказната за трите прасиња и волкот“. Потоа им помина редод на сликовниците и приказните, па почнав да читам лектири. Тој период омилени ми беа „Пинокио“, „Хаклбери Фин“, „Бела Грива“ итн. Надвор од школо, омилени ми беа „Хрониките на Нарнија“. Сите ги пукнав со тие книги, многу досаѓав тогаш. Инаку, омилена книга од детството, а воедно и книга која ме научи да гледам и од една друга перспектива, е „Времеплов“, буквално бев маѓепсана.
Омилени книги сум имала повеќе... Еве некои на кои сега можам да се сетам Зоки Поки Пинокио , Хајди , Марта , Двојната Лота , Пајажината на Клементина ,Доктор Офболи, Бела грива ....
Белото циганче, Глувчето Мице (како и сите други дела на Видое Подгорец и Ванчо Николески), Шеќерна приказна се разбира, Повести за Карлсон од А. Линдгерн, нешто подоцна Збогум мои петнаесет години (за која можам да кажам дека се носи со најубавите за мене прочитани книги подоцна), Дневникот на Ана Франк...многу се. Како помала, се разбира оние убави илустрирани сликовници со бајките на Грим, Андрсен како Јованче и Марика, Пепелашка, Палешка, па слиовниците со Јовле и Марика, какви илустрации беа тоа.
Пипи долгиот чорап - Астрид Линдгрен (ми беше омилена) Марта - Горјан Петревски Споменка - исто така од Горјан Петревски
Милосија и Децта од Павловата улица, тогаш ми беа многу жални посебно првата, а сум заборавила точно што се случувало би сакала да ги препрочитам.
Двојната Лота, Хајди, Пипи долгиот чорап, Зоки, уживав да читам и како мала. Ми се чудеа дома дека по неколку пати ги читав истите книги, па после им ги прераскажував, сум ги замарала.
Омилени книги од детството ми се:пајажината на Климентина,двојната Лота,20.000 милји под морето,пат околу светот за 80 дена,исти очи,возот во снег,Гоце Делчев,волшебното самарче и многу други