Никаде не ја сретнав Збогум голема тајно... Таа ми е некако најпосебна од сите, на крајот, тајната на децата, кои веќе пораснаа, беше - Детството.
Алиса во земјата на чудата, Сама, Пајажините на Клементина, Марта, Хајди, Исти очи, Робинзон Крусо и Девојките на Марко се книги кои ми останаа во сеќавање. А сите ги имав прочитано, ми стојат дома. Кога ќе имам слободно време ќе си ги прочитам пак, да се вратам во детството.
Зоки Поки прва најомилена Шеќерна приказна, Марта, Хајди , Доктор Офболи, Приказни по телефон, Двојната лота, Сама, Пајажината на Климентина, Малиот принц, Оливер Твист и други сигурно има но овие први ми паѓаат на памет во моментов
„Судбоносна одлука“, од Елизабета Арсова. Не е лектира, ниту книга за обработка, ја најдов во домашната библиотека кај братучетка. Бев трето одделение кога ја прочитав и темата толку ме погоди, што и денес кога се сеќавам на книгава ми надоаѓаат тажни емоции. Не знам дали некоја од вас ја има читано, до сега ја немам приметено ниту во библиотека, ниту низ книжарници. Се работи за две најдобри другарки-домки, кои навидум се тргнати по ист пат, но само навидум. Приказната е испреплетена со вечната тематика кај тинејџерите - прва љубов, први излегувања, пороци и укори, средношколски години и животот после тоа ... Препорачувам.
Погоре прочитав дека никаде ја нема спомнато збогум голема тајно- многу ја сакав книгата! Иако тогаш мајками нѝ ја читаше, сњпак се соживував со ликовите, премногу ја сакав. Дефинитивно пак ќе ја прочитам. После идат Девојчето со две имиња (на која што сите солзи ми претекоа. ), Доктор Офболи (иако многу не се сеќавам на содржината, знам дека исто и на неа плакав) и во почетните тинејџерски години - Споменка со сите нејзини продолжетоци П.С. Ја заборавив Летачкиот човек Пеперут (Да, и на оваа плакав)
Ги има многу: -Зоки Поки -Пајажината на Клементина -Двојната Лота -Пат околу светот за 80 дена -Марта -Белата грива -Доктор Офболи -Хајди -Бојан -Девојките на Марко -Пипи долгиот чорап -Повикот на дивината -Бамби -Оливер Твист -Мери Попинс -Белото циганче -Хаклбери Фин -Таро од земјата на планините -Пинокио
Марта, Бојан, Споменка, Игбал мојата тајна, Летачкиот човек Пеперут, Сама, Исти очи, Снеговите на Климентина Евин, Мери Попинс, Вечниот ветар, книгите со Нарнија (не можам да се сетам точно како се викаа, имаше повеќе)... сигурно има уште, само кој да ги памти. Читав поприлично многу, секој втор ден во библиотека бев, како дома ми беше Долго, дури со часови си разгледував, барав нешто што го немав прочитано. Ме навикнаа и тие „тетките“ таму, па не ми се секираа кога ќе почнев да им претурам по рафтовите. А да, и оние малечкине енциклопедии ги читав, за Титаник, Еуреките, за диносауруси, вселена, вулкани, древни цивилизации.. Би ги прочитала сите од ново.. Само да имав време
Ова моево уште се смета за детство, ама некако не ми се вклопуваат тука книгите кои сега ми се омилени. Пред неколку години овие најмногу ги сакав. И сè заради фараонот - Јацек Дуоба (мислам дека ја имам читано над 10 пати ) Девојчето од шестата месечина - Муни Вичер (сите делови) Надарени - Мерилин Кеј (сите делови) И тука доаѓаат лектирите кои многу ги сакав: Марта Снеговите на Климентина Евин Сама Споменка (трите дела) Вечниот ветар и останатите од Горјан Петревски Мери Попинс Таро од земјата на планините Пајажините на Климентина Пипи долгиот чорап Пинокио И уште три што ги најдов кај баба ми: Збогум голема тајно Приказна за глинената птица Пријатели и непријатели (мислам дека така се викаше)
Малиот Принц - Антоан де Сент-Егзипери 20 000 милји под морето и Пат околу светот за 40 дена - Жил Верн Басни - Езоп од Ханс Кристијан Андерсен скоро сите, а посебно Царевото ново руво Руски народни приказни ..на овие ми текнува во моментов
Најголем впечаток ми имаше оставено една книга со раскази, мислам дека се викаше Волшебни сказни од блаканските народи. Потоа Срце, Улавите години, Марта, Таро од земјата на планините, Двојната Лота, Бела грива, Шеќерна приказна, Втора смена, Пајажината на Климентина, Приказни по телефон, Доктор Офболи, Волшебното самарче, Пипи долгиот чорап, Мери Попинс, Модричка тетратка, Орхан, Робинзон Крусо, Хајди, Пат околу светот за 80 дена, Оливер Твист, Девојките на Марко, Судбината на еден Чарли. Голема е листава но сите лектири ги читав.
Мислев само јас ја имам читано Милосија. Може преку 10 пати ја имам прочитано. Милосија значи, Хајди, Вечниот ветар, Пајажината на Климентина Споменка