Пајажината на Климентина, девојките на Марко, Хајди, Марта, Исти очи, Двојаната Лота, има уште многу .
многу сакав да читам и сите посебно ги доживував но големи и мали дури и ја сонував и онаа со различните приказни за ламјите итн незнам како се викаше
Пајажината на Климентина, Доктор Офболи, Зоки Поки , Девојките на Марко, Робинзо Крусо, Марта, Бојан...
Робинзон Крусо, Самовилското коњче,Таро од земјата на планините,Шеќерна приказна,Алиса во земјата на чудата и многу други
пред некој ден се потсетив на “Бојан“ мојта омилена книга и кога ке имам слободно време пак ке ја читам (незнам по кој пат) исто така едни од поомилените ми се Марта, Девојките на марко, Хајди, Големи и мали, исто така многу ми се допага и „злосторство и казна“ таа ми е од средношколските денови
дефинитивно без конкуренција најубава ми беше МАРТА ... и ја обожавав и девојчето со две имиња ... и другите ги сакав ама овие по 548405403 пати ги читав ги обожавам до ден денес . А и касни-порасни .
Омилена книга од раното детство ми беше "Пајажината на Климентина". Колку сум ја обожавала книгата, неколку пати ја имав прочитано и само плачев за Цанко. После па им запнав дома прасенце да сме чувале Потака кај 7 одд, омилена ми беше "Марта" од Горјан Петревски. Бев фасцинирана од книгава.
1. зоки поки- мислам дека нема дете кое не ја прочитало 2. робинзо крусо- прекрасна авантура 3. двојната лота- книга која 100 пати ја прочитав и плачам 4. децата на капетанот гранд -прекрасна книга од жил верн 5. доктор оффболи -хехе кога ја читам сега како поголема се смеам 6. децата од павловата улица 7. шекерна приказна 8. пат околу светот за 80 дена 9. цицибари 10. алиса во земјата на чудата
Книгава дома ја имав во две изданија и секогаш кога ќе почнев да ја читам, ја читав два пати (па мораше двете да се прочитаат) Одамна ја немам препрочитано, а толку ја обожавав... можев да ја читам без престан одново и одново. И... Секако на македонски.
Ех најубава книга од детството ми е Споменка, потоа Марта, Втора Смена и Малиот Вампир многу ја сакав.
Оххх си ги обожавам книгите што сум ги читала како мала и сеуште си ги чувам на полица со книгите кои сега си ги читам. Двојната Лота ми е милион пати прочитана,ја обожавам... Доживувањата на чирачето Лапе,Топката што многу знае... Малечката Фадета,Пајажината на Климентина,Робинзон Крусо,Островот на скриеното богаство.. Втора смена,Исти очи,Марта,Бојан... Редактирам за да ја додадам Волшебното самарче!!Морав! Ги обожавам!!!
Ехе колку имам омилени книги... Двојната Лота, Пајажината на Климентина, Робинзон Крусо, Кој ја скрши вазната, Големи и мали, Итар Пејо, Колибата на чичо Том, Хајди, Пипи долгиот чорап, Марта, Доктор Оффболи, Бојан...
Абе луѓе гледам никој од вас ја нема спомнато Бела грива? Ја немате читано или? Јас ја обожавав оваа книга, памтам дека се отепав од плачење кога ја прочитав и, до ден денес се потресувам кога ќе се потсетам на неа... Инаку, секако дека има и други книги кои ги сакав: Доктор Офболи Пајажината на Клементина Мери Попинс Таро од земјата на планините Хајди Големи и мали Карлсон лета 35 мај Марта Исти очи Двојната Лота Оливер Твист Година со 13 месеци Улавите години Шеќерна приказна Белото циганче Повикот на дивината Малиот принц А во вашите постови забележав многу наслови на книги кои ги имам прочитано и за кои се сеќавам дека ми се допаднале, но неможам никако да се сетам на нивната содржина А тие се: Втора смена, Фантастичниот господин Лисец, Дежурна приказна, Девојките на Марко и Островот на скриеното богатство... Не ми е јасно како не можам да се сетам ниту на еден детал од овие книги, а знам дека ги имам прочитано и дека ми беа убави? Чудно...
Ехаа,колку многу ги има.Иако нема поминато многу време неможам да се сетам на сите тие кои ми се допаднале,но еве еден мал дел: -Приказни по телефон -Двојната Лота -Волшебното самарче -Доктор Офболи -Таро од земјата на планините -Зоки Поки -Пајажината на Климентина -Пипи долгиот чорап -Девојчето со две имиња -Пат околу светот за 80 дена -Срце( ја обожавам книгата ) -Улавите години -Втората смена -Исти очи -Хајди -Марта -Бојан -Големи и мали - оваа не беше лектира,ја зедов по препорака на библиотекарката кога бев второ и верувајте се изнаплакав ЛЕЛЧО се викаше...сакам пак да ја читам!
Да, таа е! Нели е прекрасна книга! Пукнав од плачење кога ја читав, најголем впечаток ми остави во детството! Инаку, книгата се вика Бела Грива зошто така го крстија коњот заради преубавата бела грива...
Хајди, сега повторно да земам да ја читам, пак ќе ми се пријаде сиренце со топло лепче, пак би посакала да спијам на слама на таван, гледајќи го ѕвезденото небо. Марта, прекрасно нешто, секој еден збор во книгата ме допираше. Шеќерна приказна, најшарената и најслатката книга во мојата глава иии... Децата од нашата улица.