Хајди,Двојната Лота,Пипи долгиот чорап,Зоки Поки,Робинсон Крусо,Пролет зад Мојот прозорец,Марта,Споменка,Сама...
Преубава тема! Толку многу спомени ми се вратија од раното детство... Кака мала многу сакав да читам книги, секогаш позајмував или од училишната библиотека, т.е. Concord School Library или од Windsor public library, па дури и купував книги од каталози! Меѓутоа имав цела колекција на детски книги од Little Golden Book, многу ми се допаѓаа илустрациите И многу, многу други книги...
Прекрасна тема,носталгија ме фати...Има еден куп што ми оставиле впечаток при првото запознавање со убавиот пишан збор од кои на полно не ми текнува на насловите,а се сеќавам на содржината.Оние на кои се сеќавам се Зоки Поки,повеќето книги на Ванчо Николески,само на Фенерче од тиква ми текнува,скоро сите лектири да не ги набројувам,се од браќата Грим,Шарл Перо,Ханс Кристијан Андерсен,старогрчки митови и легенди,едни јапонски преубави приказни имаше,не се сеќавам на насловот,ми текнува само на една приказна,се викаше Ладалото на Тенгу,старомакедонски приказни со момата Тентелина и волците,Дуња Ѓузели и многу други,сум заборавил,Сиљан Штркот,Чирачето Лапе,Славните морепловци,Биберче и други бајки,Пионерска трилогија,Настрадин оџа,Виј итн
Дали некој се сеќава како се вика книгата со дејство во Охрид, момчето се вика Драги и живее со дедо му, а девојчето Мила таа е кај баба и, тие се на летен распуст и си развиваат симпатија па пишуваат писма. Никако не можам да се сетам
Оливер Твист,Богови и Херои,Браќата Грим,Чирачето Лапе,повеќето книги од Ванчо Николески како Фенерче од тиква,Шеќерна приказна,Принцот и питачот,бајките од Шарл Перо, Вилен, Пионерска трилогија, Милосија итн
Сама, Споменка и Исти очи. Пред некоја година ги земав да ги читам и да се потсетам. Spoiler Надвор од темата, од малку подоцна - Судбината на човекот. Сликовниците на Топер ми е многу криво шо некој ми ги зеде и никогаш не ми ги врати. *ако знаете каде можам да го најдам цел сет, пишете ми.