Си читав книги а највеќе ги сакав Децата од нашата улица и Хајди,а паѓав во несвест по Пипи долгиот чорап ја прочитав пет пати и плус мајка ми пред спиење
" Децата од Павловата улица" и "Анастасија", знам дека ми оставиле огромен впечаток тогаш, и може да ги пролистам пак за да видам како ќе ми се допаднат денес, како позрела личност "Козета и Гаврош" и "Милосија" не смеам да ги испуштам. :up:
Како помала мнооогу читав книги.. Се имам изначитано се и сешто.. „Мице“, „Петар Пан“, „Белото циганче“, „Пипи долгиот чорап“, „Пинокио“ Најголем впечаток ми оставија книгите на Горјан Петрески, сите до една. потоа „Улавите години“, „Големи и мали“ (на неа се имам многу смеено), „Збогум голема тајно“ и „Девојките на Марко“
Пипи долгиот чорап. Вообичаено не сакам два пати да читам иста книга, досадно ми е, ама книгава сигурно ја имам прочитано 10-тина пати, и иако на памет ја знаев, секогаш ја доживував како да ја читам прв пат.
Јас првата книга што ја прочитав, во прво одделение, беше нешто за некој зол дух, за село поделено со река и духот им ги уништуваше посевите, па селаните бараа спас... Ама никако не ми текнува како се викаше книгата, ама знам дека ми остави голем впечаток и од тогаш почнав да киснам во библиотека. Тоа ни ден денес не се променило
Омилена ми беше Бојан, премногу се пронаоѓав во неа и во авантуристичкиот дух на Бојан... Втора на листата Улавите години, книгава ја имав неколку пати прочитано и пак ми беше интересна. Сега ич не се сеќавам за што се работеше во неа, онака како низ магла ми е. Исто многу ја сакав Хакалбери Фин. Тие ми се топ 3 од детството Леле сега прочитав дека на некој му е омилена Втората смена, ја имам читано книгава знам, ај ако може некој што се сеќава да ми каже за што се работеше во неа, се ставив во мисла
Пипи долгиот чорап, Двојната Лота, Пајажината на Климентина, Белото циганче, Марта, Сама. Моментално на тие ми текнува. Ги имам читано и по повеќе пати, секогаш ми се интересни. На некои од книгиве имам и плачено
Леле ме вративте во детството Сега прочитав Таро од земјата на планините! И оваа ја обожавав! А не ја сакав Пајажината на Клементина, глупава ми беше исто и Еднорогиот елен знам дека не ја ни дочитав Ај просветлете ме за Втората смена, ужасно ме копка за што беше книгава
Имаше и серија „Втората смена“ со Мартин Трпчевски во главната улога (така ли се викаше дечкото? ). Всушност се зборуваше за едно дете Никола што требаше да оди на летување со други деца во детско одморалиште во Охрид и прво не сакаше да оди, ама отиде и преубаво си помина, што дури и му беше жал што се врати дома. Мислам дека дури и симпатија Маргарита (Маргарита... Марга... Меги - ова го паметам од книгата) си имаше таму... цела книга е со случки од летувањето, колку што се сеќавам.
ЛЕле да!!! Да да да! Готово се сетив! Знам дека цел одмор го прераскажуваше како дневник! Прекрасно, сега се сетив и се наежив! Луѓе да ви кажам, ќе ги набавам книгиве од некаде овие Бојан, Втората смена, Улавите години и ќе ги прочитам пак!
„Втората смена“ ја има во Просветно Дело, 126 ден. е... барав баш по нетов и ми излезе линк со цена. И јас ќе си ја купам да ти кажам право, убаво е да се имаат овие книгички дома.
Ех детство Прво да почнам од „Касни - порасни и Зоки Поки“, „Доктор Офболи“, „Карлстон лета“, „Шеќерна приказна“ , „Двојната Лота“, „Пинокио“, „Хајди“, „Пипи долгиот чорап“, „Волшебното самарче“, „Белото циганче“, „Пајажината на Климентина“ ( најомилена се сеќавам дека не сакав да му ја дадам на мајка ми за да ја врати во библиотека иако имав казна и опомена јас ја криев под креветот за да не можат да ми ја земат ), потоа „Марта“ и „Исти очи“ ( и ден денес е една од моите омилени книги ).
Делата на Горјан Петревски многу ги читав порано, некои од нив и по 2-3 пати (Марта, Споменка и Снеговите на Климентина Евин мислам дека напамет ми беа научени), Телефонот е во прекин и Супер-девојче од Томе Арсовски исто така многу ми се допаѓаат, Втората смена од Велко Неделковски, Големи и мали од Бошко Смаќоски... па не знам, има уште многу на кои во моментов не можам да се сетам...