Хајди како најубава книга која ја имам прочитано до 8 години, Двојната Лота, Пајажината на Климентина, Марта, Приказни по телефон и Доктор Офболи
хајди дефинтивно ја имам преку стопати прочитано и збогум мои 15 години една прекрасна книга која и ден денес си ја читам.
Омилени книги од детството....еве неколку 1.Хајди 2.Двојната Лота 3.Марта 4.Улавите години 5.Пајажината на Клементина , една од омилените книги , значи никогаш нема да ја заборавам, 100 сум ја прочитала и секогаш сум плачела на крајот...Се сеќавам дека беше поради смртта на Клементина...Последните зборови беа нешо вака: Ретко се случуваше некој да биде толку добар пријател и добар другар. Клементина беше и едното и другото. Таа беше класа по себе.....
Пајажината на Климентина, многу ми беше тажна. Навистина добар избор на книга за таа возраст. исто така Марта, ДВојната Лота...
Хајди - Јохана Спири Марта - Горјан Петрески Робинзон Крусо - Даниел Дефо Девојките на Марко - Оливера Николова На овие можам да се сетам моментално.
На прво место ми е Марта, потоа Бојан, Големи и мали, Девојките на Марко, Втората смена, Сама, Исти очи, Улавите години, и други , но не ми текнуваат сега
Ехеее! Прва на листата, книга што ми го смени животот - Самовилско коњче од Душко Наневски. Ги читав сказните пиејќи ги буквите и случувањата. Ми ја подарија за 6ти роденден, јас тазе научена да читам, можам да замислам какво богатство на умот и фантазијата ми било тоа... Следна - За твојот роденден, Бушава Азбука, Чаробна лопта (колку го сакав зборот Чаробно, и го поврзував со нешто скриено, а не знаев што значи), Сказните од Грим, потоа оние детскине приказни со 4 квадратчиња и во секоја од нив различна приказна, со ултра јаки бои и фантастичен превод, од Југореклам беа... Подоцна дојдоа Дневникот на Ана Франк, Волшебното самарче, Мартин Идн, Авантурите на Артур Гордон Пим, поезијата на По, љубовните приказни на Џибран и Тагоре... И Ана никогаш не престана да чита...
Возот в снег,Дружината Братско стебло,Големи и мали,Децата од нашата улица,Сказни за рибарот и рипката (една од најомилените) Волшебното самарче,Зоки-Поки,Самовилското коњче,Сибирка,Белото циганче,Итар Пејо... Сите наслови ме вратија во детството
Пајажината на Климентина и Хајди ми беа најомилените книги од детството. И ден денес знам да ги пролистам!
Нај омилена од сите ми беше Гоце Делчев мислам дека 4-5 пати ја прочитав, потоа Зоки-поки, Доктор Офболи, Марта, Големи и мали, Белото циганче и ги обожавав басните на Езоп.
Двојната Лота-Еrih Кestner, леле се сеќавам кога ја прочитав плачев како луда многу ме погоди романчево..
Шеќерна приказна, Доктор Офболи, Големи и мали, Белото циганче, Улавите години, а Хајди и ден-денес сакам да си ја читам и е книга која ми остави најсилен впечаток.
О, прекрасна тема! Почнувајќи од ``Двојната Лота``, ``Хајди``, ``Срце``, ``Зоки Поки``, ``Доктор Офболи`` и многу други кои ги обожавам.