можно е да ни се омилени истите книги ?? особено Очите на сибирскиот пес...сум ја прочитала преку 50 пати и никогаш не ми се здосадува
Марта, Исти очи, Улавите години, Девојките на Марко, Пипи долгиот чорап, Доктор Офболи, Мери Попинс, Двојната Лота, Пајажината на Климентина. Од сите најмногу ја имам читано Мери Попинс и Пипи долгиот чорап. Ги поминав и двете минимум 5 пати во иста година.
Марта, Двојната Лота, Пинокио, Шеќерна приказна, Втора смена, Оливер Твист, Волшебното самарче, Белото циганче..
Пајажината на Клементина (уште си ја чувам со дебели шарени корици), Сибирка, Хајди, Волшебното самарче...
-Пајажината на Климентина (уфф како се растажив на таа книга ) -Белото циганче -Волшебното самарче -Доктор Офболи Преку летото од основно сите книги ги читав кои ќе ни ги зададеа,а потоа ги прераскажував во тетратка и правев резиме на ликовите
- Втората смена (дефинитивно, во основно оваа книга најмногу си ја сакав, ептен ми беше интересна, и баш се сеќавам дека штом ја зедов, веднаш ја прочитав.) - Бојан - Марта
Ејј си се присетив на лектирите од 4-5 одделение.. ахх ми фалаат тие, а не сега со дела огромни се расправам Најубави ми беа Улавите години, Марта, Пајажината на Климентина и да не ја заборавам една и единствена, незаборавна што и сега пак би ја читала Зоки поки хахахаха Мислам дека сите се сеќаваме на таа "книга" ако може така да се нарече
Зоки Поки,Пипи Долгиот чорап,Марта,Хајди,Втората смена,Доктор Офболи,Оливер Твист,Улавите години,Робизон Крусо Многу ги има Ах тие книги ми доаѓа пак да ги читам
Пипи Долгиот Чорап - неприкосновено на врвот. Да не претерам, но преку 20 пати ми е препрочитана сигурно Том Соер - кој ли можеше да му одолее на малиот фраер?! Повикот на Дивината - сеуште го паметам лојалниот и во моите замисли прекрасен Бак <3
-365 Приказни ( на српскохрватски,инаку збирка на приказни од различни автори) -Збогум мои 15 години - Claude Campagne (посебно ми е драга) -Малиот вампир (очекував некој хорор,а на крајот се изнасмеав,дури ми се намили тоа вампирчето ) -Марта -Исти очи -1001 ноќ -Сите Божји и вражји сликовници И многу други...засега не ми идат на памет...