Хммм, а се важат Снежана и седумте џуџиња, Пепелашка и Заспаната убавина?? Мене тие книги ми ги кроеја детските соништа.... А од овие школските лектири за до 4то одделение би ги издвоила: Хајди, Пајажината на Климентина, Марта, Двојната Лота...и сигурно има уште некоја на која не можам да се сетам...
Хајди на прво место дефинитивно голем дел од книгите на Џек Лондон иако бев детуле ама го сакав и премногу го читав Внукот на волшебникот Луис ... Орхански височини енд соу он
Али Баба и четириесете разбојници- бидејќи дедо неуморно ми ја читаше. Spoiler Бог да го прости,колку ми недостига. Хајди мислам дека беше првата книга што сама си ја прочитав,целосно. Двојната Лота. Без огниште. Втората смена. Љубовта во розовата улуца.
1.Марта 2.Пипи Долгиот Чорап 3.Мери Попинс 4.Приказни за еден тапоглавко од четврто одделение -Пресмешна книга (мајка ми ми ја купи кога бев четврто одделение ) 5.Девојчето од шестата Месечина -Само што ја завршив 6.Хајди 7.Зоки Поки 8.Доктор Офболи Етее ги моите топ осум детски книги
Доктор Офболи,Хајди,Двојната лота,Бојан,Итар Пејо,Пат околу светот за 80 дена,Волшебното самарче,Гоце Делчев.