1.Зоки Поки 2.Пајажината на Климентина 3.Девојките на Марко 3.МАРТА <3 4.Споменка 5.Снеговите на Климентина Евин 6.Исти Очи 7.Касни Поранси
Улавите години Спонека Марта Хајди Двојната лота Првата љубов во розевата улица Ангус, танги и страсно бакнување hock: шш..ја читав Ах, заборавив па морав да редактирам. Касни Порасни..омилена и откако ја прочитав не преснанав да јадам
,,Втората смена`` затоа што одсликува многу реални моменти од таа возраст и ,,Марта`` затоа што е одзив на духот на тинејџерите ))
Уште пред да тргнам на училиште најмногу го сакав Букварот. И не знам колку Буквари имам прелистано и ишкртано. Секогаш следуваше нов, а колку убаво мирисаше нов Буквар. Денес книгите не мирисаат толку убаво. А кога ќе размислам првата книга која беше дел од моето секојдневие беше Македонски Народни Приказни од Марко Цепенков. Со пожолтени листови и без корици, а и недостасуваа и првите страни. Ја чувам како нешто скапоцено. Колку беа само прекрасни приказните за Дуња Ѓузели. Друга книга која ја поврзувам со најраното детство е Василиса Прекрасна (Руска Народна Сказна). Книгите како Зоки Поки ги читав ама не ми беа интересни. Дома го имаме овој комплет, Cudesni Svjetovi Walta Disneya, а кој го немаше дома Сеуште се сеќавам на секоја слика и секоја приказна од овие чудесни светови. Потоа следуваа Хајди, Децата од Павловата улица, Том Соер, Хаклбери Фин, Робинзон Крусо, Старецот и морето... Многу се книгите што ги сакам и несомнено секоја од нив придонела да станам тоа што сум.
Пајажината на Климентина, Хајди, Оливер Твист, Таро од земјата на планините... Ах, уште многу ги има... Сакам одново да ги прочитам.
Споменка Марта Исти очи Девојчето од шестата месечина Дневникот на принцезата Доктор Овбољи Сама Вечниот Ветер Пламени Залези
Големи и Мали и Втората смена ми оставија посебен впечаток. Врежани се во спомените на моето детство.
Зоки Поки Ова беше многу одамна. Еее ја прочитав уште пред да тргнам во училиште и сеуште се сеќавам на палавштините на Зоки. Робинзо Крусо Леле само колку не сакав да ја читам книгава затоа што тогаш беше преголема за мене. Кога ја почнав, не можев да ја испуштам од рака, со денови и ноќи сум ја читала. Дури од што ми беше интересна им ја раскажував на моите неколку пати. Во ист кош со горенаведената ја ставам и Пајажината на Климентина. За мене беше прва трогателна книга до тогаш прочитана. Доктор Офболи Сестра ми ја имаше оваа година лектирава за обработка и ја препрочитав уште еднаш. И тоа беше еден времеплов и добри сеќавања. Девојчето со две имиња Среќевање со разделби, сестринска љубов, разводи. Сеуште ми стои на моите полици со книги. Двојната Лота All time favourite. Импресијата ме држеше подолго време. Првата љубов на розевата улица Среќавање во раните тинејџерските години. Љубов, другарство, разделби, лажна тревога. Би ја препорачала на секој тинејџер.
Зоки Поки Пајажината на Климентина Касни Порасни Таро во земјата на планините Хајди Пипи долгиот чорап
Зоки-Поки Приказни по телефон Двојната Лота Втора смена Пипи долгиот чорап - овие две погоре мислам дека 100 пати ги имав прчитано Девојките на Марко Доктор Офболи - знам имаше уште една што премногу ја сакав, ама за жал не ми текнува ни името, ни за што стануваше збор, ништо
Се сеќавам дека прв пат заплакав на книга на Двојната Лота, леле колку се соживив. Децата од Павловата улица. Козета и Гаврош. Приказни по телефон. Белото циганче. Марта. Хајди.. ах убавини!
Тешко прашање, не би можела да одвојам, сите ми се прекрасни и кога ќе се потсетам ми навираат солзи. Се спремам да ги препрочитам,видов дека добар дел од нив има во Читална 1000 книги, но страв ми е ќе се утепам од плачење Но, еве ќе ги издвојам Споменка и сите од Горјан Петревски Децата од павловата улица Црвената Рака Дружината братско стебло Хајди Улавите години Бојан Мери Џејн Колибата на Чичко Том Ги сакав книгите со детските дружини, сигурна сум дека беа многу повеќе од овие три погоре што ги набројав, ама не ми текнува на насловите. Порано си ги запишував насловите и авторите, но не знам кај ми е тетратката Имаше една прекрасна книга со жолти дебели корици на која се изнаплакав, беше од наш автор, за една војвотка која се преправа во машко и војува, но на крај ќе го убијат тој во кој е заљубена, и мислам дека пред да го закопат ќе ја расплете косата и ќе рече "Оче, венчај ме со него". Така некако завршуваше, ама за жал не ми текнува на името, ве молам ако некој се сети нека ми каже. Можно е и да го имаше зборот "љубов" во насловот ама не се сеќавам.