Доктор Офболи Пајажината на Климентина Мери Попинс Хајди Пипи долгиот чорап Двојната Лота Хари Потер- 1 дел Големи и мали Козета и Гаврош
1. Козета Гаврош- Виктор Иго 2.Доктор Офболи- ќе ме потсети ли некоја како се викаше тоа животното се две глави во книга? Телетагмус или како беше, не се сеќаам точно.. 3.Децата од нашата улица- Неџати Зекерија 4.Шеќерна приказна- Славко Јаневски 5.20.000 милји под морето- Жил Верн 6.Робинсон Крусо-Даниел Дефо мислам дека беше ама не сум сигурна а, ме мрзи да проверувам 7. 35 мај.. е оваа ми беше топ фејворит...
Шеќерна приказна,Хајди,Пајажината на Климентина,Двојната лота засега толку ако ми текнат и други ќе пишам пак
Пајажината на Клементина, и пред два дена со братучетка ми ја прочитавме на глас за два саати. Какви само радости ме фатија Хајди, ако воопшто има некој кој не ја сака. Кутрата, одрцана ми е, ама си стои на почесно место во малкуте книги кои ги поседувам Првото училиште на мајчин јазик, ја имам уште од времето на тато, во кутии ми се и сега неможам да ги барам по темница, но ќе ја најдам утре, затоа што не се сеќавам кој е авторот, но попрекрасна книга јас не сум прочитала И точно се сеќавам на еден дел кој носеше наслов „Два Илиндена“. Ако не ми е читана едно дваесет пати, и пак ќе ја листам, од мерак Ми замириса на детство, ми текна на вечерните часови кога ги читав и му ги прераскажував на моите. И му велев на брат ми, ****, мора да ги прочиташ, многу се убави (ама тој корисно си ги употреби моите тетратки за лектира) Ме потсетивте бре, утре ќе ги разотворам сите кутии со книги
Детска книга која ми беше омилена беше од Оливера Николова, две романчиња во една книга - Тајната на жолтото куферче - Пријателите Бон и Бона. Посебно втората приказна ја препрочитував повеќепати. Се сеќавам дека брат ми ја имаше добиено за одличен успех и примерно поведение а мене ми се паѓаа се некои несоодветни книги поезија за таа возраст па многу се радував на таа книга и си ја присвоив за себеси. И сега би ја зела да ја прочитам таа книга.
На повеќето и не ме текнува па ќе ги пишам само оние кои ми останале во сеќавање : Касни - Порасни, Хајди, Малиот Принц, Зоки Поки, Четириножните рицари, Ѕвездени перничиња, Алиса во земјата на чудата, Златната птица ..
Заборавив да напишам во предходниот пост на темава. Да надополнам.. Бев почетник во читањето и знам дека мајка ми ми ја купи Пат околу светот за 80 дена - Жил Верн. Абре колку тоа ми беа интересни сликите, зборовите ги впивав со сласт. Многу пати ја прелистував и препрочитував.
ехх носталгии ок како и да е ајде и јас да си кажам „Летечкиот клас“- Ерих Кестнер ɞ „Двојната Лота“-Ерих Кестнер ɞ „35-ти мај“-Ерих Кестнер ɞ Втората смена ɞ Децата од нашата улица ɞ Хајди ɞ Бојан ɞ Марта ɞ Белото циганче ɞ Др. Офболи ɞ Децата од Павловата улица ɞ Големи и мали ɞ Зоки Поки ɞ Пипи долгиот чорап ɞ Приказни по телефон ɞ и паи и пак и пак би ги прочитала!!!
Моментално не се сеќавам на друга книга али „ХАЈДИ“ ми е омилена Ако ми текне уште некоја ќе ви пишам
Споменка, Сама, Марта, Улавите години, Исти очи, Туника, Хајди, Двојната лота, Кристал (српска книга со американска тематика, ама многу ми е драга).. Многу се, сите ги сакам.
Омилена книга од детството... па ги има повеќе ама ајде ке речам Робинзон Крусо. Многу ми се допаѓаа пејсажите кои Дефо толку детално ги има доловено.
Оххх ги има многу, но сепак, омилена ми е "Марта" од Горјан Петревски. Толку многу се пронајдов во неа. Секако не бев вамнодушна ни на "Хајди" , "Пипи долгиот чорап" и "Двојната Лота"
Вечерва прв пат ја сретнав темава, ги прочитав сите страници и не знаете која носталгија ме фати за овие книџулиња кои си ги читав до пред некоја година. Си ја зедов тетратката за лектири во која ги имав прераскажано сите од 5 до 8 одд., па ајде да споделам некои импресии, де тажни, де среќни. Најомилени книги ми се „Снеговите на Климентина Евин“ на Горјан Петревски и „Колибата на чичо Том“ на Хариета Бичер Стоу. Првата ја работевме во седмо одд. и многу ми се допадна приказната, некако се соживеав со неа и на моменти се фаќав себеси како липам без некоја посебна причина. Ми се допадна и тоа што се‘ се случуваше во моево најмило гратче, па се замислував и јас како некогаш на есен враќајќи се од некаде ќе ја соблечам облекава и ќе се нурнам в езеро. Уф, која желба!! Сега приметив дека оваа книга ја имам пишувано бавно, со најубавиот ракопис што може да произлезе од моја рака. Ете ми доказ колку сум ја сакала книгава. „Колибата на чичо Том“ ми ја даде учителката во 3-4 одд. од скромната училишна библиотека и ми рече да ја задржам бидејќи знаеше колку многу ја засакав. Со секое ново читање се‘ повеќе жалам за животот на робовите порано, но и се радувам што тоа повеќе го нема. Да си ја довршам книгава која ја имам веќе почнато, па ќе си ги прочитам и двете. Едвај чекам да се потсетам на чувствата кои ми ги побудуваа овие две книги. Исто така, многу ми се допадна „Робинзон Крусо“ на Даниел Дефо. Тие авантури, тие описи на природата .. леле, се заљубив мислам тогаш! Додека ја читав обработката на „Втората смена“ на Велко Неделковски, во очи ми падна одбраниот дел. Го прочитав и се наежив, зашто иако не се сеќавав многу на содржината на книгата, се сеќавам на чувството кое тие неколку реченици го предизвикаа кај мене. Криво ми е што ја немавме за обработка „Двојната лота“ па не ја прочитав, иако мама можеби 10 пати ми ја имаше раскажувано како помала. И после 20тина години, таа сеуште ги памтеше деталите на книгата. Ме копка нешто за да си ја земам од библиотека, но искрено се надевам дека нема да ми речат дека прв пат слушаат за таа книга, како што беше случајот со „Очите на сибирскиот пес“. Други кои ми оставиле впечаток се: „Белото циганче“, „Хајди“, „Големи и мали“, „Деца“ (посебно расказот „Кула“), „Чорбаџи Теодос“. А не знам зошто, но воопшто не се сеќавам дека сум ги прочитала „Бојан“, „Пат околу светот за 80 дена“, „Прекрасното патување на Нилс Холгерсон“ и „Марко“. Можеби ќе треба некогаш да им се навратам, да видам дали сега ќе ми остават било каков впечаток, доволен за да ми бидат запаметени.