1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Oмилени режисери

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Hipster, 25 март 2013.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Како филмски љубители, освен добри глумци/глумици, секако верувам сите си имате некој омилен режисер,чии филмови, однапред одвај чекат да ги погледнете, или па можеби имате најомразен или некој чии филмови не сакате да ги гледате.
    Кој ви е нивен омилен филм, а кој сметате дека му е најлош.
    Можеме да си развиеме една дискусија за режисерите, без разлика дали ни е најомилен или не.
    Јас немам некој посебно омилен, но најмаркатен за мене е Алмодовар.
    Ниеден негов филм не ме оставил рамнодушна, и го памтам и без разлика што е премногу ексцентричен за мој вкус.
    Исто и Вуду Ален, знаел да ме фасцинира, посебно со постарите филмови како Annie Hall и Manhattan.
    Веројатно нема да изостанат во темава еминентни режисери како Скорсезе, Полански, Спилберг, Хичког, Копола инт..
     
    На Ketchup, Mayyya, Vikica.cuci и 3 други им се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.024
    Допаѓања:
    245.579
    Веќе имам спомнато дека го обожавам Скорсезе.
    Во комбинација со Лео ми се тандем за успешен филм.
    Нивната соработка ни донесе предобри филмови.

    Исто така, во омилени би го спомнала и Аронофски.
    Дефинитивно омилен филм ми е Реквием за еден сон. Филмот ме мрдна.
    Исто добар е и Црниот лебед и Фонтана.
    Филмовите му се карактеристични и препознатливи. Го имаа онаа што го прави различен од другите.

    И Тарантино. Уникатен и единствен. Копилињата му се незаменливи.
    Крв и ќотек и Тарантино. На свој начин го доуловува секој негов филм.
    Порано издавал филмови во видеотека.
    Ексцентричен е и како неговите филмови.
    Ми се допаѓа таа негова смисла на хумор. Добро сега, црн хумор :D .
     
    На Vikica.cuci, Trnche, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Boleyn.7

    Boleyn.7 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    425
    Од попознатите омилени ми се Софија Копола и Арнофски.Луѓево прават ремек-дела. Бар мене ме фасцинирале со нивните филмови. Од Копола омилен ми е Marie Antoinette, а исто голем впечаток ми остави и The Virgin Suicides , кои можам да кажам станаа едни од моите фаворити, тие два нејзини филма ми се едни од поомилените.
    Во поглед на дејствие, сценарио, актерска екипа, костимографија итн.

    Додека Арнофски е... :x Не знам... Овој човек дефинитивно има вишок фантазија... А неговите филмови-непредвидливи до самиот крај. Неповторлив е !

    Сега за сега овие ми се омилени, за понатаму не знам, можеби ќе има и некои други што ќе се вбројат во мои омилени. :)
     
    На Trnche и kravce им се допаѓа ова.
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Пишете ме и мене во Аронофски фан груп :) Филмовите му се безвремени. За Алмодовар и Вуди се слагам со Хипстер. Иако порано не сакав да чујам за Вуди, постарите филмови ми се право уживање. Му дадов шанса, се изненадив и сега им се радувам. Одличен хумор. Алмодовар владее со емоции, го вади најдоброто од актерите, длабинско истражување и искажување.
    Тарантино е крал на крвавите, чудни, реално грди филмови. Ќе летаат глави, и може ќе ти се згади, може и ќе се смееш, ама никако нема да зажалиш за гледаното.
    Го сакам и Вес Андерсон, т.е. филмовите, ептен мерак ми прават. Чудниот хумор, збунетите ликови, испреплетканите приказни. И си се држи воглавно до тимот, убаво ми е кога ќе ги видам ликовите.
    Ги има многу, ама срам ме фати :D воглавно сакам чудни филмови, па ги подржувам и чудните режисери :)
    А Кјубрик? А Линч? :wasntme:
     
    На Vikica.cuci, Hipster, Trnche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Јас сум малку покомерцијална. :D Би рекла Тони Скот (братот на Ридли Скот), затоа што неколку од моите најомилени филмови излегле под неговата режисерска палка. Многу ми беше криво што ненадејно почина минатата година, мислам дека ќе направеше уште поквалитетни филмови.

    Enemy of the State, Man on Fire, Deja Vu и веројатно филмот што ми е во топ 10 на сите времиња - SPY GAME.
    Тука го извлекол максимумот - од приказната и главните актери. Роберт Редфорд и Бред Пит (и онака велат дека Пит наликува на млад Р.Р), и филмот е врв.

    Дени Бојл го почитувам заради повторно омилените - Slumdog Millionaire, The Beach и Trainspotting, како и одличниот 127 hours со Џејмс Франко, работен според вистинска приказна. Ретко кој може да долови емоции до самата срж, како Бојл.
    Предобар режисер.

    Лук Бесон, заради неговата ексцентричност, налудничавост и францускиот шарм.
    Léon: The Professional, The Fifth Element. Одлични.
     
    На Mayyya, boomsleng, Vikica.cuci и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    241
    Прекрасна тема.

    Ги има повеќе, ги обожавам сите што сте ги спомнале, пред се` Аронофски, човекот е Г Е Н И Ј. Нема нешто од неговата палка што е утка. Стварно не знам каков ум има, ама треба да си или налудничав или да си на тешки дроги за такви чуда (во убава конотација) да направиш. Од Wrestler, па преку Fountain, Requiem, Black Swan...лудница е човеков.
    Тарантино исто, Повеќето му ги имам изгледано освен овој најновиот, Џанго. Инаку феноменални се Reservoir Dogs, Pulp Fiction, Inglorious Bastards, Jackie Brown. Другите не му ги сакам многу многу, како Кил Бил на пример, можеше многу подобро таму.
    Алмодовар, надвор од англиско говорно подрачје е незаменлив. Шпанциве се луди мајке ми, експлицитни до болка. Плус, коа ќе видам филм на Алмодовар со Пенелопе Круз и Харвием Бардем крај ми се дешева :D
    Почнав со Time me up, Tie me down, сум се пресмеала на филмов, мастерпис, па продолжив со All about my mother, Women of the verge of nervous breakdown и завршив со High Heels. Се` уште не ми се завршени сите од него, ама посебен е човеков, има некоја извртена смисла за хумор, добри резови на камера прави, лудница.
    Вуди Ален исто, тој е цар на зборовите, монолози, дијалози, ма се`. Нема негов филм што нема феноменални цитати. Налудничав, искрен до болка, психолог, психијатар, терапевт, се` во едно. Од него научив што значи да се биде жена.
    Копола, тука ги ставам и таткото и ќерката, и Френсис Фред Копола и Софија. Кум е ремек дело, сите 3 дела, што е голема реткост во филмскиот свет. Исто посебен впечаток ми остави и American Graffiti и Apocalypse Now. Од ќерка му го имам гледано само The Virgins Suicides и филмов е болен, у позитивна смисла, единствена улога на оваа мутавата од Спајдермен шо ми се допаѓа. Исто, не знам дали знаете, ама коа Софија била мала, се појавува како бебето во последниот дел на Кум. :)
    Следно, Скорсезе. Добар е, ама не го ставам во ист ранг со претходните именувани, не знам и самата зошто, најверојатно лична предрасуда. Ми се допаѓа онака вистински само Casino со Шерон Стоун, е тоа е право ремек дело, му симнувам капа.
    Хичкок вреди да се спомне дека бил пионер, тој почнал се`. Толку ќе кажам за него.
    И крајот го краси делото нели.
    Моите богови во светот на филмот - Stanley Kubrick и David Lynch.
    Значи со овие двајца влегов во светот на филмот и ним им се поклонувам до ден денешен.
    Почнав со Линч, го запознав преку серијата Twin Peaks и толку, заразена бев. Сите денешни серии може вода да и` носат на оваа, оваа е почетокот и крајот на сериите за мене. Каква монструозност, чувство за музика, за градење на исчекување, мрачност, лицудност...не знам што повеќе да кажам за него и за серијава, сменив 10 компјутери во животов, серијава е единственото нешто што ги преживеало сите форматирања и селидби :D И многу нормално, симнав се` од него што ми фати око. И верувајте, не зажалив. Ремек дела што ги препорачувам безусловно се The Elephant Man, Blue Velvet (маст си, не можев да се присоберам со недели после филмов), Wild at Heart, Mulholland Drive (исто маст си).

    И конечно - кралот, Кјубрик.
    Со него се` почнува и се` завршува. Од кај да почнам. Пораснав со него. Апсолутно нема утка. Никогаш нема да се роди суштество толку прекрасно болно како него. Тој знае болката да ја направи привлечна, лична, поднослива...Мора да ги гледате - 2001: A Space Odyssey - нема што да се каже, кој гледал знае.
    A Clockwork Orange - Филмов е ремек невиден. Го имам изгледано милион пати, секогаш пронаоѓам нешто ново. Толку е пред времето, реален, болен, искрен, музиката погодена до најситен детал, совршенство. За мене ова е најдобриот безвременски филм. Треба да биде лектира у средно, најозбилно ова. Или ај на факс, малку позрели кога сме :) Исто толку добар и занемувачки, The Shining. Филмов е хорор без ни капка крв. Најдобра улога на Џек Николсон бај фар, не се опишува. Болест. Мислам дека се мрднав дур го гледав. Лудило. Што и да кажам е излишно. Мора да се види. Сцената на детенцето со точакот низ шарениот коцкаст под е легендарна, трип до даска, халуцинација, никогаш ми нема излезено од глава, мислам дека од тогаш имам фобија од планински домови :D Задолжително гледање, искрена прењпорака, гарантирам дека нема да се разочарате. И уште едно ремек дело од него, Full Metal Jacket. Филмов убива, буквално и метафорички. Има неколку легендарни сцени, малку повеќе легендарни реплики, режирањето е илузија, предобар. Секоја година си го прегледувам. Има и прекрасна музика. Како и со сите филмови на Кјубрик впрочем. Он е мојот гениј, знам дека затупев со него ептен, ама човеков ми е идол :D Може да го вметнам и Eyes Wide Shut, последен му е, далеку е од другите негови, добра е идејата, има потенцијална прекрасна приказна, ама според мене малку утната реализација и глумци, двајцава (Том и Никол) уопште не доловуваат тоа што треба, единствено им вредат муабетите покрај кревет со виното и разглабањето на нивната врска. Другото можело многу подобро. Ама нејсе, после толку ремек дела, опростено му е. Барем имал генијална идеја. ;)

    Толку од мене. Сигурно испуштив некој, кога ќе ми текне ќе се допишам. Веројатно забележавте дека сум филм фрик. Ама што да правам, во такво друштво пораснав :D

    Аууу и заборавив, се соглaсувам со Трендафилка за Дени Бојл, за Trainspotting и за The Beach. и се допаднаа многу. Исто, морам да го спомнам и David Fincher, он ептен испадна мајстор во The Game - се шекнав и јас заедно со Мајкл Даглас, секоја чест за типот, не извози до крај, добро не испровоцира, наседнав и јас :D Прекрасно филмче, најдобра улога на Мајкл Даглас според мене. Финчер исто се надмина себеси и со Fight Club, секоја чест, право ремек дело, да бидам искрена ова го очекував од Финч а не од Финчер, ама нема веза. Битно го имаме филмот, извонреден е и можеме да уживаме.

    И толку од мене, ај доста ве давев, сигурно сум испуштила неколку, наредна прилика ќе се надополнам.

    Љубим вас :*

    П.С. Го заборавив Полански, најверојатно дека се` уште го прегледувам, ремек дело за паметење од она што имам изгледано му е Rosemary's Baby. Филмов го гледав као мала, ама се` уште го памтам секој еден детал. Mia Farrow e незаменлива, прекрасна до срж, како ја изведе улогава секоја и` чест. Мрачен, предобар, језив (не знам наш збор за ова чувство), едноставно врв. Ајт чао сеа до нареден пат...
     
    На warrior, irrelevant, mamma-mia и 9 други им се допаѓа ова.
  7. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Покрај овие што сте ги спомнале јас овде би ги додала Christopher Nolan (The Prestige, Memento, Inception, Batman) и секако Joe Wright.
    Имам изгледано речиси сè од него и ништо друго ми се нема толку допаднато.
     
    На warrior, elimkd, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  8. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    654
    Честитки за отворањето на темата, ваква тема недостасуваше.
    Најпрво потребно е да одадеме почит на првенците, пионерите кои дадоа придонес во развојот на современата режија и кинематографија, тие преставуваа база за издигнување и раст на нови имиња кои денес егзистираат на режисерската сцена а кои се продолжена рака или следбеници на нивните "учители" од кои ги научиле тајните на мајсорскиот занает наречен режија.
    Елија Казан еден од најдобрите режисери во Холивуд кој создаде дела - филмски класици кои и ден денес со задоволство се гледаат, меѓу позначајните негови филмови се Џентлменски Договор, Транвајот Наречен Желба, On the Waterfront, East of Eden.
    Били Вајдлер исклучителен режисер, даде огромен придонес во развојот на филмската индустрија, добитник е на 6 оскари, позначајни негови филмски дела се мега популарниот филмски класик Some Like It Hot, The Apartment, Sabrina.
    Џон Форд врвен режисер, добитник на 4 оскари, со својата работа остави длабок траг во развојот на филмската индустрија, позначајни негови филмски остварувања се The Quiet Man, How Green Was My Valley, The Grapes of Wrath, The Informer.
    Серџо Леоне даде огромен придонес во развојот на кинематографијата посебно во вестерн жанрот.
    Федерико Фелини мајстор, виртуоз на својот занает, исклучителен талент кој создаде дела кои сите генерации уживаат во нивното "конзумирање" најпознати негови филмски дела се, La dolce vita, La strada и многу други
    Покрај овие вредни за почит да се споменат се и следниве режисери кои имаат дадено огромен, исклучителен придонес во развојот на филмската индустрија Фред Цинеман, Џон Хјустон, Ингмар Бергман, Чарли Чаплин, Орсон Велс, Алферд Хичког, Сидни Полак, Роберт Алтман и многу други, овие се едни од оние кои дадоа исклучителен придонес, оставија посебен траг во филмската индустрија во времето на нивното работно егзистирање. Беа посебно активни и популарни во периодот од 30 те па се до 70 те години на 20 от век.
    Во втората група би ги сместил режисерите кои станаа популарни, стекна слава од крајот на 70 те години па се до денес
    Роман Полански доста квалитетен режисер, но и доста контроверзна личност, во приватниот живот, после аферата за сексуално злоставување на малолетнички во САД кое мошне негативно одекна во јавноста и му се одрази на неговата репутација и професионална кариера, нешто што како лошо сениште го следи се до ден денешен, негови позначајни филмски остварувања се Бебето на Розмари исклучителен филм кој влезе во аналите на кинематографијата, ремек делото Пијанист, Chinatown, Bitter Moon, Оливер Твист, The Ghost Writer, Carnagе.
    Френсис Форд Копола еден од најдобрите режисери на сите времиња, стана препознатлив по серијалот филмови со Кум - безвременски филмски класици.
    Вуди Ален човекот е посебно надарен и создава дела кои остануваат трајно врежани во меморијата на вистинските љубители на филмската уметност, има свој препознатлив стил, нитка која се провлекува скоро во секој негов филм, најомилени му се романтичните комедии кои изобилуваат со дијалози и досадни монолози во кои неретко учествува и самиот тој, едни од неговите најдобри дела се Ени Хал, Менхетен, Хана и нејзините сестри, Sweet and Lowdown, Вики Кристина Барселона, Полноќ во Париз и др.
    Бернардо Бертолучи исклучителен режисер, предизвика доста контаверзи со филмот Последното танго во Париз кој и беше забранет за прикажување во тој период, и филмот Сонувачи кој е исто така на некој начин контаверзен, но направи и неколку квалитени филмски остарувања и тоа Последниот император, Stealing Beauty.
    Сренли Кјубрик фантастичен режисер, немам ништо друго да додадам, за него зборуваат неговите дела Пеколен Портокал, Сјаење, Спартак, Одисеја 2001, Full Metal Jacket, Очи широко затворени.
    Џејмс Камерон одличен режисер кој стана препознатлив со серијалот филмови Терминатор, Aliens, Титаник, Аватар.
    Покрај овие, вредни достојни за почит режисери кои вредат да се споменат се Сем Мендез кој го создаде феноменалниот филм Американска убавина, потоа одличниот Небесенпад според мене еден од најдобрите филмови за Џемс Бонд, потоа исто така добар филм му беше Револуционерен Пат, и Road to Perdition.
    Питер Џексон исклучителен режисер на кој посебно му лежи жанрот научна фантастика каде е врвен, ненадминлив, посебно познат по серијалот филмови Господарот на прстените.
    Роберт Родригез вреди да се спомне бидејќи се работи за исклучителен талент препознатлив по филмот Градот на гревот.
    Ларс Фон Трир препознатлив во својот стил, неговите филмови се малку специфични, тешки, сурови, не се за секој, но се сепак доста квалитетни, би ги издвоил следните негови остварувања Догвил, Антихрист, Меланхолија.
    Родени за акција и квалитетен трилер исполнет со возбуда, тензија се браќата Ридли и Тони Скот , секој чест и почит за двајцата, за сите филмови кои ги создадоа и им приуштија вистинско уживање на љубителите на акција и трилер.
    Да напишам нешто и за режисерите кои се од неанглиско говорно подрачје но кои се исклучитени во својата работа тука би ги вброил феноменалниот Педро Алмодовар, Џузепе Торнаторе, Флоријан Хенкел, Михаел Ханеке, Енг Ли - еден од најдобрите режисери кој годинава сосема заслужено го доби својот втор оскар за филмот Животот на Пи, Вон Карваи и многу други.
    Во продолжение ќе ги наведам моите најомилени и според мене најдобри режисери
    Стивен Спилберг вистински генијалец, скоро секој негов филм е ремек дело, ретко се раѓа човек како него, од неговиот филмски опус би ги издвоил следниве филмови Империја на Сонцето, Шиндлеровата Листа, Спасувањето на војникот Рајан, Ити, The Color Purple, Фатиме ако можеш, Минхен, Воен коњ, Линколн.
    Мартин Скорсезе врвен, феноменален, неповторлив, еден од најдобрите режисери воопшто, зад себе има оставено ремек дела како Таксист, Разјарениот Бик, Goodfellas, Бандите на Њу Јорк, The Departed, Hugo, Shutter Island и многу други врвни дела.
    Тарантино цар во филмската индустрија, препознатлив по својот стил и работа, создаде врвни ремек дела како Pulp Fiction, Inglourious Basterds, Django Unchained.
    Клинт Иствуд предобар режисер, многу ја ценам неговата работа и ми се допаѓаат неговите филмови, многу подобар е како режисер отколку како актер, негови позначајни филмски остварувања се Unforgiven, Мистична река, Мостовите на Медисон, Девојка од милион долари, Писмата од Иво Џима, Замена, Гранд Торино, Ј Едгар.
    Дејвид Финчер маестро на својот занает, еден од моите најомилени режисери, вистински виртуоз, направи вистински ремек дела, скоро секој филм е ремек дело почнуваќи од Боречки клуб, Седум, Чудниот случај на Бенџамин Батон, Социална Мрежа, Зодијак.
    Дарен Аронофски истото важи како и за Финчер скоро секој негов филм е ремек дело, почнуваќи од култниот Реквием за еден сон, Борачот, па се до Црниот Лебед.
    Итан и Џоел Коен исклучителен тандем, едни од најдобрите режисери и дел од мојата листа на најомилени режисери.
    Пол Томас Андерсон искучително ја ценам работата и филмските остварувања на овој феноменален, генијален режисер кој преставува нешто што ретко се наоѓа и раѓа во поглед на квалитет и талент. Голем поклоник и љубител сум на неговите филмски дела кои се посебни, исклучитени, со еден збор ремек дела - Boogie Nights, Magnolia, There Will Be Blood, и последниот негов филм кој беше доста потценет но според мене се работи за врвно кинематографско дело еден од најдобрите филмови за 2012 година а тоа е филмот The Master.
    Кристофер Нолан дефинитивно маестро, немам што да додадам, повеќе за него зборуваат неговите дела Мементо, Инсомниа, серијалот филмови за Бетмен, Престиж, Зачеток.
    Роберт Земекис создаде еден од најдобрите филмови на сите времиња Forrest Gump, но и други маестрални филмски остварувања како Back to the Future, The Polar Express, и годинешниот филм Flight.
    Џонатан Деми креатор на култниот Кога јагнината ќе стивнат, Филаделфија, Манџурински кандидат, Рејчел се Мажи.
    Питер Вир одличен режисер направи дела како Сведок, Gallipoli, The Truman Show, Dead Poets Society, The Way Back.
    Би го споменал тука и Бен Афлек кој сеуште не ми е на листата на најдобри режисери но е на добар пат да влезе доколку продолжи да создава врвни филмски дела, од година во година од филм во филм се повеќе ми се допаѓа неговата режија, за разлика од неговата глума која е просечна.
     
    На irrelevant, Mayyya, Trnche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Темава :clap: :clap:
    Јас како гооолем љубител на филмови имам повеќе омилени режисери.

    Јас би почнала со Клинт Иствуд. Значи човеков дефинитивно го бидува за правење филмови. Негови омилени филмови ми се Changeling - филм направен според вистинска приказна. Какви емоции има во филмов :clap: . Тука би ги додала и Mystic River и Million Dollar Baby.

    Дарен Ароносфски исто така многу го ценам. Повеќето негови филмови се чудни и ме оставиле замислена и збунета. Неговиот врв според мене се Black Swan и Requiem for a Dream. Друг негов филм кој ми има оставено голем впечаток е и The Fountain.

    Kристофер Нолан :rock:
    На човеков му симнувам капа. Од Memento па се до The Dark Knight Rieses ги имам изгледано сите негови филмови и ни еден не ме разочарал. Предобри филмови прави човеков, генијален е. Еден од најомилените ми е и многу сакам да гледам негови филмови.

    Стивен Спилберг
    Уште кога ќе му се спомне името, кажано е се. Повеќето негови филмови ми се врв. Дефинитивно ми е на врвот, а после него е Нолан. Какви филмови прави :x Најомилени, а воедно и незаборавни негови филмови ми се: Saving Private Ryan, Schindler's List, Catch Me If You Can и War Horse.

    Други кои би ги спомнала се Скросезе од кои омилени ми се Shutter Island и Gagng of New York, Вуди Ален, Annie Hall и Manhattan и за крај го оставам Тарантино и неговите филмови, кои иако се крвави мене ми се допаѓаат. Од неговите филмови врв ми е Inglourious Basterds, а уште би ги извдвоила и Kill Bill двата дела и Django Unchainged.
     
    На warrior, irrelevant и boomsleng им се допаѓа ова.
  10. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Квентин Тарантино.

    Уникатен е човекот, нема што. Сепак според мене Django Unchained, Inglourious Basterds и Reservoir Dogs се најдоброто од него. Pulp Fiction i Kill Bill се добри, но не ми се на прво место, како на повеќето.

    Не можам да се сетам на други од кои гледам стриктно филмови или да издвојам како едни од поомилените, од се по нешто :) . Може и Арнофски да го ставам овде.
     
  11. Sandokan123

    Sandokan123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    7
    Tarantino,Nolan,Scorsese,Spielberg...
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Број еден ми е Спилберг. Зошто? Зошто ни ги направи E.Т , Jurassic Park, Indiana Jones, Casper, Back to the future...
    Магични филмови, толку многу фантастика, па сега ја гледав листата на филмови на Спилберг и можам да кажам дека скоро сите ги имам гледано.
    Не, нема лош филм од него, човекот е гениј и засекогаш ќе ми остане број еден.

    Од другиве ми се допаѓа Мартин Скорсезе и Џејмс Камерон.
    Знаете што е најдобро. Кога ви се гледа некој филм, а незнаете кој отворете само од омилениот режисер и настојувајте да ги изгледате сите од него.
    Јасе сега сум во фаза на гледање на сите филмови на Скорсесе. :D Уште неколку ми фалат. 8-|
     
    На elimkd и boomsleng им се допаѓа ова.
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.925
    Допаѓања:
    48.081
    Пол:
    Женски
    Омилен режисер Мартин Скорсезе добитна комбинација со Лео ДиКаприо- the departed, shutter island... денес дознав дека исто така бил режисер на спотот за песната Bad од Мајкл Џексон:bow:
    Потоа, Франсис Форд Копола и неговото маестрално дело Кум
     
    На boomsleng, sjdgo, Novecento и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.098
    Допаѓања:
    163.514
    Пол:
    Женски
    Вуди Ален :bow: Некако посебен креативен и сонувачки vibe му имаат филмовите, плус зачинети со смисла за хумор, исто така уникатна. Јас баш преку поновите филмови го запознав и ми се допаѓаат – Midnight in Paris, Cafe Society, Vicky Christina Barcelona...
     
    На boomsleng и irrelevant им се допаѓа ова.
  15. Novecento

    Novecento Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    2.433
    Пол:
    Машки
    Robert Zemekis ги режираше BTTF :D Можда со мала помош од гореспоменатиот, кој реално добар е, но премногу присутен секаде.
    Скорсезе е еден од омилените, Јер Goodfellas кој дефинитивно го сместувам над Кум.
    Од друга страна го имаме Ридли Скот кој е мајстор за историско-воените, или пак Кристофер Нолан за психолошките трилери, заедно со Финчер.
    Субјективно би рекол дека не постои лош филм на Торнаторе.
    И како цреша на шлагот, Кјубрик и Џим Џармуш.
     
    На sjdgo и elimkd им се допаѓа ова.
  16. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.324
    Допаѓања:
    18.211
    Пол:
    Женски
    Се согласувам за скоро сите кои сте ги споменале погоре, не би да се повторувам.

    Од мене едно непопуларно мислење: за мене Woody Allen отсекогаш бил преценет. Така некако антипатичен ми е човекот, без некоја очигледна причина зошто. И ниту еден негов филм не ми доаѓа одма на ум, за да кажам дека ми се допаднал нешто посебно. Ама тоа е, работа на личен вкус.

    А режисер кој никој досега не го споменал, претпоставувам зошто не е mainstream, и дефинитивно е крајно ексцентричен, и чукнат, и нешто што не се среќава секој ден, но за мене дефинитивно омилен - Tim Burton. Сите филмови му се сличен калибар, и се несекојдневни, метафорични, чудни. Досега нема негов филм кој не ми се има допаднато. А Tim, во комбинација со Johnny Depp и Helena Bonham Carter - сон.
     
    На irrelevant, elimkd и Indiegurl им се допаѓа ова.
  17. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.304
    Пол:
    Женски
    Тотално се согласувам, Тим ми најомилен и никој не може да го стигне него, различен е и има фантазија што другите мислат дека е "луда", тотално го обожавам:l:
     
    На MagsDestiny и elimkd им се допаѓа ова.
  18. MarcoSRB

    MarcoSRB Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Clint Eastwood
    Steven Spielberg
    Tim Burton
    Robert Zemeckis
    Roland Emmerich
    George Lucas
    Chris Columbus
    Ron Howard
    Sam Raimi
    Gore Verbinski
    Christopher Nolan
    James Cameron
    Wolfgang Petersen
    Stanley Kubrick
    Elia Kazan
    Michael Mann
    Sam Peckinpah
    Samuel Fuller
    Roman Polanski
    Alfred Hitchcock
    Martin Scorsese
    David Lean
    David Fincher
    Oliver Stone
    Marc Forster
    Ridley Scott
    Robert Aldrich
    Mel Gibson
    Gregory Hoblit
    Bryan Singer
    Michael Bay
    Louis Malle
    Peter Weir
    Klaus Härö
    Oriol Paulo
    Brian De Palma
    Sam Mendes
    Sidney Lumet
    Jean-Pierre Melville
    Jacques Becker
    Jules Dassin
    Paul Verhoeven
    Frank Darabont
    Spike Lee
    Billy Wilder
    Frank Capra
    Fritz Lang
    Alan Parker
    Kathryn Bigelow
    Robert Rodriguez
    Irwin Winkler
    John Carpenter
    Matt Reeves
    John Hughes
    Barry Levinson
    Franklin J. Schaffner
    John Sturges
    Rob Reiner
    Don Siegel
    George Seaton
    Bille August
    Morten Tyldum
    James Wan
    Tony Scott
    Alex Proyas
    John Ford
    Jean-Jacques Annaud
    Jim Sheridan
    Antoine Fuqua
    John Huston
    Richard Donner
    Wes Craven
    Robert Bresson
    George Cukor
    William Wyler
    Howard Hawks
    Michael Curtiz
    Mervyn LeRoy
    John Guillermin
    Arthur Hiller
    Sam Wood
    Raoul Walsh
    Joseph L. Mankiewicz
    George Stevens
    Giuseppe Tornatore
    Fred Zinnemann
    Robert Wise
    Stanley Kramer
    Victor Fleming
    Henri-Georges Clouzot
    Otto Preminger
    James Whale
    Richard Brooks
    Andrzej Wajda
    John Frankenheimer
    Carol Reed
    Peter Bogdanovich
    George Roy Hill
    Costa-Gavras
    John Woo
    Nicholas Ray
    Arthur Penn
    John McTiernan
    Henry King
    Blake Edwards
    Ronald Neame
    William Friedkin
    Edward Zwick
    Stephen Hopkins
    Gavin O'Connor
    James Mangold
    Kenneth Branagh
    Simon Curtis
    Peter Landesman
    Niki Caro
    Christian Duguay
    Jon Turteltaub
    Francis Lawrence
    Jaume Collet-Serra
    Oliver Hirschbiegel
    Jack Arnold
    Roger Corman
    Terence Fisher
    Joseph Ruben
    William Castle
    Peter Hyams
    Steve Miner
    Renny Harlin
    Roger Donaldson
    Andrew Davis
    Edward Dmytryk
    Richard Fleischer
    Norman Jewison
    Jonathan Mostow
    F. Gary Gray
    Philip Kaufman
    Curtis Hanson
    Joel Schumacher
    Mikael Håfström
    Jonathan Lynn
    Bruce Beresford
    Brad Anderson
    Henry Hathaway
    Guy Hamilton
    Robert Siodmak
    Anthony Minghella
    Robert Mulligan
    Moustapha Akkad
    David Mamet
    Lewis Milestone
    Basil Dearden
    Mark Robson
    Agnieszka Holland
    Penny Marshall
    Robert Redford
    Gillian Armstrong
    Nora Ephron
    Mike Nichols
    Nancy Meyers
    Joe Johnston
    Rowdy Herrington
    Martin Brest
    Phillip Noyce
    Stuart Rosenberg
    Lewis Gilbert
    Hugh Wilson
    Delmer Daves
    Guy Green
    Robert Benton
    Fred Schepisi
    Richard Attenborough
    Baz Luhrmann
    John G. Avildsen
    James Foley
    Jay Russell
    Danny DeVito
    John Badham
    Roger Spottiswoode
    Stefan Ruzowitzky
    Dennis Gansel
    Jan de Bont
    John Dahl
    Jeff Nichols
    Jerry Zucker
    Lawrence Kasdan
    Lee Tamahori
    David Miller
    Kevin Reynolds
    Alan J. Pakula
    Douglas Sirk
    Martin Ritt
    Anthony Mann
    Walter Hill
    Michael Caton-Jones
    Joseph Kosinski
    John Cromwell
    Ben Affleck
    Todd Phillips
    Tom Shadyac
    Joseph Sargent
    Guillermo del Toro
    Gillo Pontecorvo
    Alfonso Cuarón
    Stephen Daldry
    John Lee Hancock
    Joel Coen
    Harold Becker
    Barry Sonnenfeld
    Gabriele Muccino
    Doug Liman
    Adrian Lyne
    Mimi Leder
    Michael Powell
    Andrew Niccol
    Martin Campbell
    Michael Apted
    Sergio Leone
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Alfred Hitchcock сите филмови му ги обожавам, не трепкам додека гледам, од прва до последна минута квалитетен трилер и мистерија, одлично скоцкано и спаковано, штета што нема ни одблиску некој ваков филм ко на господинот Хичкок.

    Stanley Kubrick икона во филмскиот свет, најдобрата кинематографија и најпрецизни кадри, најоргинални приказни и сите филмови култни и препознатливи.

    Billy Wilder нај фил гуд режисер, сите филмови му се забавни, свежи и позитивни, ако имаш лош ден само пушти си негов филм, терапија е.

    Roman Polanski мистериозно, мрачно и сиво, несекојдневно, сакам јас ваков тип на филмови и Полански го сакам.

    Ingmar Bergman не е за цела публика, посебен е, неговите филмови се бавни, долги и често карактеризирани како досадни, мене ми се посебни неговите филмови и тој ми е во омилените режисери.

    David Lynch најпрепознатлив лик со најпрепознатливи филмови, нејасни и исплеткани, нема смисла ништо, ама е убаво и различно.

    Fritz Lang омилен за моите ноари, топ детективски филмчиња со фатални лепотици, му нема рамен во оваа категорија.

    Wes Anderson ако имаш ОCD Андерсон е совршен, перфектни детали, совршена симетрија, впечатливи бои и совршен филм.

    Buster Keaton
    :l:
    И многу други не ми текнуваат моментално.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.417
    Michelangelo Antonioni. Италијански режисер кој активно работел од 1950 до 2000. Воглавно љубовни драми, со по некој крими момент. Највеќе ми се допаѓа што филмовите се прикажани од една гледна точка, што прави самиот гледач да се чувствува како да стои зад главниот лик, или друга личност што е сведок само на одреден дел од настаните.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.