У чест на Алан Рикман, морам да го спомнам Ханс Грубер - еден од моите омилени негативци. Деца, гледајте го Die Hard.
Joker,The Dark Knight. Мислам нема кој не го гледал филмот а да не му оставил голем впечаток и тоа делумно затоа што Хит Леџер беше феноменален во улогата на Џокер. Мене ми беше од оние ликови кои се толку убедливи, и те тера да ја согледаш приказната и од нивна перспектива, да се соживееш со ликот. Да, психотичен, налудничав ама еден од најдобрите филмски негативци. The Punisher, Daredevil. Втора сезона од серијава ми е во топ 3 што сум ги изгледала и тоа најмногу заради Френк Касл како Панишер. Дури можам да кажам дека скроз ја украде сезоната со неговата приказна. Дури си викаш дека типот не е негативец затоа што убива само луѓе кои прават злодела, му ги гледаш постапките и се соживуваш со неговата историја, со неговата болка и воопшто не го сметаш како негативец. Според мене тоа е вистински негативец, да те стави на онаа граница каде самиот си се прашуваш што е добро,а што е лошо. Џон Бертнал, одличен и дефинитивно привлече многу публика за самостојна серија што дефинитивно ќе ја гледам.
Кој не, ако не Џокерот. Омилен ми е од секогаш, уште поомилен ми стана кога ликот прекрасно го долови Џаред Лето. Доминантен тип кој полека го освојува срцето на неговиот психијатар Харлин Куензил, ја заведува со слатки зборови, таа мисли дека може да го излечи, но се заљубува во него. Ми се допадна како Џаред го претставува Џокерот : бестрашен, решителен, по секоја цена мора да ја врати саканата, паметен, секогаш со резервен план. Си се заљубив во Mr J, he is my puddin <3
Darth Vader - Star Wars Loki - Thor Narcissa, Drako, Lucius Malfoy - Harry Potter Gretchen, Kellerman, Alex Mahone - Prison Break Gollum - Lord of the Rings
Judge Doom (Who framed Roger Rabbit) Nina's doppelganger (Black swan) Ana Vernia (Murder in a blue world) Count Dracula (Dracula, 1931) Frankenstein's monster (Frankenstein, 1931) Eric (The phantom of the opera, 1925) The Horned King (Disney's The black cauldron)
Омилени Дизни негативци: 1. Судијата Клод Фроло, voiced by Tony Jay Фроло уште од старт на филмот почна со лошотилак, не сакам многу спојлери да давам за филмов зошто има некои кои сепак го немаат гледано овој потценет филм. Чувствата кои ги потиснувал цел живот ќе го снајдат, желбите, страстите со кои се немал никогаш соочено. Ми се допаѓа што не се води од алчност или желба за моќ (веќе ја имаше целата моќ) како многу од Дизниевите негативци (не дека не ги сакам таквите) како Џафар на пример, или Скар... До крајот на филмот сосема е избезумен и луд, и многу крипи исто. Друго, го сакам неговиот анимациски дизајн, слаби тенки прсти како на свештеник (зошто во книгата Е свештеник, па дизајнот овде иако според верзијата на филмот од 1939 година каде што е судија, сепак останува на свештено лице), вдлабнати образи, проминентен нос, висока измачена фигура, а исто облеката му ја сакам, quite the fashion style, посебно шапката. Тој е можеби најреалниот Дизниев негативец (и има прекрасен глас). 2. Хејдс, voiced by James Woods Најкул, што би рекла. 3. Џафар, игран од Џонатан Фримен. И на Џафар дизајнот и гласот ми се свиѓаат. Тие од мене. Кои се вашите? I Maleficent, ja zaboraviv
The Horned King (Disney's The Black Cauldron, 1985) се смета за еден од најзлобните, најстрашните, најмистериозните и најсериозните негативци. Иако самиот филм не бил толку успешен, сите велат дека Рогестиот крал е дефинитивно еден од најдобрите ликови. John Hurt кој му го позајмува гласот е еден од најстрашните гласови кои сум ги слушнала и ден денес се сеќавам како се плашев од него кога и да го гледав филмот бидејќи додека сум била помала така замислував дека би звучел самиот ѓавол. Освен тоа, сцената кога е поразен е предобра !
Jim Carrey како Edward Nygma/The Riddler во Batman Forever (тоа биле денови) Maleficent од цртаниот (1959), Џоли не ја сметам како негативец, ама многу придонесе ликот да стане популарен.
Ги има мноооогу, но би ги издвоила: - Anthony Hopkins како Ханибал Лектор во 'Silence of the Lambs' франшизата, - Heath Ledger како Џокер во 'The Dark Knight', - Kevin Spacey како Џон Доу во 'Seven' - Sharon Stone како Кетрин во 'Basic instinct' Маестрални се во својата улога!