Учам само програмирање и англиски си ги обожавам. Останатото несакам ни да чепкам колку и да читам не ми влева во главата, а посебно математика Кој е вашиот омилен предмет?
Современ англиски. Леле просто ја обожавам професорката. А и во споредба со другите предмети, овој е петка! Исто како во средно, дури и поубаво.
Македонски јазик и хемија во средно. Српски јазик и антропологија на факултет. (Професорот го прави предметот интересен и омилен, во секој случај).
Македонски! Го обожавам, најинтересен ми е, и најлесен. Иако не е. Математика. Исто како македонскиот јазик, ми е омилен, иако понекогаш знае да биде тежок, и да размислувам со часови што како. А и професорката по математика си ја сакав така ептен, па затоа. И Биологија! Љубопитна сум, па.. И програмирање. Зошто? Не знам ни јас. Има некоја хемија. Гледам така, со подзината уста и се воодушевувам. Тие предмети секогаш ми биле омилени.
Во средно македонски и англиски. А сега на факултет....па лани омилен ми беше фонетика,оваа година современ англиски(од истата професорка што ми предаваше фонетика).
Историјааааааа ;D едноставно го обожавам предметот особено темите за Прва и Втора св.војна , а и англиски си сакам
Математика! ~ Предмет кој е различен од другите и кој те поттикнува да размислуваш не само да учиш напамет. Хемија,Физика и Биологија -Многу лесно сфаќам и ми се интересни.Всушност сите природни науки ми одат од рака А инаку јазиците ги обожавам и ги сметам за релаксација,не за школски предмети,бидејќи сум далеку понапред од она што го учиме на школо
мацуш се што наброи имам сега на факултет ... а да дојдеш некој испит за мене да полагаш јас све тоа мразам... Инаку обожавам јазици ... и интересни ми се предмети како психологија социологија и слично ... а некој поомилен сега за сега немам
омилен според мене зависи до професорот, ако тој не знае да објасни, се разбира дека нема да го сакаш предметот, ако знае ќе го сакаш, на пример математика во основно обожавав, сега мразам...... сега омилен предмет биологија би рекла