во основно македонски и географија .Сега во средно не го сакам и плус професорката не ја сакам. А сега сакам англиски и историја
Во основно, омилени предмети ми беа Англиски и Географија. Англиски зашто го сакам јазикот многу, а и професорката ми беше погодена, а Географија поради работите кои се учат. Најубава тема ми беше таа за природните убавини на САД во осмо и за вселената во петто. Радости! А сега .. немам Географија. На нејзино место ми еее .. Конституционо, а исто така сакам Македонски јазик и литература, но со новата професорка. Штета, си замина и дојде старата. А знам колку повеќе научив од тие 10-15 часа со неа отколку цело полугодие со минатата. Но тоа е тоа. А имам Англиски но џабе. Ми се одмилува и предметот и јазикот веќе, а не сакам да е така. Старата професорка ми замина во пензија, а баш добро предаваше и знаеше да држи час, па никој да не може ни да зуцне. Но со сегашнава, што било тоа таа да објасни барем некое време кога учиме? Аман веќе, абер да се немало ни од предавање ни од држење час.
Кога сеуште бев во клупите најмогу сакав Географија и Историја Физика, Хемија, Математика,Биологија ги мразев од дното на мојата намачена душичка Ама некако успеав да поминувам секогаш со сите петки
Физичко Иначе математика ми иде, а и наставничката е одлична. Историја и биологија ич не ми идат, а за наставничките да не зборам...
немав баш некој омилен предмет....ама сега можам да кажам дека ми е математика..но не се од областа на математиката...последнава тема што ја учевме, стереометрија..многу ги засакав задачите и со задоволство ги решавав Спојлер можеби требаше да изберам МА