Во средно ми беше македонски омилен предмет.Го обожавам.Секогаш ми оделе и граматиката и пишувањето така да немам проблем На факултет,пааа...до лани ми беа македонски и психологија,но веќе ги немам.Сега во четврта година и немам баш некој омилен ајде рецимо српски језик
btw ви се чудам како може да ги сакате физика и хемија-дали дека мене никогаш не ми оделе Секоја чест девојки
Во средно англиски и македонски, а на факултет Современ англиски јазик, особено кај професорите од Шкотска
Зошто бе. Јас многу сакав хемија и стварно ми одеше. Едно време размислував и за матура да го земам интерен, ама не учев во 4та година, па потешко ќе ми беше. Се‘ е до професорот, односно до наставникот (уште во основно) како ќе ти ги пренесува знаењата за предметот.
Јазиците се мојата пасија! Нема јазик што не сакам да го учам.Сега за сега учам македонски,англиски (планирам да студирам англиска катедра) и француски,а во фаза на изучување сум на латински Мразам математики,физики,хемии и се што е од страна на задачи... Јазиците значи,омилени!
Понекогаш е до професорот да,ама не секогаш.Во прва и втора година средно професорката по македонски ми беше многу добра,знаеше да предава и да го направи часот интересен.Првите 5 минути од часот ни пушташе релаксирачка музика,потоа предаваше,даваше многу интересни примери од кои лесно ке можеме да го сфатиме материјалот,и накрај на часот поставувавме прашања ако имаме потреба од тоа.А во трета и четврта година ни ја сменија професорката,таа голем намќор беше многу беше строга,ладна,како само да чекаше да заврши часот.Некои ученици дури и се плашеа од неа.Имаше знаење таа,не викам дека не,ама неумеше да ни го пренесе нам. Така да и мене учењето потешко ми одеше.Но македонски сепак ми остана омилен предмет
Ги сакам јазиците , нив најмногу ги знам и ги учам . Омилен предмет италијански , прв пат го сретнувам а го знам и ми иде многу .
Сега омилен ми е хемија и физичко. Ни се сменија наставниците и поинтересни ми се сега овие предмети.