Биологија уште од основно, а во средно и хемија На факултет ги сакав сите предмети, затоа што со многу љубов го учев тоа што ме интересираше.
Биологија сакав и во основно и во средно, иако во средно изгубив малку желба за предметот заради професорката. Сакав и географија и историја многу одредени делови, ама го мразев тупењето во нив на пример колку грла овци имало во Нов Зеланд и од историја учење на многу беспотребни бројки. Од предметите од смерот во средно сакав психологија, иако ми беше преедноставна книгата, се' тоа го знаев, филозофија 1 и 2 и етика ми беше ок. До ден денес имам запамтено одредени филозофски правци и се пронаоѓам во нив. На факултет ги сакав невропсихологија, развојна психологија, еден предмет за ментално здравје, сите предмети што ги имав од Специјална едукација и рехабилитација, социјална работа и политика (така се викаше мислам предметот) исто имаше интересни делови. На крај испадна дека сите предмети сум ги сакала.
Во основно најмногу сакав историја и англиски.Најмалку ги сакав природните науки како биологија и хемија, ни ден денес не ги разбирам.
Биологија,англиски јазик, италијански јазик ми беа од најомилените од средно школо. Го имав и тој смер за природни науки, ама не сум многу заинтересирана за да го учам тој факултет на пмф. Само ми е убав предмет.
Многу мразев да присуствувам физички во школо да губам време но имав неколку омилени предмети кои сакав да ги учам: Физика Биологија Географија Психологија Логика Англиски Македонски