Кога почнав осмо најомилен предмет ми стана Биологија, пред тоа ми беше така-така ама сеа многу ми е интересна. Јазици ми идат, англиски посебно ама воопшто не сакам зашто веќе учам 8 години ( на курс. ) и здосадено ми е. Историја ми е 2 омилен, ама коа ќе ми се паднат некои ептен досадни лекции книгата не ја погледнувам
Микробиологијаааааа лелелее колку ја сакам професоркатааааааа Англиски го сакав (и уште) ама се е до професорката...Многу се карам со неа и се мразиме
Англиски, Ликовно и Математика... Англиски можда затоа што многу комуницирам со луѓе од странство на фб и во живо.. Ликовно..едноставно обожавам да цртамм Математика..најлесно ми оди
Кога јас бев ученичка омилен наставен предмет ми беше Македонски јазик! Особено ги сакав часовите кога рецитиравме, драматизиравме или обработувавме некоја интересна лектира! Го сакав и Музичко воспитување, но само до 8 одд бидејќи до тогаш пеевме песнички по ноти или со текст а мене ме бидува за пеење па се осеќав како главна на тие часови Во средно пак музичко ми беше најодвратне предмет, ем не пеевме веќе песнички ем професорот ми беше одвратен!