Не е до предметот, до наставникот е . Ако ти е милина да го слушаш и предметот не ти е кошмари и превртување на црева сам од себе ќе ти се наметне, да научиш нешто. Јазиците добро ми одат, повеќе од добро Ги учам со желба, со разбрирање Но никогаш не сум седнала и да учам се одеднаш, затоа ги сакам. Не ме прават да се чувствувам затворено во некоја книга и да учам, учам... Граѓанско, Историја и Македонски поради паметните дискусии, начинот на учење. Македонски само заради рециталите, песните, поезијата, драмите.. Друго ништо Овој предмет може подобро да се прикаже, но ни го наметнуваат како со сила. Биологија може да се каже, дека повеќе го сакав порано. Сега, едвај чекам да помине.
Јавно мислење Дефинитивно... Го сакате предметот поради професорот или поради тематиката која ја обработува?
Не можам да кажам дека ги сакам јазиците, освен англискиот што прави исклучок. И професорката ми е интересна, креативна, знае да одржи час
сакам математика, физика, математичка анализа, ликовно, англиски и филозофија. И ги сакам ради предметот, професорите сите се добри, и можеби и затоа ги скам предметите, бидејки убаво ми се предадени и се интересни.
Сепак, наставниците имаат голема улога во тоа дали еден ученик ќе го сака предметот или не! Јас обожавам јазици. Сакам англиски (а и наставничката е предобра и објаснува). Најпрво овој јазик го засакав во 4одделение од наставничката која тогаш ми предаваше. И секој ден се’ повеќе го засакувам јазиков. Сакам да се надоградувам во него, но за да го постигнам тоа не одам на курсеви. Паметам дека единствениот курс по некаков јазик на кого некогаш сум одела беше англиски(приватен, кај мајка на другарка ми, а бевме повеќе девојчиња) и тоа во трето одделение (убаво паметам), но тоа беше само за да бидам поспремна во 4одд. кога за првпат почнавме да учиме англиски во училиштето. Значи, не ми е потребен курс за да се надоградувам. Колку повеќе одделенија зимам т.е. растам толку повеќе ќе си го надоградувам јазикот. Еве, англиски знам само тоа што до сега сме учеле во училиште и повеќе работи (претежно вокабулар) кој сум го научила со помош на брат ми, еве преку интернет итн. Француски ми е втор јазик воведен во училиштето (се разбира, после англиски, зашто македонски секако учиме!). Мошне интересен јазик, но и тежок. Треба многу добро да се објасни, а јас сметам дека и наставничката многу убаво објаснува, па можам да го сфатам. Македонски ми е на крајта.. По заслуга на наставничката! Добро, какво е ова, зима диктира лекција (и тоа не секогаш наставничката, им дава на девојчиња од класот кои мноогу знаат според неа (а тие се уствари оние со кои се пријатели, од кои може да излече корист). Ма, не ни ја објасува лекцијата. Јас пишам, ама не знам што! И тоа кога ја видовме книгата од која диктира останавме вакви ! Ни дава книги за диктирање кои се за многу поголеми од нас. А македонски јазик се полага и матура. Во Македонија, секако, тој јазик (мајчиниот) е најважен! Јас не дека немам појма, знам. Учам дома, без објаснување, што ќе сфатам добро, што не - не. Но, не е тоа работата. Ако е така, нема потреба да одиме во школо, ќе си учиме сами дома, од учебникот. А, наставничката не ни оценува реално. Само, ќе прочита името и така си става оценки (тоа го прави на писмените работи, на тестовите баш и не може). А иначе многу сакам македонски јазик, сакам да пишувам состави на некои дадени теми, но истите да имат длабока мисла. Кога ќе се сетам, какви теми за писмени работи му даваше наставничката на брат ми, абе со мерак да си пишуваш! Се разбира, не ја мразам наставничката, но, мислам дека треба да ни обрне повеќе внимание, да не не запоставува, да не не дели нас децата. Епа, тоа е отприлика, сакам јазици. Исто сакам и хемија. Се извинувам, многу се распишав..
Биологија! Во крв ми влезе бе. Лекциите со разбирање ги учам и само еднаш ги прочитам - јасни ми се. Изгледа медицина ќе се запишувам ако вака продолжам.
Аврил.09, осмо си така? Биологија за 8мо е најлесна, ја учам со разбирање и памтам се од почеток на годината
На ПРВО МЕСТО МАТЕМАТИКА најмногу сакам (особено геометрија) Англиски јазиците ги сакам исто и Историја може да се каже, некако интересно е да се учи за народите порано, а најинтересно кога ќе почнеш да споредуваш некогаш и денес