Македонски... Дефинитвно. На почетокот многу сакав и биологија,но ме разочара професорката некако го замразив предметот изгубив желба да учам.
Ист случај да ти кажам до 2ра средно убаво си цепав, ама секоја година различна професорка на сите се навикнав само на оваа сеа не. Многу е терсене не ја можам! Уффф среќа не сум МБ-подрачје
Англиски. Не знам зошто, не е до професорката или до нејзиниот начин на работа, едноставно највеќе ме влече и интересира тој предмет. Со душа чекам да дојде тој час, кој труд го вложувам за да слушнам нешто немате претстава, сите си муабетат и прават што сакаат, јас седната во прва клупа сум се заѕверила како идиот и чекам да постави прашање за и одговорам. Мислам.. Има нешто, има.
Во основно некој да ми кажеше дека македонски ќе ми стане омилен предмет ќе му се изнасмеев, ама ете дојде средно и нз дали е до професорката или не, ама омилен ми е Инаку сакам и биологија и математика
Се согласувам за тоа дека професорот го прави предметот интересен. Затоа омилени ми се туристичка географија(иако само во прва година имавме), културно-историско наследство и агенциско работење.
Англиски и физичко. Имаше и други предмети кои ги сакав,правни,ама со тек на време ми станаа неподносливи,баш заради професорите.
Најомилен ми беше додека учев Ликовно многу си го сакав,бидејки обожавам да цртам, така да и дома си го практикувам
Омилен предмет ми беше „Филозофија„ не од што ја сакам, туку поради тоа што професорот знаеше да направе атмосфера и сите можевме да филозофираме. Исто така и Германски и Англиски, и Македонски си го сакаше оти се имавме први час и се си спиеше на него
Македонски и физичко. Физичко зошто имавме фитнес сала во училиштето, па си вежбавме и слушавме музика, си носевме наши цедеа..А македонски...Па како да не ја сакаш професорката која те мава со креда(на шала) која некој збори, која ни раскажува приказни за животот, секој час го прави посебно интересен и има интересни методи на предавање. Ме мрзеше иначе лектири да читам....
Омилен предмет ми е ликовно за жал имаме само 1 час во неделата и со нетрпение го чекам да дојде и пофторно да се фатам за работа а иначе си цртам и по домче
Омилен немам се чека догодина за тоа, а онака ги сакам: англиски, германски, вовед во право и физика.
Искрено,не дека имав некој конкретен,бидејки учев гимназија која ја одбрав ради друштвото и секако не се каам воопшто(не читајте основци ) ,а далеку од тоа дека ги обожавав математика,физика,хемија и сл, иако бев солидна.Да не забегувам од темата,еве како омилен ке го одвојам,ке го одвојаммм бизнис и вовед во право нека бидат,дури два