дефинитивно АНАТОМИЈА ова предметче си го обожавааам... микробиологја ми беше интересно, малку и физиологија ама омилен- анатомија...
Обожавам англиски, германски, македонски и годинава полека историја се повеќе и повеќе ме привлекува.
Дефинитивно англиски! Колку си го сакам, ми се чини уште пред да научам да пишувам, го знаев тоа најосновното. Дури во петто и шесто одделение немав едно поенче изгубено на тест. Толку ми се чини лесен, што неможам да им се изначудам на оние кои имаат оцена помала од 3. Исто така ме привлекува биологијата, многу лесно ја сфаќам и интересна е.
Незнам..Сега имам нови предмети(економски)..Можеби ке ми биде некој од нив омилен...Но за сега МАКЕДОНСКИ
Оваа година имаме 5-6 нови предмети. Засега најинтересни и најпримамливи за учење ми се Психологијата и Интерно со педијатрија и нега. Психологијата како наука ми е интересна, а и професорката е ептен позитивна личност и на нејзин час неможеш да не бидеш насмеан. Интерното е ептен интересна гранка, барем засега. Исто професорката убаво предава, а вниманието нема каде да го насочиш освен во нејзините зборови.
Омилен предмет ми е Англиски,ама покрај англискиот сакам да учам географија и биологија а за другите кога треба само
Англиски,башка и професорката ми се погоди уште толку го засакав предметот. Исто и историјата ми е интересна.