Прекрасна љубовна комедија снимена во 2008 година.Се започнува кога Џои(главниот лик) му спрема изненадување на својот свршеник по повод неговиот роденден, а тој ја остава пред сите нивни пријатели(незнаејќи за изненадувањето).Од друга страна пак Џек добива отказ од неговиот татко.И двајцата се решаваат да отпатуваат во градот на гревовите Лас Вегас каде што ќе им се случат неочекувани работи(под дејство на алкохол ќе стапат во брак) и ненадејно ќе освојат 3 милиони долари.Барајќи развод судијата че ги осуди на 6 месечен брак(односно ќе треба 6 месеци да живеат заедно како вистински брачен пар).Во меѓувреме тие нецвесно се вљубуваат еден во друг...... Прекрасен филм кој вреди да се погледне.
Сум го гледала повеќе пати и пак ќе го гледам. Преинтересни случки има. Како: Тој ја откорнува вратата на бањата, се тркаат кој прв ќе стигне кај брачен психолог и сл. Ја препорачувам на сите што сакаат добро да се насмеат