Претерано опседната со тоа се да ми е средено. До 18год не бев ваква. Уживав во неред. Сега помини/замини само преместувам во плакар алишта, по боја да се наместени, накитот, шминки, се што имам во станов се да е кај што му е место. Книги, филмови, моите цвеќиња и тие спаѓаат тука.
Co Call Me By Your Name и сѐ поврзано со филмов Дел поради all-time опсесијата со Италија, дел оти многу се дружам со @Lella и ми прејде она со гејовите од неа Инаку подолгорочно со фоткање и едитирање слики, и memes...
зелен чај наутро со сите серии на Фокс Лајф со неколку цигари во утринските часови со меланхолична музика
For Chuck's sake, коментирај нешто во темата за Supernatural, имам неколку реферати за пишување за новава сезона, ама веќе неколку мислења по ред се од мене во темата, никој не ми прави друштво. Онтопик: И јас сум опседната со Supernatural, во случај да не се забележува од првото мое мислење во темава, а и фактот што ја силувам темата за Supernatural на форумов.
Опседната сум со политичките збиднувања во нашава држава, опседната сум до степен на вриење, до лудило, од овие психопати, преваранти, политичари со ѓон образ.. Уффф...
Со пролет, цртање, хороскоп, Париз, правење (филмски) сликчиња, мачорчето(и мачки општо), со гушкање, со него.
Безкорисните мисли во мојава глава за нешто што ми се случи..проклети демони! Никако да се спасам од оваа ситуација веќе 2 месеци
Со либето мое Со кафе, по неколку на ден Путер од кикиритки, уште малку и во манџи ќе почнам да го додавам Во последно време и готвењето ми прави мерак, обожавам да испробувам нови рецепти
Беспрекорната подреденост на предметите во домот и хигиената се нештата што ми предизвикуваат чувство на опседнатост. Тоа значи однапред правење план што треба да "поправам" и да "доправам" за се да биде на свое место. Не поднесувам неред и зборови од типот не знам каде е оставено. Страшно ми боде во очи прашина која е особено видлива на потемни предмети и траги од вода по инвентарот во бањата и кујната. Тоа е таа педантерија што за многумина е несфатлива, а јас би рекла дека хигиената е половина здравје. Поставувањето на континуитет во домашната работа значи повеќе време за себе. Оваа особина ја доживувам како позитивност затоа што среденоста е голема предност потребните работи да бидат чисти и на дофат во секое време.
Здрава и балансирана исхрана. Истражувања поврзани со здравјето, фитнесот и веганскиот начин на живот. Готвење. Lifestyle photography, цел ден-секој ден можам ова! Домашни маски за лице и тело.
Со H.G.Wells. Пред месец дена ја читнав мојата прва книга од него и доволно ми беше. Во последните 2 недели му читнав уште 2 негови. Сега барам да најдам друго дело. Со Jessica Jones. Иако општо пратам и сум опседната со добри 15 серии, повремено се наоѓа некоја што ме тера да праам binge watch. Обично сериите од типот на JJ ги гледам во ден-два, сега поради новата работа ја развлеков во недела дена, али баш ми беше на ум цело време. Со илустрации. Колку повеќе сакам да навлезам во тоа хоби што еден ден се надевам ќе ми стане професија, толку повеќе само смислувам нешто ново за црткање и по цел ден гледам дела на нет.
Читање и истражување од областа на здрава исхрана, убавина, мода, следење на теми кои ме тангираат, средување по дома, настојувам да не насоберат незавршени обврски, се’ да биде средено на време, и во приватниот, и во деловниот живот. За таа цел, секојдневно правам потсетници на мобилниот.