Поарно таква осаменост отколку некои да имаат 100 дечковци а пак осамено да се чуствуваат или 100 друштва и пак да се сами
Да ти кажам и јас така се чувствувам ама сепак ќе си дојде тоа кога најмалку очекуваш, јас имам 16 години и немам никаква озбилна врска, а колку ми е убаво кога гледам дечко и девојка си се сакаат, си се грижат еден за друг, си излегуваат секаде заедно, двајцата да немаат љубомора меѓусебе, да нема изневерување, лажење и искористување, тоа е најглавното што владее кај машките кои не пазат на женските чувства. Се додека имаш фамилија, најверна другарка, доверливо друштво, за дечко немора да бериш гајле, освен ако не ја имаш пронајдено таа вистинската љубов, никој не ја гледа љубовта целосно од корен, незнаат веќе ни самите што сакаат, само да повредат нечие срце без да трепнат. Како и да е, пак ќе ти речам не се замарај, тие што имаат нека имаат. И јас ги имам истите работи, во депресии сум за тоа дека сум прегрда за некој да ме засака, ама со тек на време олабавив. Кога ќе дојде вистинското, ќе дојде, дружењето мене ми е на прво место. А за мувач ако сакаш пак, не ти треба многу, можеш слободно да си одбереш кој што нема женска ќе си го земиш и готова работа. Немора да се грижиш за ништо ако сакаш само за онака. Кај мене се многу чести периодите кога сум осамена и многу е гадно чувство, ама пак си наоѓам некое куче, маче си имам пријателче, понекогаш кога ќе видиш и животните те сакаат повеќе од луѓето. И кога сум осамена само музика слушам и тоа е тоа. Се надевам ќе имаш убава прилика за некој.
Здраво, има 19 год и до сега не сум имала ни дечко ниту пак мивач, не дека никој до сега не ми се има пуштано но како да имам ѕид ставено пред мене и никој не може да го прескочи . Во последно време тоа ме убива, станав мн депресивна, седам затворена во соба, заспивам секоја вечер расплакана а и кога излегувам се враќам уште потажна почнав и да им љубоморам на моите другарки што имаат дечковчи и кога зборуваат ја седим на страна, а и во глобала избегнуваат да ми раскажуваат за нивните врски/дечковци и кога ќе ги прашам зошто кријат од мене тие ми викаат и ти ништо не кажуваш за тебе зошто мие да ти кажуваме а не знаат дека нема за што да зборувам.....
Ќе се појави и некој за тебе не очајувај. И нема ни најмалку да има значење тоа што си немала претходно дечко. Зошто се затвораш во себе, разговарај со другарките, сослушај ги ти, нека те сослушаат и тебе. Не мора да зборуваш за дечковци има и милион други теми за кои можете да разговарате и да ви биде интересно. Биди отворена со нив па и тие ќе се кон тебе. Не очајувај дека немаш дечко сеуште, ќе се појави кога најмалку очекуваш. Шетај, излегувај и дружи се, се си доаѓа само по себе.
И ја сум сама, имам две другарки ама џабе исто ко да сум сама и немам дечко, ми се пуштаа ама сето манијаци.. До кој степен стигнавме, страшно ниту саглам имат ама не ме интересира ниту дечко ниту пријатели сето се од корист ама како и да е све со свое ќе си дојде. Поздрав
Осамена... Да и тоа премногу се чувствувам осамена иако околу мене имам голем круг пријатели. Иако имам момче со кое што се гледаме сеуште не сме во врска. Едноставно така се осеќам осамена. Дали е тоа последица од предходната врска со момчето кое што го премногу сакам и сеуште ми фали а тој има веќе среќна врска. Незнам но премногу осамена се чувствувам иако околу мене се сите. Со ова сакам да кажам дека сама и осамена не е исто. Но се во животот ќе помине. Се
Така е тоа ова е еден рз , скапан и динамичен начин на живеење нема пријаелства нема ништо. Знаеш ј научив да уживам во осаменоста сепак сам на себе сум си се и никој друг нема да ме цени.
И јас се чуствувам осамено како да имам ппразнина во мене ми фали некој никогаш не сум сама опкружена сум со многу луѓе а сепак осамено се чувствувам... но мојот дечко е далеку па можеби и затоа
За мои 20 години се чувствувам многу празно. Знам дека некои ќе кажат одма излегувај девојче, имаш другарки, животот е пред тебе, но, чувството на празнина не може да го потполни нешто. Имам чувство на монотонија, дека се што правам е ради реда, дека секој ме гледа од корист. Се чувствувам безвредно. Не жалам по машко, не ми е тоа поентата. Не зборувам за самоубиство. Зборувам кога животот ќе ти стане една рамна линија. Кога мислиш дека нема ништо позитивно, оптимистичко. Мене ми е тешко што многу пати сум се изгорела, па сега дувам и на вода. Кога верував на некого што го сакав вистински, па ме остави, животот ми стана здодевен. Не гледам никаква иднина за себе. Не можам да воспоставам нормален контакт со машко. Не можам да верувам на никого. Не можам да задржам машкп за врска. Имам изгубено надеж дека еден ден ќе имам своја фамилија, деца и маж. Сето тоа за мене звучи недостижно како во некој скајфај филм. Не знам како да си ја родам таа надеж во мене, бев многу самоуверена и позитивна личност а сега од тоа нема ништо. Кога ќе ме прашаат што ти е не знам што да кажам. Животот ми се здосади? Знам дека има многи болно што се борат за живот, но нас не велам дека сакам мојот живот да заврше. Сакам да си го средам животот, имам пријателки, фамилија се она што е океј за живот. Но, каде е желбата и самодовербата? Имам повеќе бивши во минатото како мала, сега се срамам од тоа, се срамам од себе. Сакам да продолжам но нешто ме кочи. Сакам да сум своја и мојот живот јас да го диктирам. Сакам да застанам на моја нога и да видам како е некој да трча по тебе, а не како јас цел живот по некого...
Istoto i jas go cuvstvuvam i mislam deka kje ostanam sama,a od toa najmnogu se plasam...Nemam doverba vo nikoe masko,postojano sum depresivna,dosadno mi e,monotono i ne znam sto da pravam..
Сите зад себе сме имале неуспешни врски, и сите во еден момент сме 'кренале' раце од се' и сме помислиле дека се' е за џабе и дека нема поента сета драма што се случува... Но не е така... Се' е со причина. Лошите исуства не учат на нови работи, ни ги зацртуваат појасно целите, ни ги дефинираат побистро потребите и желбите. Се' што е 'неуспех', е всушност... лекција. Знам дека звучи ко некоја ефтина фраза од селф-хелп - шунд... ама е вистина. И јас сум била со мисла: Па на што личи ова? Сите се лажговци, сите ќе ме повредат, нема добар маж, нема повеќе љубов, нема повеќе ова, нема она.. Ама има... Ќе се сопнуваш, ќе стануваш, и еден ден, се' ќе ти се исплати... Тогаш, кога најмалку очекуваш... Не се откажувајте само. Учете, памтете, пробувајте, од нов и од ново... За се' во животот е така, не само за наоѓање на 'вистинска љубов'.
Девојче за 20 години многу си преживеала.глупости Патетики Не знаеш што се те чека во животот-тебе ти здосадил животот?!? Многу лесно е да бараш други да те сожалуваат Земи присобери се и не збори вакви глупости За ова не се отвара тема.период е. Сите имаме падови во животот и тешки периоди па не ни е досадно Тоа е и убавината на животот За 20 години мислам дека ништо не си доживеала за вака да размислуваш